Резби што пленат со уникатност МНТ - Драма: Живко Чинго Борјан Цанев Синтезис ја воодушеви публиката Женски камерен хор Снежана Стамеска Кераца Висулчева 1903 – 2003 Милош Коџоман Владо Муковски Битолски театар - Австралиски ветар Сократ Лафазановски Етнологија на Македонија Антони Мазневски Владимир Георгиевски Лазар Личеноски ЕСНАФОТ ВО ФУНКЦИЈА НА ТУРИЗМОТ

ЕСНАФОТ ВО ФУНКЦИЈА НА ТУРИЗМОТ

 

Во организација на „БМХ“ - Агенција за маркетинг беше одржана промоција на занаетчиски производи во Скопје. Идејата на организаторот на оваа презентација, Зоран Трајковски, беше занаетчиските производи да се искористат како сувенири.

„Работејќи интензивно на проектот ’Каталог на македонски сувенири’ се повеќе навлегував во истражувањата за старите занаети и вистинските мајстори-еснафи кои полека изумираат, но сепак со голема виталност и денес опстојуваат, ни изјави Трајковски и додаде: „Општ е впечатокот дека сеуште не се докрај искористени еснафските производи за културна афирмација на нашата земја, особено во сегментот што беше предмет на моето ангажирање - изработка на сувенири.“

Светските искуства покажуваат дека реномираните туристички земји не само што вложуваат огромни средства во изработката на сувенири ништо не се препушта на случајности. Се оди дотаму дури да се ангажираат екипи составени од стручни лица како што се дизајнери, етнолози, ликовни уметници, па дури и модни креатори кои можат да го привлечат вниманието на туристот.

За финансиските резултати и за тоа колку средства се инкасираат во туристичката каса на високоразвиените земји, каде туризмот се котира високо во нивната економија, можеме само да претпоставиме.

На изложбата беа претставени оригинални занаетчиски производи, како што се народни инструменти, копаничарски производи - до перфекција изработени во дрво со мотиви од наши цркви и олтари, оригинални мали касели, рачно изработен накит од сребро и злато и други употребни предмети, како што се приврзоци за клучеви и маици со налепници и сито печат на мотиви на објекти од археолошкото наследство на Македонија.

За одбележување е присуството на Музејот на Македонија, поточно неговото одделение за маркетинг во кое вредните археолози веќе со години наназад изработуваат мошне успешни копии на виничките икони како и други копии од трезорот на овој Музеј.

Подготвениот двојазичен каталог, декорацијата со постери чиј автор е еминентниот мајстор на уметничка фотографија, Благој Дрнков, со мотиви на природното наследство на Македонија, се несомнен пример дека на ваков начин треба помасовно и поорганизирано да се презентира најдоброто од Македонија...

Виолета Шиндил

подготвила: Д. Ангеловa