Личности > Радован Павлоски Почетна   Испечати   Контакт    
јазици
Образование
Галерија
Детско катче
Културно наследство
Природно наследство
Личности
Изданија
Уметност
Празнувања
Издавачки куќи
Излог
Чудесната земја
Временска прогноза
Click for Skopje-Petrovec, Macedonia Forecast
Контакт
Агенцијата за иселеништво се префрли во нови простории на
адреса:

ул. Македонија бр.19
1000 Скопје

тел:   + 389 2 3228 212
факс: + 389 2 3118 539
e-mail: info@minisel.gov.mk

 

Радован Павлоски Милтон Манаки Јанко Константинов Петранка Костадиновска Калиопи Интервју: ЕСМА РЕЏЕПОВА - КРАЛИЦА НА РОМСКАТА ПЕСНА Пепи Бафтировски СИМОН ТРПЧЕСКИ Благој Нацоски Верица Пандиловска Ѓорѓи Цуцковски

Радован Павлоски

 

Интервју со РАДОВАН ПАВЛОВСКИ,
поет, есеист, патописец


ЕДНИ ЗАКОНИ ИМА СВЕТОТ, ДРУГИ ПОЕТОТ

Првпат Ве запознав во сега далечната 1965 година, преку поезијата во “Суша, свадби и селидби”. Ме понесе чистината на зборот, сликањето на пределите, посебно инпресиите, или ако сакате инспирациите за да напишете : “И додека јас момче, бришејќи ја потта од челото продолжувам, да ја пишувам оваа поема за нашите преселби”. Каде се почетоците на Вашата поезија?

- Јас сум на долг пат во животот и творештвото, река од непресушен извор од реката на моето детство, Железна Река. Потеклото, изворите на целокупното мое творештво не е за еден ден, ниту за еден век , туку творечка легенда на духот од битието на македонскиот древен и сегашен македонски народ и нација во модерната историја, па и наша големина на духовното постоење во новиот милениум. Еднаш за секогаш изгреа мојата ѕвезда од Железна Река, македонска цивилизациска единка и моја творечка одредница. По позив и мисија со голема творечка посветеност, уште од рани детски години па сe до сега, до овие нови творечки години во милениумов, како и во минатиот, со изворен идентитет ме одржуваат истите автентични креативни сили, со сета чистота на етички план и како човек и како творец. Мојата биографија е сродна со целината на македонскиот народ, на својата родна сончева грутка земја.

- “Селидбите...”, како поема во поетска проза е само дел од првата моја збирка песни, која има длабок корен во македонските вековни преселби и како мој личен и како мој народен живот. Тие на поетски план го носат гласот на мојата поезија, поезијата која колку што е народно универзална и индивидуална, таа ја има и поетската супстанца - сублимираната духовна енергија во песната со вселенската сила, за преселбите на народите и цивилизациите. Но со моја и со наша духовна боја и единствена македонска специфична креативност на македонскиот јазик, со акцент на македонските преселби, од најблиското до најдалечното.
Добро, рековте – почетоците? Или, пак, би додал – со продолженијата на почетоците. Почетоците се во мене, како поетска индивидуалност, што би се рекло, во сензибилитетот на мојот живот и неговата духовност – песните со физичка, телесна содржина на плодноста, еросот, љубовта, постанокот на песните од македонскиот цивилизациски извор, од Железна Река.
Силината на Вашата поезија е во Вашата слобода на зборот, во силата на мислата и на духот. Зошто толку многу имате потреба за животот да прикажувате, да пеете на необичен начин. Дали суштината на тоа е во величието на Македонија, во рамките на светската цивилизација? Затоа ли пишувате: “Ги мирисам воените ружи на Самоила, жетвар на војните...”

- Постои и творечка харизма – харизма, како што рековте, на “силата на мислата и на духот”, која е евидентна во целокупното мое поетско творештво. Уште на почетокот, во шеесетите години, во темелните години на раѓањето на македонската модерна поезија, напишав една своја максима, на која творечки и сега и припаѓам:”Едни закони има светот, други поетот”. Секоја моја песна, било лирска, епска, драмска, мисловна, било да го опева или овековечува нашиот јужен пејсаж, земја, народ, историја, елегија, фреска, длабоко произлегува од мојот живот, од мојата творечка врска со сите времиња на нашиот народ и неговото битие - има таков патоказ во светот на поезијата, така што, претставува свет за себе со своја поетика, каде со обични два – три збора мудрост, ги одржува во кохезија, во згуснато време на песната, во една сублимација. Љубовта и слободата се внатрешни сили што го оплободуваат творечкиот дух на поетот во секое време. Никогаш не сум робувал на формули, ниту сум одел по туѓи патишта и примери. Откривајќи се во творештвото себе си, сум го откривал и својот народ. Откривајќи го својот народ, сум се откривал и себе си – своето место во народот, а со народот и моето место во светот. Македонската историја е светска уште од најдревните времиња на Македонија, па се до овој нов и идните векови. Колку што е мојата поезија едноставна и природна како светлината, таа истовремено е и сложена, комплексна.

- Збирката песни “Корабија” е земја кораб, која плови во космичко препознавање на македонската духовна пловидба – тоа се поеми, бранови што сум ги творел, пишувал, создавал во единство со себе, со својот живот и со својата поетика, единствена и неповторлива во времето и просторот, како на пример, некои песни сум ги создавал и во пловидба по земјите на Источниот Медитеран, како во Кипар, Сирија, Либан и во земјите на фараоните, кога имав дваесет и неколку години. Песните ги паметам како постанок на светот, таму каде што сум бил со нив како Ѕвездочатец (Ѕвездознаец). Со песните сум исчекорил подалеку од историјата, во светската историја на поезијата. За мене изминатиот поетски пат, создадените деветнаесет поетски книги поезија ја презентираат мојата творечка поетска личност во самиот врв на македонската, на европската и на светската поезија. Цели четириесет и пет години, од појавата на првите песни во април 1955 година, од Железна Река, со сите бранови, молњи и громови, со сите звучни слики на духот, првпат со голема креативна моќ и со македонски збор слободен и ослободен од сите идеолошки стеги и неправди. Извишувајќи се со песната, како химна над Балканот и над Европа, за една целосна видливост на светот, во епохата во која сум се родил и творам.

Моите песни, првите, во првата книга песни,” Суша, свадба и селидби” (1961) и сегашните и идните мои песни и книги секогаш први, од самиот почеток се цивилни песни и се длабоко во врска со цивилизациите на човештвото, каде македонската цивилизација е, исто така, сеприсутна – Македонија како вечен мит, а и како бесмртна вечно жива реалност, насекаде и во секое време присутна, каква што е македонската земја, народ, култура и историја.

Од сите дарби што ги носам генетски, многу одамна, пред да бидам роден со дарба како за музиката, сликарството, филозофијата, како и инстиктот да истражувам во полето на антропологијата – речиси сето свое творечко битие & го посветив најмногу на поезијата, на изразните средства на македонскиот јазик, чиј духовен лет високо се извишува во мојата поезија.
“Едно дете пијано за трки се простува со селата што ги поврзуваше со зелена преѓа од Железна Река”. Дали Железна Река е Вашата легитимација во светот на поезијата, со која го ковате штитот пред наездата на “скакулците” во животот?
- Мојот одговор го допревте со ова прашање – одговорот е во метафората, Железна Река, која во бранови ги носи и ги бранува вечните слики на поезијата на “Едно дете пијано за трки (кое – јас) се простува со селата што ги поврзуваше со зелена преѓа на Железна Река”, (“Рајот на детството”), што значи песната ми ги отвори патиштата и во световите на животот и во светот на поезијата, тие два непресушни извори. Изворите, исто така, два сe на Железна Река, македонска, во чии долини, ридови и планини, под чија “капија на виножитото” сум се играл, растел во кругот на семејството и во круговите на божествената природа, кои временски животни кругови, подоцна со текот на творечките години сум ги претворил (сум ги ослободил) во песна: “О каква радост за математичарот кога кругот му се претвора во стрела и погодок”, (стих од збирката песни “Корабија” 1965 година). Творечки, отсекогаш сум го приземјувал небото со сета своја плодност. Сe што ќе никне се бори да израсте, живее во својата почва и во својата посна и сушна клима, но затоа плодовите на сушата се свети. И кога се горчливи.

Вечноста творечки ја остварувам со поезијата. Но и во други креативности на сопствената поетика зависно кога, како, во што, и во кои временски интервали и услови. Секогаш, уште во првите појдовни стапки сум бил и во наезда и во поход. Каков поет би бил од Железна Река, од Македонија, а да немам штит исковен на молњи. Каков духовен воин би бил, ако не ја испеав збирката песни (сите историски поеми) “Низ проѕирката на мечот”. Каков поет ќе бев, ако не растев со лебот од зрната на житата на македонската земја, сакрална и света во мојата поезија.Каква, Железна Река ќе беше, ако со мојот духовен кораб не отпловив по морињата и океаните на светот, и не ќе ги отклучев ни патиштата, ако не го откриев клучот од Железна Река, ако не ја создадев поетската трилогија: “Зрна, Молњи и Клучеви”. Железна Река е моја лична карта, паспорт и виза. Песните се мојот штит, мојата виза.
Дали сте Вие поетски гениј, или сте поетски херој на Македонија. Дали е ова време за херојство или дозволувате мудрецот да зборува во Вас?

- Светот без Македонија и без Македонците не би бил цел. Би бил празен. Никогаш не сум им припаѓал ниту на хероите, ниту на трагичарите. Трагичарите како во античките трагедии се во меѓусебен реципроцитет, во меѓузависност – ако не се трагичари, тогаш се херои. Но, затоа постои творечки поетски подвиг, поетот со делото да се воздигне врз трагично - херојската судбина. Можам да го проживеам животот со два – тројца пријатели и со неколку птици, но не можам без целиот свет. Поетот е и дете, и мудрец, и бунтовник. Па, зарем има нешто поприродно, освен, во поезијата да се биде “поетски гениј”! Тоа & приличи на мудроста. Мислителите знаат дека со постанокот на светот настанала и мудроста. Таа е еден вид повеќе од искуствата, еден вид невидлива енергија, недоволно осознаен имунитет, еден вид перпетум мобиле, вечен сон на мудроста, која самата од себе се движи, поречувајќи ги дури и физичките закони на материјализираниот свет. Светот, денеска повеќе живее во заборав , заборавајќи дека и човекот станал машина која за да трае подолго треба и да се поправа.

- Тука треба да се запрашаме: “Што се подразбира под “мудрост”? Мудроста е една од најфлуидните сфери на духот, таа не е од материјална природа и не e наследна. Но, штом се открие, веднаш од мудролиите се уништува. Зошто? Кај нас, барем, по некое негативно искуство, под мудрост се подразбира, некого да го надитриш, да му го земеш на човека касајот од уста... Понекогаш, си помислувам, лошото што ни се случува, се случува за нечие лично добро. А не бев патник за “Титаник”. Можеби само мудроста знае да се бори со моќта на судбината.

Вие преку поезијата кажувате како се сака Македонија. Тоа кај Вас е потреба на денот, Ваша животна определба. Затоа ли толку интензивно го живеете митот за Македонија?
- Има многу митови и митологии, историски, политички, религиозни... Светот е потопен, митолошки, како Атлантида и на море, и на копно, на влажно и на суво. Едни митови умираат, други воскреснуваат. Современата митологија се материјализира, се поткупува, подмитува – стана трансфер на лажни вредности, на разни митеми и анатеми, на изворната креативна митологија, чиј корен има длабок корен во неисцрпната енергија на потсвеста на интуицијата, имагинацијата, вон временската универзалност како кај Хомер, Сократ, Софокле, Аристотел… Ерос е креативно осакатен, кастриран, речиси претворен во таблетка, затворен како кепец во шишенцето на дрогата и белата чума на векот. Хемискиот состав на биолошкиот човек е променет, видоизменет. Се случува бродолом, бродолом сличен на оној на Магелан, кој поаѓајќи од една точка на Земјината топка не успеал да се врати на истата појдовна точка. Технолошкиот човек на современата цивилизација е повеќе биолошко, отколку духовно битие. Отсекогаш, сите уметности, па и поезијата биле само облици на љубовта. Не е ни крај, ни почеток на светот. Секој ден се раѓаат нови светови.
Кое е тоа горчливо семе и колку тоа сега “горчи” во душата на сите нас?

- “Беше фрлено горчливо семе во мојата земја...” Тоа вечно семе, ете, преку една поетска визија од педесеттите години на минатиот век израсна и ја контаминира не само нашата земја, туку и планетата. Не постои несреќна љубов, постојат несреќни околности, постои драма која историски ограничувајќи може да биде насукана околу коренот на среќата, задоволството, убавината, за да предизвика несреќа, трагедија, како катарза на “горчливото семе кое станало горчливо преку контаминираната почва. Тука би додал: “Не е секое семе за секоја земја. Само поетското семе e за секоја земја, дури и за таму каде ништо не никнало и каде што немало ни бог да никне”

Во современите текови на поезијата, во европската, па и во светската, се сее без семе, или пак се сее вештачко семе, што би се рекло со емулзијата на семантичката јазична машина, при што имаме жалосни процеси на обезлучување на сезибилитетот, на поетскиот код, се јавуваат групни колективитети - присутно е десензибилизирањето и опустошувањето; новиот Исус распнат на крст е Ерос.
Светот, па и нашиот свет на “отворено општество” е затрупан со проекти, со шеми, со планирања, со што им се бара крај, конкретизирање на крајот и тоа заради успех и материјализација. Завршија добрите времиња во уметничкото творештво, во кое силните творечки индивидуалности беа рамни на боговите.

Вие сте единствениот од нашата земја, претставен како македонски поет, есеист и патеписец, застапен меѓу петстотините личности што го одбележаа преминот во новиот милениум, според изданието на Интернационалниот биографски центар (ИБЦ) во Кембриџ, Англија. Значи вредело да се живее и да се создава, да се велича и да се сака татковината?
- Имам во светот потврдена творечка биографија со своите оргинални дела. Науката постои нешто да се научи, да се сфати, да дојде човек до себе и од себе преку образованието, преку целосниот комплекс на културата, на битието, па да се стигне и до светските признанија, кои на некој начин се врска меѓу културите и цивилизациите.
Јас ја живеам Македонија и творечки пак ја создавам Македонија. Нашето величие е взаемно.
Има и такви, кои со величието на Македонија тргуваат... Величието скапо го наплатуваат, го комерцијализираат нејзиното величие во границите на кичот и патетиката.

А сега едно прашање, без прашање, што ќе речете за себе во овој тренд на Вашата поезија, Вашиот однос кон сегашнината на животот и времето во кое живееме?
- Секој ден се соочувам со она што минало, што одминало од животот и што останало од творештвото. Во својата седма деценија од животот, колку што можам и колку што не можам творам и се борам со двете реалности, онаа творечката со која продолжувам да творам и со реалноста да се обезбеди сигурност од она што сум им дал и на поезијата и на државата. Јас на пример, никогаш ниедна држава во светот, не можам рационално да ја сфатам, имено што сака таа од поетот. Културните програми било да се национални или ирационални, во секој случај, ја ограничуваат културата, ја лимитираат.
За разлика од царставата кои секогаш знаеле што сакаат од поетот. Да се послужам со една моја одамна кажана метафора, а како да e сега: “Една мала држава напрсток ми e во Походот на песната”.

Олга Јаневска – Јовановиќ
БИОГРАФИЈА И БИБЛИОГРАФИЈА

Радован Павловски, поет, есеист, патеписец, е роден на 23 ноември 1937 година во Ниш, Југославија. Неговото семејство се врати во Железна Река, македонско село од каде потекнуваат неговите родители, во подрачјето помеѓу Гостивар, Кичево и Поречје - Западна Македонија, каде што го поминува своето детство. тој е потомок на старата македонска лоза Волканоска - Филипоска - Павловска. Негова мајка е Достана (родена Мицкоска), а негов татко е Павле, роден Павловски. Основното образование го заврши во Железна река, а средно образование во Гостивар. Има студирано право и литература на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Својот живот го посвети на пишуваната поезија. Од 1964 до 1982 година живее и твори во Загреб, потоа три години во Белград, а од 1985 година се враќа во Македонија, каде живее и твори во Скопје.
Автор е на книгите поезија: “Суша, свадби и селидби”, 1961, “Корабија”, 1964, “Високо пладне”, 1966, “Низ проѕирката на мечот”, 1971, “Сонце за кое змијата не знае”, 1972, “Пир”, 1973, “Зрна”, 1975, “Молњи”, 1978, “Стражи”, 1980, “Чума”, 1984, “Клучеви”, 1986, “Маре

 


Пребарај
 
Поважни линкови
 
 
 
 
 
 

 

 

Copyright (c) 2009 Агенција за Иселеништво. Сите права се задржани.