Резби што пленат со уникатност МНТ - Драма: Живко Чинго Борјан Цанев Синтезис ја воодушеви публиката Женски камерен хор Снежана Стамеска Кераца Висулчева 1903 – 2003 Милош Коџоман Владо Муковски Битолски театар - Австралиски ветар Сократ Лафазановски Етнологија на Македонија Антони Мазневски Владимир Георгиевски Лазар Личеноски ЕСНАФОТ ВО ФУНКЦИЈА НА ТУРИЗМОТ

Сократ Лафазановски

 

 

СОКРАТ ЛАФАЗАНОВСКИ - СЛИКАР Во своето 30-годишно творештво има создадено околу 1700 слики, на кои неисцрпна инспирација му е балетот и бескрајот на вселената. Уметник во душата, 14 години работел на балетската сцена, за потоа, со силна свежина на визијата, целосно да му се посвети на ликовното творештвоЖивотот честопати пишува необични приказни. Една од нив е и онаа за Сократ Лафазановски, за неговото безвременско сликарство, за неговата вечна потрага по светлината, за истражувањето на вселената, за кругот кој му лежи, игра во градите. Топла, животна приказна за вечната борба на светлината и темнината, на животот и смртта. Ќе рече - Никој не може да ја запре светлината, таа е создадена така што само Господ може да ја сопре.

ВО ПОТРАГА ПО СВЕТЛИНАТА

Мајка му му раскажувала дека се родил со ѕвезда на небото. Можеби тоа бил знакот, таа божја предодреденост да биде она што е денес, да биде цврст, да не се предава. И да истрае и кога животот му нанесувал тешки удари. Кога како дете, во 1948 година, некој си земал за право да го оттргне од родното село, од мајчината прегратка и заедно со уште безброј такви, незаштитени и мали деца, да ги прати на пат во непознатото, да го спасат голиот живот. Или кога судбината си поигра со него и во чекор ја прекина неговата најголема љубов - балетот.

 

sokrat6.jpg (25767 bytes)

Приказната почнува вака...

-Мојот животен пат во уметноста започна да се гради по необични патишта. Уште на 12 години ја земав хармониката, самоук, да научам да свирам. По неа дојде и гитарата. Некаде во седмо-осмо одделение моите професори во Романија, забележаа дека имам дарба за ликовна уметност. По нивни наговор, по завршувањето на осмолетката заминав во градот Јаж и се запишав во Средното ликовно училиште, а во истиот комплекс се наоѓаа и балетското и музичкото училиште. И така, јас одам во средното ликовно, а постојано слушам звуци на клавир, долу од приземјето. Отидов да видам што се случува, се качив на прозорецот и видов нешто за прв пат во мојот живот, нешто многу необично, дури не знаев дека е тоа балетска сала. Ги гледав тие балетски силуети, во скокови, во игра, оплеменети со музика и се вљубив на прв поглед, се тресев од восхит и љубов така малечок на прозорецот, раскажува Сократ.

Така започнале неговите бегства од предавањата, само за да може низ прозорецот да ги гледа балетаните, се до оној миг додека не стасал до исклучување од училиштето и додека еден од кореографите не го забележал и го повикал да игра, а паралелно да учи и сликарство. Ги завршил двете школи како еден од најталентираните ученици. По завршувањето се определил за балетот и почнал да настапува во Операта во Брашов, а паралелно, секогаш кога имал време сликал пејзажи, портрети. Во 1967 година, конечно доаѓа онаму каде го влече срцето, во Македонија и започнува да настапува во Македонскиот народен театар. Се до оној кобен ден, кога заради тешката сообраќајна несреќа, морал да му каже збогум на балетот. По цели 14 години професионална игра.

-Бев многу разочаран, дури мислев дека животот не ми вреди повеќе, многу љубов, време и труд вложив во балетот. Но, не се помирив со судбината. Решив едната љубов, балетот, да ја преточам во другата, во сликарството. Така, барајќи го својот уметнички идентитет, сакав да се ослободам од репродуцирањето на она што го создала природата и да создадам нешто ново, напредно и современо творештво. На Педагошката академија, кога ги учевме елементите на апстракција, професорот Борко Лазески ме запраша зошто постојано го уфрлам кругот во композицијата. Јас му одговорив дека тука некаде во градите ми лежи, игра во мене. Тој круг било она што потсвесно го носев во себе, зошто, со години, немаше вечер, а јас да не сонувам како играм на сцена.

sokrat2.jpg (19834 bytes)

Вака објаснува г-нот Лафазановски и додава - Почнав тој круг да го наоѓам во елипсеста форма во балетската уметност, во пируетите, кога се игра валцер, многу вежби во балетот формираа круг, а тој круг е полн со динамика, со енергија, а во сликарството со боја. Тој круг остана до денес да биде главна форма во композицијата, основен симбол, препознатлив печат на моето сликарство. Кругот го зема местото на балетската пируета и ми ги отвори бескрајните порти на вселената, на вселенските тела. Оттука тргнав кон тоа главно, темелно истражување на микро и макрокосмичкиот поредок. Покрај трите главни елементи на моето творештво: просторот - вселената, формата-кругот, бојата, посебно се создаде светлината. Светлината не е случајна, таа ме одржа во живот кога ми беше најтешко...

-Светлината како рефлексија на минатото или како двигател кон иднината? - го прашувам.

-Двигател кон иднината, двигател со полна пареа на енергија, одговара.

-Ја досегнавте ли светлината? - повторно го прашувам.

За момент се замислува.

sokrat3.jpg (17678 bytes)

-Во сликарството никој не може да рече дека постигнал се, готово е, немам веќе што да сликам. Сигурно донекаде ја достигнав светлината и ја носам во себе, но се додека сум жив ќе работам, ќе сликам и понатаму ќе патувам низ вселената, во таинствените сфери, ќе контактирам со прапочетокот, бескрајот, времето и просторот и ќе создавам композиции на предели од кружни форми и облици, кои го претставуваат мистицизмот транспониран низ ѕвездените пејзажи. Љубовта и

Во неговото творештво се вградени трите уметности, балетот, музиката и сликарството, испреплетени, поврзани во еден флуид со аналогиите на ритмот кај балетот, хармонијата или тонот кај сликарството и звукот кај музиката. Тоа го дава бојата, боите менираат, во самата композиција се гледа дека има движење, но за тоа треба да има треперење на бојата, да се биде маестро за сликата да има вибрација, игра, звук, да има сликарство. Да се биде маестро како Сократ Лафазановски.

sokrat1.jpg (29135 bytes)

чувставата кои ме понесуваат во уметноста ме прават многу среќен. Моето сликарство носи и една порака, покрај естетската димензија, а тоа е дека уметноста му овозможува на човекот да се изрази себеси во најдобра совршена форма. Тоа ме прави да бидам среќен, да се чувствувам помлад. А од уметнички агол за мене уметноста претставува една мала или голема креативна флека на сопственото изразување кое проникнува од свеста или потсвеста на духот и емоционалното психолошко доживување на визуелната синтакса на чувставата. На неговите слики инспирирани од балетот, силуетите се во игра само во горниот дел, а долниот е споен со молњата, зашто според него, жената е феномен, второто сонце на топлината, таа има многу специфична енергија во животот, да создаде, да истрпи се. Затоа вели дека молњата е чинот на раѓањето на плодот преку енергијата и светлината, од срцето на ноќта, длабоко поврзано со играта на телото.

Работи на големи платна и веќе се оптегнати нови 40, а цртежите се подготвени. Слика со специфична техника, со извлекување, со топење на бојата, а за тоа е потребно време. Се работи на одредена температура за да се постигнат специфични, уникатни резултати, гужвање на бојата, лавина, светлина. Во своето 30-годишно творештво има создадено околу 1700 дела заедно со акварелите, но без минијатурите. Од нив околу 250 има подарено на разни институции, нешто на големи љубители на уметноста, кои не можат да си дозволат да ги платат сликите. Зошто за нив, за „големото око“, всушност, тој постои и создава.

 

 

-Моето тридецениско искуство ми говори дека луѓето што доаѓаат на моите изложби, едноставно знаат да се фатат за најдобрата слика. Тие не мора да ја познаваат техниката, но ја гледаат хармонијата, интензитетот, тонот, бојата, соодносот. Неверојатно како публиката, големото око, ги гледа тие работи. Тие немаат потреба од критичари. Тие сакаат да ја доживеат сликата да влезат во неа. Некои дури и со солзи го кажуваат тоа. Публиката знае да биде феноменален, добар, врвен критичар, единствен... Без публика сликарот е мртов, како што е мртов без аплауз балетскиот уметник...

sokrat4.jpg (19403 bytes)

Вели дека сега е задоволен, иако траумите и болката од срцето никогаш нема да исчезнат.

-Немав ни татко, ни мајка, никој да ми помогне. Почнав од ништо, а создадов нешто. Тоа е голем резултат, но многу, многу тежок живот...

Сократ Лафазановски и натаму го продолжува својот од кон бескрајот на вселената, кон некои недопрени светови и предели, кон таинственоста на универзумот. Со кругот во себе и светлината пред себе...

Анета Стојковска

(подготвила: Д. Ангелова