Резби што пленат со уникатност МНТ - Драма: Живко Чинго Борјан Цанев Синтезис ја воодушеви публиката Женски камерен хор Снежана Стамеска Кераца Висулчева 1903 – 2003 Милош Коџоман Владо Муковски Битолски театар - Австралиски ветар Сократ Лафазановски Етнологија на Македонија Антони Мазневски Владимир Георгиевски Лазар Личеноски ЕСНАФОТ ВО ФУНКЦИЈА НА ТУРИЗМОТ

Синтезис ја воодушеви публиката

 

Синтезис ја воодушеви публиката

Снимка бр. 1
Снимка бр. 2
Снимка бр. 3
Снимка бр. 4

На 5 мај во Универзалната сала во Скопје се одржа најавениот концерт на “Синтезис”, што воедно претставуваше и промоција на нивниот нов албум “СњингингМацедониа” На овој концерт, реализиран заедно со Македонската филхармонија под раководство на браќата Вања и Саша Николовски - Ѓумар, машкиот хор при МНТ и женскиот хор “Св. Злата Мегленска”, “Синтезис” на доследен начин ги пренесоа своите најнови музички материјали, но и оние постарите врзани за претходната постава, заедно со Драган Даутовски. Музичарите, оние што ги создадоа аранжманите на композициите присутни на албумот, покажаа виртуозност со интензитет кој може да се создаде само на сцена. Чувството што ја преплави илјадната публика можеше да се окарактеризира само како - катарза. Бранувачката енергија на македонските изворни ритми и кристално чистите гласови на трите девојки придружени со извонредните оркестрации, пленеа со својата исконска сила. Публиката стануваше на нозе и долго аплаудираше сред концерт.