Резби што пленат со уникатност МНТ - Драма: Живко Чинго Борјан Цанев Синтезис ја воодушеви публиката Женски камерен хор Снежана Стамеска Кераца Висулчева 1903 – 2003 Милош Коџоман Владо Муковски Битолски театар - Австралиски ветар Сократ Лафазановски Етнологија на Македонија Антони Мазневски Владимир Георгиевски Лазар Личеноски ЕСНАФОТ ВО ФУНКЦИЈА НА ТУРИЗМОТ

Кераца Висулчева

 

 

Во Ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите беше отворена ретроспективна изложба на Кераца Висулчева. Од 5 јуни до 5 јули посетителите ќе имаат можност да видат 77 масла на платно од респектабилната уметничка збирка на Висулчева која брои 400 дела работени во различна техника како што се: масло, цртежи во пастел, молив, јаглен, глина и скулптури.
Ликовното дело на Кераца Висулчева од 1995/6 година стана дел од македонското ликовно наследство, период кога авторката се преселува во Македонија од Бугарија донесувајќи и подарувајќи и го на Македонија сиот свој ликовен опус. Делата се чуваат во Музејот на Македонија кој, во соработка со Музејот на современата уметност – Скопје, во 2002 година, ја организираше првата самостојна изложба во помал обем во Македонија на сликарката Кераца Висулчева.
За изложбата е подготвен богато опремен каталог од Соња Абаџиева, кустос – советник во Музејот на современа уметност – Скопје.