Образование Почетна   Испечати   Контакт    
јазици
Образование
Галерија
Детско катче
Културно наследство
Природно наследство
Личности
Изданија
Уметност
Празнувања
Издавачки куќи
Излог
Чудесната земја
Временска прогноза
Click for Skopje-Petrovec, Macedonia Forecast
Контакт
Агенцијата за иселеништво се префрли во нови простории на
адреса:

ул. Македонија бр.19
1000 Скопје

тел:   + 389 2 3228 212
факс: + 389 2 3118 539
e-mail: info@minisel.gov.mk

 

Образование

БУКВАР-МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

20.05.2013 година Печатење Препорачај ја на пријател


м-р Билјана Костова

16.12.2011 година Печатење Препорачај ја на пријател

 

 

Учењето на македонскиот јазик од страна на потомците иселеници од Македонија, од големо значење за зачувување на македонскиот идентитет

 

 
Вовед
Јазикот е основен белег на идентитетот на еден народ. Учењето и  негувањето на македонскиот јазик од страна на потомците на иселениците од Македонија и неговото пренесување на идните генерации е од најголемо значење за зачувување на македонскиот идентитет и развивање на чувството за припадност кон македонската нација пред се.
Македонија е земја со долгогодишна традиција на иселување, што значи дека иселеници од Македонија по светот има од прва па до четврта или петта генерација. Многу оддамна уште во првата половина на дваесеттиот век, иселениците почнале да се здружуваат во организирани форми од различен карактер. Се со цел да можат почесто да комуницираат на мајчиниот јазик, да се среќаваат со својот народ, да си помагаат и да си ја олеснат носталгијата далеку од својата татковина. Најпрво тоа биле културно-уметнички друштва, пишани медиуми на македонски јазик, друштва за афирмирање на македонската вистина, здруженија на иселеници кои потекнуваат од исти села или градови и слично. По прогласувањето на Македонската православна црква како автокефална, во средините каде што живееле и работеле македонските иселеници масовно почнале да се организираат и формираат македонските црковни општини, кои денес бројат околу 110.  Во состав на овие црковни општини, покрај редовните богослужби за македонските верници, се организирани и дополнителни секции како: црковно хорско пеење, литературни друштва, културно-уметнички друштва и училишта со настава по македонски јазик.
Македонските иселеници членувајќи во овие организации го одржуваат контактот со својот народ, ги негуваат и продолжуваат обичаите и традицијата далеку од својата земја, а пред се го негуваат, учат и пренесуваат мајчиниот јазик.
Јазикот е основен белег на идентитетот на еден народ, учењето, негувањето на македонскиот јазик од страна на иселениците од Македонија и неговото пренесување на идните генерации е од најголемо значење за зачувување на македонскиот идентитет и развивање на чувството за припадност кон македонската нација пред се.(повеќе)



УЧИМЕ МАКЕДОНСКИ ONLINE - СПЕЦИЈАЛИЗИРАНО ONLINE УЧИЛИШТЕ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА НАСТАВА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА.

20.05.2010 година Печатење Препорачај ја на пријател

Aachener Str. 4, 90425 Nürnberg, Tel.: +49 (9 11) 2 39 65 95, Mob.: +49 (1 76)38 031 136, e-mail: jovanovmiki@yahoo.com, Mitko.Jovanov@arcor.de
Имаме чест да ви го презентираме проектот Учиме македонски online на специјализираното online училиште за дополнителна настава за учениците во дијаспората.
Однапред ви благодариме за соработката и комуникацијата со Вас во насока на запознавање на учениците и нивните родители со оваа благородна можност, нашите најмлади кои се родени и живеат надвор од границите на Македонија, на најлесен и забавен начин, да го научат македонскиот литературен јазик и писмо, историја и култура на Македонија.
Секој ученик од 6 до 18 години, без разлика дали живеат во Европа, Австралија, САД или друго место, можат да биде дел од училиштето и проектот.
Комплетни информации можете да добиете на веб страната на училиштето http://www.ucimakedonski.mk/, или http://www.learnmacedonian.mk/

Во продолжение во кратко за начинот на функционирање на училиштето;



ПРЕТХОДНИ ЗАПИСИ
Пребарај
 
Поважни линкови
 
 
 
 
 
 

 

 

Copyright (c) 2009 Агенција за Иселеништво. Сите права се задржани.