Резби што пленат со уникатност МНТ - Драма: Живко Чинго Борјан Цанев Синтезис ја воодушеви публиката Женски камерен хор Снежана Стамеска Кераца Висулчева 1903 – 2003 Милош Коџоман Владо Муковски Битолски театар - Австралиски ветар Сократ Лафазановски Етнологија на Македонија Антони Мазневски Владимир Георгиевски Лазар Личеноски ЕСНАФОТ ВО ФУНКЦИЈА НА ТУРИЗМОТ

1903 – 2003

 

 

КРЕСНА – ИЛИНДЕН – АСНОМ – САМОСТОЈНОСТ
 
Во рамките на одбележувањето на сто години од македонската државност во Музејот на Македонија деновиве беше отворена изложба “1903-2003 Кресна, Илинден, АСНОМ, Самостојност“.
Изложените предмети и документи  се поделени на две важни тематизации на замислата и остварувањето –Илинден во историјата и Илинден во музејското дело.
На изложбата се претставени повеќе од сто предмети кои хронолошки ги следат настаните од крајот на 19 век па се до крајот на 20век. Прикажаните документи, предмети и оружје со слика и збор го раскажуваат нескротливиот револуционерен дух на македонскиот народ за слобода.
На фотографиите се претставени борците на  Разловечкото и Кресненското востание, два мошне значајни  настани со кои Македонците стапуваат во борба за укинување на тугинскиот режим. Како продолжение на овие востанија се случува Илинден во чиј виор се раѓа првата Република на Балканот. Крушевското востание е прикажано преку оригиналната заклетва и предметите пред кои комитите се заколнувале на борба за слобода и смрт, голем број фотографии на учесниците на востанички чети, знамиња како и оригиналот на Крушевскиот манифест.
 
На изложбата можат да се видат оригинални фотографии на членовите на првата Влада на Народна Република Македонија од 1946 година, Првиот Устав на НРМ од 31. Декември 1946 година, печати, прогласи и Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ од октомври 1943 година, предмети кои ги прикажуваат настаните пред, за време и по  Првото заседание на  АСНОМ.
Третиот Илинден ја прикажува Македонија како самостојна и независна суверена држава. На 8 септември 1991 година македонскиот народ го исполни заветот на предците преку усвојувањето на Декларацијат за сувереност на својата држава, Уставот и Законот за химна, документи кои се дадени исто така во оригинал.
За изложбата е отпечатен каталог на 80 страници опремен со голем број црно-бели фотографии.
Автор на изложбата е Славјанка Петровска. Координатор и автор на текстот за каталогот е Софка Јанчова.
Поставката ќе биде изложена во следните три месеци, период во кој, во скратена верзија ќе биде прикажана во неколку градови на државата.