Резби што пленат со уникатност МНТ - Драма: Живко Чинго Борјан Цанев Синтезис ја воодушеви публиката Женски камерен хор Снежана Стамеска Кераца Висулчева 1903 – 2003 Милош Коџоман Владо Муковски Битолски театар - Австралиски ветар Сократ Лафазановски Етнологија на Македонија Антони Мазневски Владимир Георгиевски Лазар Личеноски ЕСНАФОТ ВО ФУНКЦИЈА НА ТУРИЗМОТ

Антони Мазневски

 

kulturaumetnost.jpg (70998 bytes)Сегашната состојба на ликовната уметност е претворена од прашање во цел на творечкиот проект. Без-историската заднина се наложува како почетна претпоставка и за приодот кон најновите ликовни зафати на македонскиот уметник Антони Мазневски.

Професионалното созревање на овој млад автор и развитокот на неговото творештво претставуваат чинители коишто стојат во цврста меѓузависност, како со особеностите во развитокот на тековната македонска ликовна продукција, така и со професионалното созревање на една генерација македонски уметници. Во тој поглед, тематскиот интерес и истражувачкиот израз на Мазневски од почетокот на деведесеттите ги опфаќа содржините на уметничката и општествена стварност којашто забрзано ја губи сопствената идеолошка и институционална подлога.

 

Сегашната творечка позиција на Мазневски, онака како што е претставена на неговиот самостоен настап во изложбените простори на Музејот на град Скопје, остава малку простор за вреднување на уметниковите намери. Впрочем, оваа поставка којашто обединува шест објекти и, безмалку, дузина цртежи, претставува кревка целина од јасно издвоени епизоди на една ликовна мисла во растеж. Наедно, таа претставува и искрена изјава за практикувањето на уметноста како истражувачко талкање нанапред. Застапените објекти и цртежи, ниту го илустрираат, ниту учествуваат во судирот на двете стварности: стварноста на новиот медиум и стварноста на старата ликовна дисциплина.

Авторот Антони Мазневски е роден во Скопје (1963 г.). Дипломирал 1991 година на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Имал студиски престои на International Summer Academy во Салзбург во 1995 и во Њујорк на Arts Link Residency Program во 1997. Досега има седум самостојни изложби во Скопје, како и повеќе селектирани групни изложби во Минхен, Белград, Вајмар, Нирнберг, Токио, Лоѓ, Риека...

Б. И.

подготвила и избор: Д. Ангелова

kulturaumetnost1.jpg (80630 bytes)