ГАЛЕРИЈА НА ИКОНИ Изложба на галии КОЛОРИТНИ МАКЕДОНСКИ НОСИИ СТАР МАКЕДОНСКИ НАКИТ МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ВЕЗОВИ Сребрена филигранска нишка

Изложба на галии

 

ИЗЛОЖБА: РИСТО ЖУРКОВ

СРЕДНОВЕКОВНИ ГАЛИИ




Во Културно-информативниот центар во Скопје се одржа несекојдневна изложба на поклониците на оригиналната уметност. Автор на седумте прекрасни средновековни галии е РИСТО ЖУРКОВ, кој со ова хоби се занимава уште од неговото детство.

  

Овие седум галии ги има изработувано околу четири години, бидејќи за еден брод се потребни од 4-6 месеци макотрпна секојдневна работа. Најтежок дел претставува изработката на шемите, што ги прави од фотографија.

 



За да се направат тие уникатни шпански, англиски и кинески галии потребна е огромна умешност и стрпливост, својствена на луѓе кои со голема љубов и преданост се посветуваат на едно вакво оригинално хоби.