Водич за инвестирање

Основање на трговско друштво

.  11.4.2011 година Печатење Препорачај ја на пријател

За да регистрирате ДООЕЛ или ДОО, прво што треба да направите е да одредите назив на трговското друштво што сакате да го регистрирате и да извршите проверка на називот. Дали таков назив веќе постои?


Купување на претрпријатие во стечај

.  11.4.2011 година Печатење Препорачај ја на пријател

Согласно Законот за стечај постојат две (2) можности за инвестирање во претпријатија, стечајни должници, над кои е отворена стечајна постапка и тоа:
- со продажба на претпријатието - должник во целост или негов дел и
- со план за реорганизација на претпријатието - должник.


Инвестирање во градежно земјиште

.  11.4.2011 година Печатење Препорачај ја на пријател

Градежното земјиште може да биде во сопственост на Р.Македонија и на домашни физички и правни лица. На правото на сопственост на градежното земјиште и на другите права врз тоа земјиште се применуваат прописите за сопственоста и другите права врз стварите, како и прописите за евиденција на правата врз недвижностите. Сопственоста на градежното земјиште ја опфаќа неговата површина и се она што со него е трајно поврзано, а се наоѓа на површината или под неа, ако со закон поинаку не е определено.


Инвестирање во земјоделско земјиште

.  11.4.2011 година Печатење Препорачај ја на пријател

Земјоделското земјиште во државна сопственост согласно Законот за земјоделско земјиште; Законот за изменување и дополнување на законот за земјоделско земјиште 1999 и Законот за изменување и дополнување на законот за земјоделско земјиште 2004 може да се даде на користење:
- со концесија и
- под закуп


Други корисни информации

.  11.4.2011 година Печатење Препорачај ја на пријател

Поим концесија: Под поимот концесија се подразбира акт со кој се отстапуваат на користење добрата од општ интерес за Република Македонија, на физичко или правно лице (домашно или странско), или конзорциум, по спроведена постапка по Јавен повик и доставување на понуди за добивање концесија.