ПЕЧАТИ   ДОМА      ПОСТАВЕНИ ПРАШАЊА И ДАДЕНИ ОДГОВОРИ ЗА 2006  ГОДИНА
Јулијана Петровска
rakotvorbi@mt.net.mk
29.11.2006

Почитувани , постои ли можност за промовирање на активности на Здружение на уметници ракотворци Македонски ракотворби - Битола на вашата веб страна , со цел информирање на нашите иселеници и можности за соработка . www.rakotvorbi.org.mk е нашата веб страна но поради финасиски проблеми не сме во можност да ги промовираме нашите бројни активности .Во декември следува голема хуманитарно донаторка изложба на македонски ракотворби . Во очекување на Вашиот одговор, Ве поздравуваме

Почитувани, нашата web страница е секогаш отворена за соработка од секаков вид, се разбира од интерес на иселениците. Од тие причини ги очекуваме Вашите материјали за активностите на Здружението.


zoran
zokimarkoski@yahoo.com
27.11.2006

zdravo se prasuvam i nesznam na kogo veke da se obratam dali nasite ambasadi ili tie sto rapotaat tamu se staveni samo za da sedat e nisto drugo potocno nasata ambasada vo london se obiduvam da dojdam do obnova na nov pasos zatoa sto stariod mi zavarsi a tie me teraat da dojdam vo london na crno preku severna irska inace jas se naogam vo rp.irska dali tie sluzat da ni pomognat nam koi sme kako taka izlezeni od mk ili samo sakaat da ni napravat poveke problemi spored nivnite direkcii jas treba da odam vo london po pasos namesto kako sekoja evropska mabasada da mi pratat formi po mail, i se to toa da se zavarsi po posta i plakaneto po kreditna karta za stramota ve molam ako sakate da me nasocite ili da mi kazete kako na koj naci bi go obnovam mojot pasos blagodaram odnapret

Во врска со вашето прашање , за добивање на нова патна исправа на Р.М, поради истекот на важноста на патната исправа која ја поседувате и проблемите со кои се судрувате во комуникација со нашата амбасада во Лондон , Ве известуваме дека Агенцијата се обрати до МНР , кое е надлежно за вршење на конзуларни работи и побара писмен одговор за  вашето прашање. По добивање на одговор веднаш ке ве известиме.


mimi
mimigrncarova@hotmail.com
20.11.2006

ziveam vo kanada i imam kanadski pasos sakam da se selam vo nekoja od evropskite zemji dali moze so kanadski pasosi da se zivee i raboti tamu i ako znaete kazete mi kade treba da se obratam za informaciii ziveam vo kanada i imam kanadski pasos sakam da se selam vo nekoja od evropskite zemji dali moze so kanadski pasosi da se zivee i raboti tamu i ako znaete kazete mi kade treba da se obratam za informaciii prasanjeto vi go postavuvam vtor pat a nemam nikakov odgovor

 


tony
canadasoccerbody@yahoo.ca
17.11.2006

dali znaete da mi odgovorete dali so canadski pasosi moze da se zivee i raboti vo anglija vi blagodaram odnapred

 


Jana
jana-2608@web.de
14.11.2006

Pocituvani, ziveam vo Germanija i sakam da prodavam nivi t.e. nepodvizen imot. Ima moznost, podobro receno oglasnik vo internet kade sto ke mozam da dadam oglas? Sto bi mi preporacale Vie, kako najlesno bi dosla do prodazba i sto treba da zapazam pri toj prozes. Unapred Vi se zablagodaruvam za Vasiot sovet. Jana

Обратете се на Интернет страницата www.pazar3.com.mk , каде што можете бесплатно да ја огласите продажбата на вашиот недвижен имот.


Krste Naumoski
krstemeckar@yahoo.com.au
06.11.2006

kako mozat da se dobijat 40 o 90 kvalitetni makedonski knigi za 20 dena za da se podarat na ucenicite sto zavrsuvaat gimnazija. mesto Melburn ve molam odgovorete brzo

Во текот на денешниот ден ке се испратат 63 книги на адресата што претходно ни ја даставивте. Се надеваме дека за 20 дена ке пристигнат.


Дарко Спасоски
d.spasovski@mt.net.mk
06.11.2006

Кои се олеснувањата на иселениците да отворат фирма (станува збор за иселеник од Швајцарија)?

Сите потребни информации поврзани со олеснувањата при отпочнување на приватен бизнис во Република Македонија се обработни во Законот за данок на добивка во делот Даночни олеснувања и ослободувања, од член 43 и заклучно со член 53, и во делот Преодни и завршни одредби член 71 заклучно со член 75).

Овој закон можете да го најдете на нашата web страна  рубрика -Економија- Закони од областа на економијата.


Bozidar
visibo@freemail.com.mk
01.11.2006

Kade da se obratam za informacija za detalite okolu apliciranje za iselenicka viza za Finska

Обратете се до Министерството за надворешни работи. Нивната интернет страница е www.mfa.gov.mk


BILJANA
bilanasopova@yahoo.com
25.10.2006

Pocituvani, Jas sum diplomiran profesor po matematika.Sakam da se obratam do Asocijata na roditeli na makedoncite vo SAD,dokolku sakaat da gi ucam nivnite deca.


JOVANCE VELEVSKI
visoi@yahoo.se
23.10.2006

SAKAM DA PRASAM, ZOSTO OPSTINITE KADE SE OBRATIVME NE SE ZAINTERESIRANI ZA VLEZ NA EDNA SVEDSKA FIRMA ,A KUKAT ZA VLEZ NA STRANSKI INVESTICII.FIRMATA E ZAENTERESIRANA ZA RECIKLIRANJE,SOGORUVANJE I PROIZVOSTVO NA ELEKTRO ENERGIJA I TOPLOTNA VODA.BEVME VO MINISERSTVOTO ZA EKOLOGIJA PRED 2 GOD. BEVME KAJ PORANESNI GRADONASALNICI I SEGASNI VO PRILEP,BITOLA I POSLEDNO VO 2005 GOD.ESENTA VO DEMIR HISAR NISTO OD TOA ZOSTO????? NE ZGODNO DA GI POSOCAM I IMINJATA I ZAMENICI NA MINISTRI PA I SOVETNICI NA PROSLATA VLADA SO KOI SE STRETNAA PRETSTAVNICITE NA SVEDSKATA FIRMA-GERB.PARSUVAM PAK ZOSTO I VO STO SE E (NERABOTATA)RABOTATA?????SO POZDRAV OD JOVANCE VELEVSKI.

 


Zoran
zoki141073@yahoo.it
23.10.2006

veke go postaviv ednas prasanjeto no nikoj ne mi odgovori, sakam da znam dali moze da se ima makedonsko i italijansko drzavjanstvo, ako ima nekoj da mi odgovori, blagodaram.

Согласно член 2 од Законот за државјанство на Република Македонија државјанин на Република Македонија може да има државјанство и на друга држава.

Во однос на Република Италија, праксата покажува дека и во Италија е дозволено двојното државјанство. За подетални информации за италијанското законодавство обратете се во амбасасдата на Република Италија во Македонија преку електронската пошта segreteria.skopje@esteri.it


22.10.2006

Moji su naseljeni iz Tetova pre sto godina!Ja se osecam kao Makedonac,inace zivim i radim u Kragujevcu! Da li imam pravo na Makedonsko Drzavljanstvo? Oprostite ja umem pricati na Makedonskom ali ne i pisati! Unapred hvala.

Со оглед на твоето македонско потекло имаш можност да се стекнеш со македонско државјанство согласно член 14 од Законот за државјанство со исклучителна натурализација, како и во согласност со член 6 од Уредбата за утвдување на критериумите за особен научен, економски, културен, спортски или друг национален интерес за стекнување на државјанство на Република Македонија донесена од Владата на РМ.

 Барањето за стекнување на државјанство на Р. Македонија се доставува преку Амбасадата на РМ во Србија до Министерството за внатрешни работи. За барањето се одлучува врз претходно мислење кое го дава Министерството за надворешни работи, затоа што грижата за припадниците на македонскиот народ во соседните земји е законска надлежност и обврска на Министерство за надворешни работи. Законот и Уредбата можат да се најдат на нашата интернет страница во рубриката правна регулатива.


20.10.2006

BI SAKAL EL. ADRESA OD VINOZITO VO GRCIJA I ime na kontaktna osoba Krste pop-stefanija,popkrs@t-2. net

Интернет страницата на Виножито е www.florina.org ,  а e-mail vinozito@otenet.gr или на rainbow@florina.org


zoran
zoki141073@yahoo.it
16.10.2006

dali moze da se ima dvojno drzavjanstvo.MAKEDONSKO i ITALIJANSKO.

Согласно член 2 од Законот за државјанство на Република Македонија државјанин на Република Македонија може да има државјанство и на друга држава.

Во однос на Република Италија, праксата покажува дека и во Италија е дозволено двојното државјанство. За подетални информации за италијанското законодавство обратете се во амбасасдата на Република Италија во Македонија преку електронската пошта segreteria.skopje@esteri.it


Aleksandar MItreski
mitreski@yahoo.com
03.10.2006
 

Me interesirashe dali znaete koj zakon gi objasnuva odredbite i regulativite za uvezuvanje na avtomobil vo Makedonija os SAD. Blagodaram,

Почитувани,
при увоз на возило од САД во Р. Македонија битно е возилото да ги исполнува
нормите за хомологација во земјава, како и тоа да деловите се произведени и
наменети за европскиот пазар, т.е. да имаат Е1 ознака на деловите, посебно
видните како;главните светла, задните светла, појасите за врзување итн.
Главно е тоа да моторот има ознака како и за европскиот пазар за да може да
се прочитаат дадените нормативи за тој тип на мотор. Истотака, доколку може
клиентот да обезбеди
COC документ -certificate of conformity (еден вид на
лична карта на возилото) со што полесно би се дошло до останатите податоци.

На страната на Царинската управа на Република Македонија www.customs.gov.mk  во рубриката увоз - извоз можете да ги најдете сите закони и упатства поврзани со увозот на стоки во република Македонија.


Vukasin Stosic
vuka_stosic@yahoo.com
02.10.2006
 

Imam avstraliski pasos i drzavjanstvo ( by descent), sakam da studiram jazici vo sidnej. Okolu stipendii, krediti i sli. sto gi dava RM il AUS sum zainteresiran da dobijam. Bi sakal da mi posocite nekoj link za rabota za studenti. Pozdrav

Обратете се на WEB страницата на Министерството за образование WWW.MON.GOV.MK , линк за конкурс


Rozita Talevska Hristovska
alroda@yahoo.com
28.09.2006
 

Pocituvani, Kako prvo bi sakala da go izrazam svoeto zadovolstvo na postoenjeto na edna vakva web strana kako i informaciite koi gi nudi i da ja irazam svojata poddrska za istata. So ogled na toa sto poseldnite 10 godini sum involvirana vo sovetuvanje na studenti zainteresirani da studiraat nadvor od Makedonija, bi sakala da predlozam dodavanja na link za obrazovanie. Imeno samo vo SAD ima okolu 400 makedonski studenti koi smetam moze da im se dade poddrska preku edna vakva web strana kakva sto e vasata. So iskrena nadez deka ke bide razgledan predlogot. Vi stojam na raspolaganje dokolku smetate deka predlogot e validen. Srdecno, Rozita Talevska Hristovska Pretsedatel Centar za razvoj na obrazovanie i kultura - CenROK

Агенцијата за иселеништво со цел да овозможи навремено известување од активностите на иселеничките организации ќе отвори рубрика ИСЕЛЕНИЧКИ СТРАНИ во кои иселеничките организации можат САМИ да отвараат своја страна на која можат да поставуваат, додаваат,бришат ИНФОРМАЦИИ и СЛИКИ ЗА СВОИТЕ АКТИВНОСТИ


Cvetan Stevkovski, Calfornia - USA.
cstevkovski@yahoo.com
26.09.2006
 

Do koga i do koj stepen ke odite so Angliziraneto na Makedonskiot jazik? Ne mozam da se nacudam is se prasuvam, sto se slucuva vo Makedonija, kako sto se rasparcuvase Makedonskata nacija pod stapkite na okupatorite, denes se rasparcuva Makedonskiot jazik pod stapkite na Makedoncite koi voopsto ne se grizat da go socuvaat makedonskiot jazik. Sekojdnevo gi sledam vestite na A-1 televiziskiot kanal i ja gledam straotnata slika, poveketo od zborovite koi se upotrebuvaat od strana na voditelite na ovaa programa se nemakedonski. Zvuci smesno angliziraneto na Makedonskiot jazik, zvuci zalno, navredlivo i stramotno sostojbata vo koja naoga Makedonskiot jazik. Kade se Makedonskite Akademci, Makedonskata pismenost, da go zastitat Makedonskiot jazik od raspagane? Kiril i Metodij, Kliment i Naum, Aleksandar i Goce Delcev, vo nivnite grobovi se prevrtuvaat sledejki gi nastanite vo Makedonija i se prasuvaat dali Makedonija ima rodeno Sin ili Kerka da se pogrizi za Makedonija i da go zaprat stramotnoto i straotno delo koe denes se slucuva vo Makedonija. Vi blagodaram za vnimanite. Cvetan Stevkovski. California- USA.

Агенцијата за иселеништво со цел да овозможи навремено известување од активностите на иселеничките организации отвори рубрика ИСЕЛЕНИЧКИ СТРАНИ во кои иселеничките организации можат САМИ да отвараат своја страна на која можат да поставуваат, додаваат,бришат ИНФОРМАЦИИ и СЛИКИ ЗА СВОИТЕ АКТИВНОСТИ


SONJA
popsanvla@yahoo.com
26.09.2006
 

Imeto na ambasadorot vo Germanija

Амбасадор на Република Македонија во Германија е  д-р Ѓорѓи Филипов  


Liljana
lileamm@yahoo.com
21.09.2006
 

Jas sum profesor po Makedonski jazik.Dokolku Asocijacijata na roditeli vo Svajcarija me prifati, podgotvena sum da gi ucam nivnite deca.

Вашиот допис го препративме на адресата angelovski@hotmail.ch, односно до луѓето кои имаат потреба од вашиот профил.


Petrovski Smile
petrosmile@free.fr
12.09.2006
 

Pocituvani Makedonci,iselenici,Vi se obrakam so namera da uspostavam kontakt preku internet so site onija drustva koji imaat naziv "ILINDE" ili "ILINDEN 1903". Odnapred vi blagodaram za sekoja vrsta na sorabotka. Smile clen na drustvoto Ilinden 1903 ROUEN France

 


slave grbevski
slaveg@optusnet.com.au
09.09.2006
 

sakam da donesaam kompjuter za mojot vnuk;dali se plajka carina i ako se plajka kolku iznesuva- mnogu vi blagodaram

 



angelovski@hotmail.ch
05.09.2006
 

Clenka sum na Asocijacija na roditeli na deca sto ucat makedonski jazik vo Suisse Romande vo Svajcarija. Uste vo juni 2005 godina prativme Baranje za nastavnicko lice po makedonski jazik, suzbeno zavereno vo komuna vo Svajcarija i preporacano dostaveno do Ministerstvo za nauka i obrazovanie na R.Makedonija i do Ambasada na R.Makedonija vo Svajcarija. Vo baranjeto figuriraa potpisi od poveke od 150 familii i poveke od 80 deca koi bi se zainteresirani da ja sledat nastavata vo ovoj moment. Barenjeto bese potkrepeno i od makedonskite drustva vo Suisse Romande (frankofonsko podracje). Istoto e povtorno isprateno vo februari 2006 godina i na dvete gorenavedeni instanci - bez nikakov oficijalen odgovor dosega. Dali bi mozele da ni odgovorite koi se pravnite regulativi i postapki koi bi trebalo da gi prezememe za da se zdobieme so nastavnicko lice po makedonski jazik za fakultativna nastava vo ovoj region. Blagodaram odnapred za vasite informacii koi veruvam deka se vo vasa nadleznost da ni gi dostavite.

На вашето прашање за професор по македонски јазик на WEB страната го се понуди г-ѓата која ги остави следните податоци. Можете да контактирате со неа на нејзината e-mail адреса:

Liljana
lileamm@yahoo.com
21.09.2006
 

Jas sum profesor po Makedonski jazik.Dokolku Asocijacijata na roditeli vo Svajcarija me prifati, podgotvena sum da gi ucam nivnite deca.


Spaso Ristov
spasoristov@hotmail.com
03.09.2006
 

Sakam da ispratam kola od USA kade sto ziveam za moi potrebi, ke vi bidam zablagodaren ako mi odgovorite koja e procedurata,kolku stara maksimum da bide i.t.n.

Почитувани,
при увоз на возило од САД во Р. Македонија битно е возилото да ги исполнува
нормите за хомологација во земјава, како и тоа да деловите се произведени и
наменети за европскиот пазар, т.е. да имаат Е1 ознака на деловите, посебно
видните како;главните светла, задните светла, појасите за врзување итн.
Главно е тоа да моторот има ознака како и за европскиот пазар за да може да
се прочитаат дадените нормативи за тој тип на мотор. Истотака, доколку може
клиентот да обезбеди
COC документ -certificate of conformity (еден вид на
лична карта на возилото) со што полесно би се дошло до останатите податоци.

На страната на Царинската управа на Република Македонија www.customs.gov.mk  во рубриката увоз - извоз можете да ги најдете сите закони и упатства поврзани со увозот на стоки во република Македонија.


Protoerej Gorgi Pacemski
pacemski@excite.com
25.08.2006
 

Zosto e ukinato osloboduvanjeto od carina na povratnicite od stranstvo neli celta vasa bi bila da se zalagate za nas ve molam dali vopsto nekoj se zaiteresiral za toa prasanje neli ni e celta da gi vrakame iselenicite so toa tie se odbivaat a da ne spomeneme i ekonomsko ureduvanje na makedonija se oslabuva

Во Царинскиот закон (Сл весник бр. 39 од 30.05.2005 година ) меѓудругото постојат и повластени постапки за ослободување од плаќање на увозни давачки (членовите од 193-198).
Во овие законски одредби се таксативно наброени повеќе случаи на ослободување од плаќање на увозни давачки, но во кои не се стриктно наведени одредени привилегии за иселениците, како што тоа беше во претходниот закон.
Но затоа пак има повеќе други можности каде што и иселениците можат да ги користат овие повластици, како и сите државјани на РМ.
Така на пример во жленот 196, од плаќање на увозни давачки се ослободени неупотребуваната опрема и резервни делови (освен автомобилите и канцелариски мебел и опрема) врз основа на влог на странско лице во трговско друштво, а кои служат за вршење на претежната дејност на друштвото. Влогот на странското лице треба да е подолг од 3 години И да изнесува 20%од вкупно вложениот траен цапитал на друштвото, под услов имателот на одобрението кој го користел ослободувањето да работи најмалку уште 3 години по истек на последната година во која го користел ослободувањето од плаќање на увозни давачки.
Под влог на странско лице се смета и откупот на акции од страна на странското лице.


Pando Beleski
pandobeleski@kisser.net.au
23.08.2006
 

Pred eden mesec ve prasuvav kade mozam da go nabavam dokumentarniot film AVSTRALIA mi ogovorivte koj reziser na dokumentarniot film AVSTRALIJA znam deka avtor na dokumentarniot film e gospodin AKADEMIK BOZIN PAVLOSKI mislam oti kemi odgovorite vi blagodaram Pando

Воспоставивме контакт со режисерот.Тој денеска попладне заминува на пат и ке биде отсутен до 28 ноември. Документарниот филм “Австралија, Австралија..” е снимен 1976 година и сега засега постои само на филмска лента. За домашна употреба како ДВД или видео лента потребни се специфични  подготовка и време за што ке претстојат преговори со авторите на филмот.   


Toni
biotoni@yahoo.com
18.08.2006
 

Pocituvani, pred izvesno vreme (nekolku nedeli) postaviv prasanje(a) okolu otkazuvanje od makedonsko drzavjanstvo i pasos i zemanje na stransko drzavjanstvo. Vo mojot slucaj bese kakvi posledici sleduvaat so otkazuvanje od Makedosno drzavjanstvo (posto Holandija ne dozvoluva dvojno drzavjanstvo) i edinstven odgovor sto dobiv od vas bese sledniot "Државјанскиот статус на Р.Македонија е предуслов за остварување на многу други права од наследен,семеен,имотен и др. карактер." Dali bi mozele da mi objasnite podetalno (ili poopsirno vo najmala raka) za koi tocno prava od nasleden, imoten i semeen karakter oti tocno toa mi e i prasanjeto. jas znam deka se gubat prava megutoa koi prava ? Se nadevam deka davanje na podetalen odgovor ne e probel za agencijata ako se znae deka site nadvor od MK se nadevaat na odgovori od vas. Dokolku odgovorite se obemni ve molam ispratete mi gi preku e-mail na mojata e-mail adresa: biotoni@yahoo.com Pozdrav Toni

 


Den
dtalevski@optushome.com.au
14.08.2006
 

Kolku vreme treba da pomine za da recete "Da" ili "Ne" na edno prasanje.Vie velete "Postaveni prasanja i dadeni odgovori" Vi blagodarime...Ve zamoluvame da ni dadete informacii za organiziranje na megunarodna naucna konferencija vo R.Makedonija, kade da se obratime? Vi blagodarime, mnogu pozdrav

Во моментот, немаме информации . За дополнителни информации со задоволство ќе бидете известени


Cedo
surtuk@msn.com
12.08.2006
 

Zdravo!Jas ziveam vo Nov Zeland i bi sakal da me informirate na koj nacin mozam da pratam nekoi informacii do agencijava vo vrska so aktivnostite na Makedoncite sto ziveat vo ovaa zemja ,se razbira proprateni so fotografii ili video materjali.Odnapred blagodaram za posvetenoto vnimanie.

НАШАТА АДРЕСА ,ТЕЛЕФОНИ И E-MAIL-OT СЕ:

Агенцијата за иселеништво                                                                        ул.Црвена Скопска Општина бр.7 и 7А
(Музичко балетски центар)
1000 Скопје

 тел:    + 389 2 3228 212                    факс: + 389 2 3118 539   

 e-mail   info@minisel.gov.mk 


Ing. Georgievski Stevco
georgievski@post.sk
06.08.2006
 

Me interesira kako mozat moite deca da dobiat makedonsko drzavjanstvo. Se rodeni vo Belgrad (SFRJ) a sega ziveat vo Slovacka. Vi blagodaram za odgovor.

Со потекло стекнува државјанство на РМ дете од моментот на раѓање ако:

-двајцата родители  во моментот на раѓање на детето имаат државјанство на РМ      

-едниот  родител е државјанинна РМ,  а детето е родено во РМ и доколку родителите се согласни  детето да добие државјанство на РМ

-едниот родител е државјанин на РМ, другиот со непознато државјанство, а детето е родено во странство , ако до наполнување на 18 години живот е пријавено за запишување како државјанин на РМ или постојано се насели  во РМ.



katica.trenevska@pandora.be
03.08.2006
 

Dali ima preveduvac od makedonski na angliski jazik vo Brisel?

Со тие податоци располага Министерството за надворешни работи и Амбасадата на Република Македонија во Брисел.


pepi
pepi_macedonia@yahoo.com
03.08.2006
 

sakam da prasam,ima li nekoj makedonec vo eu sto saka rabotnici ,jas imam bugarski pasos i mozam da odam vo zemjite od eu, i bi rabotel se.fala

Почитуван ,следете конкурси по јавни гласила,соопштенија итн.    Агенцијата за иселеништво не посредува  за вработување во странство. ПОЗДРАВ!!!!


Den
dtalevski@optushome.com.au
02.08.2006
 

Ve zamoluvame da ni dadete informacii za organiziranje na megunarodna naucna konferencija vo R.Makedonija, kade da se obratime? Vi blagodarime, mnogu pozdrav

Во моментот, немаме информации . За дополнителни информации со задоволство ќе бидете известени


Toni
biotoni@yahoo.com
01.08.2006
 

ocituvani, Drzavjanin sum na Makedonija no veke nkolku godini ziveam vo Holandija. Vo momentov mi bese ponudeno da apliciram za Holandski pasos no pod uslov da se otkazam od Makedonskiot. postojat nekolku uslovi pod koi moze da se zadrzi Makedonski pasos no mene me interesira koi prava se gubat so otkazuvanje od Makedonski pasos/drzavjanstvo ? moite seuste ziveat vo Makedonija i na primer jas ke bidam naslednik na kukata vo koja ziveat moite, no spored makedonskite zakoni stranec ne moze da poseduva imot vo Makedonija (barem taka procitav i razbrav od zakonot za imot i nasledstvo na vasiot website). Ve molam kazete mi sto e zakonot za stranski drzavjani vo slucaj na nasledstvo i poseduvanje imot vo Makedonija ? dokolku imate prasanja slobodno kontaktirajte me na mojata e-mail adresa (ova se odnesuva i na luge koi pominale niz procesot na dobivanje Holandski pasos i otkazuvanje od Makedonski) odnared blagodaram Toni

Државјанскиот статус на Р.Македонија  е предуслов за остварување на многу други права од наследен,семеен,имотен и др. карактер.

Државјанството на Р.Македонија може да престане само со отпуст ако лицето поднесе барање за отпуст и доколку исполнува одредени законски услови (принцип на слободна воља) . Како најважен услов за добивање отпуст е барателот да има странско државјанство или да докаже дека ке  прими друго државјанство.

Но, по истек од најмалку три години од отпустот  може да се поднесе барање за повторен прием  во државјанство на Р.Македонија


Dr Mila Vidin-Jarevska
mila1053@yahoo.com
29.07.2006
 

Zosto nigde ne se pomenuva Pande Jarevski 1922-2003, koga je on prv makedonski karikaturist za selo i iselenici, i ilustr. na 50 ucebnici.Ja kako kerka ( Mila Vidin) Jarevska go pripremam povtorno negoviot jubileen album "Dlaboko oranje", a i drugi knigi: veli joze, iter pejo, volsebnoto samrce, baron minhauzen i t.n. So pocituvanje, pozdrav Dr Mila Vidin

Според нашите податоци г-динот Панде Јаревски не бил иселеник, туку творел и работел во Македонија, сепак доколку имате поинакви податоци, испратете ни ги и ние со задоволство ќе ги објавиме.


Treneva Gurga
gtreneva@yahoo.com
26.07.2006
 

Zdravo! Jas sum nevrabotena, pa po bezuspesnite napori da najdam vrabotuvanje vo mojata tatkovina, resiv da vi se obratam vam. Jas sum medicinska sestra so polozen drzaven ispit. Pred nekolku dena na TV slusnav deka Republika Ceska ima potreba od medicinski personal. Toa me natera da vi se obratam vam i da ve prasam dali imate vie soznanie za toj proekt i koja e postapkata da se dojde do vrabotuvanje tamu. Jas sum na vozrast od 39 godini, mazena, majka na 2 deca koi se mnogu solidni i uspesni vo svoeto skoluvanje. Bidejki prv pat se obrakam, pa i neznam kako treba, smetam deka e sosema dovolno ova sto vi go napisav. Srdecno ve pozdravuvam i se nadevam na odgovor na moeto prasanje. So pocit!

Проектот е во рамките на ИОМ Скопје, не во Агенцијата за иселеништво на Република Македонија. За сите потребни информации обратете се на адреса IPaunovic@iomskopje.org.mk


MURTEZ SPAHIJA
lisi_ku@hotmail.com
26.07.2006
 

Interesiran sum za konkursot za CEshkite rabotni vizi.sakam da znam poveqe vo vrska so toa.

Проектот е во рамките на ИОМ Скопје, не во Агенцијата за иселеништво на Република Македонија. За сите потребни информации обратете се на адреса IPaunovic@iomskopje.org.mk


pando beleski
pandobeleski@kisser.net.au
22.07.2006
 

Ve molam dali mozite da mi kazite kade mozam da go nbavam(kupam)dokumentarniot film AVSTRALIJA koj sto e sniman vo australija odnapred vi blagodaram pozdrav pando

Ве молиме да ни доставите повеќе информации за филмот, кој е режисер итн, за да можеме да ги побараме тие информации и да ви ги јавиме.


Zorica Nikolovska
laovski@optusnet.com.au
21.07.2006
 

Vi pisuvam od Australia. Imam namera da dojdam vo Makedonija no stariot pasos mi istece. Podnesov molba za nov pasos vo Ambasadata vo Kanbera i veke ima dva meseci, no tie nemaat nikakov odgovor od vas. Mene mi e potreben pasosot hitno za da Australia mi dade povratna viza na pasosot. Kartite mi e zakazana na 23ti Avgust i mi treba pasosot najmalku dve do tri nedeli odnadpred za vizata. Me interesira uste kolku vreme ke treba da cekam?

За жал, ние не можеме да ви одговориме на ова прашање, затоа ќе мора ве упатиме на Амбасадата на Република Македонија во Австралија, или на Министерството за Надворешни Работи на Република Македонија. Адресата на WEB страницата на Министерството е www.mnr.gov.mk или до конзуларното одделение на Министерството на контакт телефон 389 2 3115-266 или на еmail: mitkojanevski@mfa.gov.mk


Janko Georgievski
aham_australia@optusnet.com.au
15.07.2006
 

Gospodine Naumovski, Vo imeto na clenstvoto i rakovodstvoto na AHAM-Inc.-edistvenata so zakonskite normativi na Avstralia registrirana Humanitarna organizacia Ve prasuvam ZASTO NASATA E-MAIL ADRESA E BLOKIRANA VO VASITE KOMPUTERI I OD KOGO E BLOKIRANA, NA KOJ VAS CINOVNIK AHAM MU SMETA I ZASTO?. DALI IMETO NA AHAM-AVSTRALIA I MOETO IME I PREZIME E ZAPISANO VO VASATA CRNA LISTA KAKO ANTIMAKEDONSKA HUMANITARNA ORGANIZACIA- ZAEDNO SO TV PROGRAMA AHAM-MAKEDONSKI HORIZONTI, A JAS SUM ZA SITE VAS ANTIMAKEDONEC? E-MAILOT NA AHAM I MOJOT E-MAIL E BLOKIRAN USTE OD SEPTEMVRI MESEC 2003G. DA SE NADEVAM GOSPODINE NAUMOVSKI DEKA VIE KE GO DOBIETE MOETO PISMO I KE MI ODGOVORETE. SO BLAGODARNOST, JANKO GEORGIEVSKI- 61 412 472 474.

Почитуван г-дине Георгиевски, вашата е-маил адреса не е блокирана, ниту може да се блокира. Не ни е јасно за какви црни листи станува збор. Може слободно да се комуницира во двете насоки по е-маил.


suplinoski mile
d.m.r.l.s@web.de
13.07.2006
 

prvo pozdrav do vas.bi ve zamolil ako moze da mi odgovorite na slednite prasanja-kako e zakonot z a carina vo makedonija i kolku se plaka za vnesuvanje na automati za igra-primer s pikado-kriket.automat za igra na sreka automat na pari,i drugi razlicni aparati.kakvi dokumenti mi trebaat za izdavanje i posredstvo na zainteresirani koi sakaat da otvorat kladilnici,so evropska licenca.kade da se obratam za seto ova.kade mozam da gi dobijam odgovorite.seto vnesuvanje na aparatite e germanija-makedonija.kako e za otvoranje firma vo makedonija za prodavanje na tie aparati .vi blagodaram.i se nadevam deka od vas ke dobijam odgovor uste ednas vi blagodaram od se srce.

За работа со апарати за игра на среќа лиценца се добива од Министерството за финансии. Постапката е регулирана со Законот за игра на среќа.. Увозот на овие апарати и царинските давачкие утврден со  Законот за царини односно Тарифникот. Овие закони можете да ги најдете на нашата ВЕБ страница во рубриките Економија и Правна регулатива.

Најцелосни информации поврзани со царинските формалности и царинските давачки можете да добиете од шпедиторските компании како Фершпед чија адреса е

E-mail            email@fersped.com.mk 

телефони        ++38923149444

                                 3112891

 Факс                         3149483

                                 3149485   

Во врска со регистрација на фирма за вршење на оваа дејност во Република Македонија информации можете да добиете од Централниот регистер на РМакедонија каде се води трговскиот регистер на компаниите во Македонија. ( Финансиски систем- Институции како извор на информации)


Sanja Temjanovska
sanjapetkova@yahoo.co.uk
03.07.2006
 

Pocituvani, kade bi mozela da dobijam informacija koj se potpagja pod kategorijata iselenik i kakvi povlastici bi uzivalo takvo lice dokolku se vrati da zivee vo Republika Makedonija i zapocne privaten biznis.

Согласно Уставот на Република Македонија и Законот за државјанство под поимот иселеник од Македонија треба да се подразбере она лице, поранешен жител, односно државјанин на Република Македонија, на кој Македонија му е матична држава или родна татковина, без оглед на националноста, верската припадност и другите разлики, а кое трајно се иселило од неа и се стекнало со државјанство на друга странска држава. Во оваа категорија се вклучени  нивните потомци од птво колено.

Повластиците предвидени при отпочнување на приватен бизнис во Република Македонија се обработени во Законот за Данок на добивка  во делот - Даночни олеснувањаи ослободувања , односно член 43 и заклучно со член 53.  Одредени поединости во врска со даночните ослободувања се дадени во делот - Преодни и завршни одредби од Законот односно во член71 до член 75.

Законот за Данокот на добивка Ви е на располагање на страната на Агенцијата во Рубриката Економија - Законска регулативе.


Biljana Karcevska
karcemkdbil@yahoo.co.uk
16.06.2006
 

Vo Dekemvri 2005 bev vo poseta na Honduras i ne mi beshe potrebna viza za vlez za kratok prestoj.Sega planirame son soprugot (od Honduras) da ja posetime Makedonija. Vo vasiot vizen rezim stoi deka i na dvete drzavi im treba viza za vlez no koga ja kontaktiravme ambasadata na Honduras vo Washington ni odgovorija deka viza ne e potrebna sto se potvrdi so mojata poseta na Honduras. Mozno li e da ima nekoj nov vizen rezim za koj makedonskata ambasada vo washington ne e informirana? kakva e procedurata za vlez vo makedonija na drzavjanin na Honduras? Blagodaram

За одговор и подетални информации за Вашето прашање обратете се до Министерството за надворешни работи - конзуларно одделение на контакт телефон 389 2 3115-266 или на еmail: mitkojanevski@mfa.gov.mk


Milosov Lukaroski
makedonci@tugjinojabano.com
16.06.2006
 

Pocituvani, Nasiot web portal www.tugjinojabano.com so svoite nad 1100 poseti dnevno e najcitanata web strana nadvor od granicite na Republika Makedonija. Dokolku vnimatelno ja razgledate ce vidite deka pricinata za vakava posetenost lezi vo sekojdnevnoto dopolnuvanje so novi vesti i mnozinstvoto korisni informacii za nasite iselenici vo Kanada. Bi sakale da ve zamolime da stavite nas baner http://www.tugjinojabano.com/images/tugjinojabano_139_45.gif na vasata web strana. Toa moze da bide na stranata kade se "vrtat" povece baneri na web strani od Dijasporata, ili na drugo mesto po vas izbor. Istovremeno mozete da ni pratite i vas baner koj bi go stavile na nasata web strana. Na ovoj nacin ce ja zgolemime posetenosta na dvete web strani od sto site ce imame polza, a najmnogu nasite posetiteli Makedoncite. So pocit, Milosov Lukaroski

Вашата страна е ставена  како линк


Ivanco Tudzarovski od Resen ,ziveam vo Svebska
ivanco.tudzarovski@eskilstuna.se
14.06.2006
 

Imam prasanje za cementarnica "USJE", dali e vo pogon , tel.broj ili E-mail adresa.Odnapred vi blagodaram

Друштвото Цементарница  - УСЈЕ “ - Скопје е една од најуспешните компании во Република Македонија и е во непрекинато работење од неговото основање до денес.

Адреса: Првомајска  бб Скопје

Телефон: ++389 2  2782-500

Телефон: ++389 2 2786 100


Аница Синадиновска
anica.sinadinovska@ato.gov.au
06.06.2006
 

Me interesiraat moznostite za investiranje vo Makedonija. Informacii za investiranje na noviot proekt Kozuv. Kazete mi poveke za danocniot sistem i stranskite investicii. Pozdrav

За подетални информации во врска со можностите за инвестирање во Македонија и информации за Проектот  <Кожув< можете да се обратите до Стопанската комора на РМакедонија. Лице за контакт е Советник за економски односи Ацо Спасовски
Тел: 389 (02) 3244044
Факс: 389 (02) 3244088
E-mail:  stevo@ic.mchamber.org.mk

www.mchamber.org.mk

На нашата страница во рубриката Економија , односно Законски рамки - Даноци можете да се информирате за даночниот систем во РМакедонија.


filip
bojadzieska@yahoo.com
06.06.2006
 

zivejam vo toronto no po razlizni pricini treba da se vratim vo skopje sakam da mi kazete kade ima osnovnoskolo sto e na angliski za da moze mojot sin da go zapisem

Во Скопје има основно училиште на англиски јазик. За сите подетални информации обратете се во Министерството за образование и наука на тел: 00 389 2 3106 529 кај г-дин Кирил Ристески


jordanka
mikjordy@bigpond.net.au
05.06.2006
 

Kako mozam da stapam vo kontakt so nekoj od odgovonite vo Olimpiskiot komitet na Republika Makedonija zaradi dobivanje na podetalni informacii

Со МОК можете да стапите во контакт на тел.++389 2 246 30 24 или на e-mail mok@mok.org.mk


arizanova-mannsbart olivera
oliphimar@web.de
31.05.2006
 

kon krajot na 2006 so mazot mi i sinot planirame da se preselime za makedonija, dvajcata se drzavljani na r.germanija dali im e potrebna viza za prestoj vo r. makedonija kade da ja podigneme i dali mazot mi moze da stane sopstvenik na nedviznosti odnapred balagodaram

Според одредбите во Законот за сопственост и други стварни права објавен во Службен весник бр.18/2001 како странско физичко лице се смета она лице кое нема државјанство на Република Македонија и според истиот закон под услови на реципроцитет може да стекне право врз недвижни ствари како и државјанин на Република Македонија. Оваа проблематика е обработена во  четврти дел од овој Закон, односно член 240 заклучно со член 252.

Виза за престој во Република Македонија не е потребна.


venesa
venesa_pan@hotmail.com
29.05.2006
 

koi bile pricinite za iseluvanjeto od makedonija vo svetot po vtorata svetska vojna

По Втората светска војна Македонците се иселувале од две причини: политички и економски. За подетални информации можете да се обратите до Институт за Национална Историја на тел. 02/ 311 5831 или на е-маил адреса ini@mt.net.mk


Predrag Stojkovski
spedja82@inffo.net
18.05.2006
 

Postovani Mi treba vasa pomos. Naime me interesira so e se potrebno za osnivanje preduzeca u Makedoniji. Bio sam na sajtovima mistarstva finansija i ministarstva ekonomije ali su tako konfuzno uradjeni ta je to strasno. Izvinjavam se oti pretezno zboram na srpski ali to je posledica dugog zivljenja u Srbiji i se ke napram da go mojot makedonski podobram. Unapred hvala i svako dobro

Основен закон за регулирање на материјата за основање на трговски друштва во Република Македонија е Законот за трговските друштва објавен во Службен весник на РМ бр.28 од 2004 година - Рубрика - Правна регулатива.

          Трговски друштва во Република Македонија можат да основаат домашни и странски физички и правни лица.

          Според Законот трговските друштва може да бидат основани во пет основни форми. Во пракса најчесто се основаат друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва.

          Друштвата со ограничена одговорност (ДОО), како најчеста форма на трговски друштва,  се основаат со договор за друштвото што го склучуваат сите основачи. Ако друштвото го основа едно лице, договорот за друштвото се заменува со изјава на основачот за основање на друштво со ограничена одговорност. 

Основната главнина на друштвото не може да биде помала од 5.000 евра во денарска противвредност. Доколку истата се состои од предмети или права, проценката на влогот се врши од страна на овластен проценител.

          Акционерско друштво (АД) се основа од лица кои го потпишале статутот на друштвото. Друштвото може да биде основано симултано или сукцесивно. Најмалиот номинален износ на основната главнина, кога друштвото се основа симултано без јавен повик за запишување акции, изнесува 25.000 евра во денарска противвредност. Доколку друштвото се основа сукцесивно преку јавен повик за запишување акции, најмалиот износ на основната главнина изнесува 50.000 евра во денарска противвредност.

Со Законот за трговски друштва е предвидена можност за делување на странски трговски друштва и странски трговец поединец во Република Македонија. Тие не можат да вршат дејност на територија на република Македонија се додека не организираат подружница.

          Трговските друштва се запишуваат во трговскиот регистар кој се води кај Централниот регистар на Република Македонија.

          Пријавата за упис и податоците кои што се запишуваат во трговскиот регистар, како и прилозите кон пријавата за упис на основањето на друштвата со ограничена одговорност се регулирани во член 182 и 183 од Законот за трговски друштва.

          Пријавата за упис и податоците кои што се запишуваат во трговскиот регистар при симултано основање на акционерско друштво се регулирани во член 297 и 298, а во случај на сукцесивно основање во член 316 од законот. 

          Пријавата за упис и податоците кои што се запишуваат во трговскиот регистар, како и прилозите кон пријавата за упис на странско трговско друштво и странски трговец поединец се регулирани во член 587 од законот.   

          Стручни услуги и консултации при изготвувањето на потребните документи за запишувањето на трговските друштва во трговскиот регистар може да се добијат од адвокатски канцеларии.




16.05.2006
 

telefonski imenik za bitola

ВЕ молиме да ни испратите попрецизни податоци за тоа што ве интересира. Вака не ви го разбираме прашањето.


Balovski Sase
sase_ohrid@web.de
12.05.2006
 

Pocituvani G-da. Prv pat vi pisuvam a se nadevam ne i posleden pat. Ziveam vo R.Germanija i me interesira dali imam pravo na glasanje na izbori i koi se novite izmeni i dopolnuvanja za vremeno otsutni gragani na R.Makedonija. Kade moze da se informirame dali i na koe mesto sme na izbiracki spisok. Golema blagodarnost od : Balovski Sase -Minhen   

 Ако имате македонско државјанство, и сте запишани на единствениот избирачки список  и за време на изборите се наоѓате во Република Македонија тогаш имате право на глас. За да се пронајдете  во избирачкиот список, тогаш проверете на следнава интернет адреса www.izbirackispisok.gov.mk и следете ги тамошните упатства.


STAVROS ZIKOPOULOS!
zikopoulos@abv.bg
12.05.2006
 

roden sam vo varna,bugaria,ot roditeli begalci ot kastoria/kostur/EM. kakvo trebva da naparvia da mi se idzde karta za makedonka nacionalnost,koi gi dava vosata agencia! s uvazenie!

Согласно член 11 од Законот за државјанство на РМ, Вие може да се  стекнете со државјански статус на Република Македонија врз основа на потеклото на Вашите родители (со природување), со исполнување на одредени услови.

Во моментот кога ќе сакате да поднесете барање за прием во државјанство на РМ, претходно обратете се до Агенцијата за иселеништво, за да ви помогнеме да го комлетирате предметот - барање за прием и лично да го доставите до Министерството за внатрешни работи.

aleksandra
alexandra_velkova@yahoo.com
10.05.2006
 

sakam da stapam vo kontakt so nekoj od australija pa kako mozam da go napravam toa ve molam pisete na mojot e-mail pozdrav

Вашето барање ќе го објавиме на нашата WEB страница во рубриката Огласи и таму ќе стои 10 дена. Ве молиме да ни испратите повеќе податоци за вас.


nace postoloski
nickpostoloski@mail2me.com.au
10.05.2006
 

koj epresedatel na agenciata dali mozite da napravite da imame makedonska televizia

Директор на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија е Наум Димитровски. Сателитската програма на МРТВ емитува програми за иселениците, со претплата. Може да се гледа и во Австралија преку ТАРБС.


stojan
hristovski06@mail.net.mk
07.05.2006
 

dali imate otvoreno kancelari vo gradovite vo Makedonija potocno vo Bitola.

Немаме отворено канцеларии во другите градови на Македонија,  ниту во Битола.


Fisnik Metus
fisnikmshkup@hotmail.com
07.05.2006
 

Prasanja nemam no imam odgovor do nekoj sogrgjani koi imaat problemi so naogjanje na svoi rodnini prijateli itn. za tie koi sto mislat deka se vo SAD moze da gi najdete vo www.Intleius.com

Ви благодариме за јавувањето и понудата.



gorgice
GOKO_SIKEKS@YAHOO.COM
04.05.2006
 

DALI IMA NEKOJ OD KANADA DA SE DOPISUVA SO MENE?

Вашето барање ќе го објавиме на нашата WEB страница во рубриката Огласи и таму ќе стои 10 дена. Ве молиме да ни испратите повеќе податоци за вас.


GEORGIEVSKI GORGICE
GOKO_SIKEKS@YAHOO.COM
04.05.2006
 

KADE IMA NAJMNOGU ISELENO MAKEDONCI? KOLKAV BROJOT VO TIE GRADOVI? DALI IM SE POCITUVAAT PRAVATA NA NASITE MAKEDONCI KADE ST SE ISELENI?

Ве известуваме дека немаме податоци за тоа каде има најмногу наши иселеници а што се однесува до признавањето на нивните права-секако дека се почитуваат.


slavica poposka
slavicapoposka@hotmail.com.au
12.04.2006
 

Nesto poopsirno od pres konferencijata po povod nastanite vo avstralija potocno za crkovniot problem so vladikata Petar.

На Прес конференцијата одржана по враќањето на делегацијата на Агенцијата за иселеништво од Австралија, директорот на Агенцијата, г-дин Наум Димитровски ја пренесе сликата за општото незадоволство на огромниот број македонски иселеници од работењето на Митрополитот Австралиско - Новозеландски, Г.Петар.


Biljana
biljana_c@chemist.com
17.03.2006
 

Pozdrav do vas i ke ve molam za sovet:Koi dokumenti mi se potrebni za dobivanje na pasos i kolku vreme trae celata procedura?Imeno mojot pasos e validen no mi treba nov so promena na imeto.Dali e i potrebno nov izvod ,pa novo drzavjanstvo i nova licna karta kade ke bidat vmetnata promenata na imeto?

   Ве известуваме дека треба да извадите нова патна исправа и тоа лично во Република Македонија, а надлежен орган е Министерството за внатрешни работи. Претходно потребни се нови документи со промена на името, кои ќе ги приложите како доказ при вадење на нова патната исправа.

   Доколку сте иселеник, оваа постапка ќе можете да ја спроведете во ДКП на РМ во земјата каде што престојувате или лично во Република Македонија, во местото каде што последен пат сте престојувале.


Liljana Barlagianni
barlagiannis@mail.gr
11.03.2006
 

Me interesira dali ima nekoja organizacija na makedonski iselenici vo Grcija?

Во Грција има организација на Македонците од Егејска Македонија. Се вика Виножито. Ако ви требаат поподробни податоци адреса, телефон итн, обратете ни се, ке ви ги доставиме


gordana.d@optusnet.com.au
21.02.2006
 

kako mozam da nabavam tolkoven recnik i po koja cena? dali e izlezen i vtoriot tom od tolkovniot recnik?

Издавач на ТОЛКОВНИОТ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК е Институтот за македонски јазик и се издадени првиот и вториот том.

Поединечна цена на секој том е 1500 денари.

Можете да ги купите преку Институтот за македонски јазик.

За подетални информации обратете се на следнава меил адреса makarijoska@yahoo.com