Резби што пленат со уникатност МНТ - Драма: Живко Чинго Борјан Цанев Синтезис ја воодушеви публиката Женски камерен хор Снежана Стамеска Кераца Висулчева 1903 – 2003 Милош Коџоман Владо Муковски Битолски театар - Австралиски ветар Сократ Лафазановски Етнологија на Македонија Антони Мазневски Владимир Георгиевски Лазар Личеноски ЕСНАФОТ ВО ФУНКЦИЈА НА ТУРИЗМОТ

МНТ - Драма: Живко Чинго

 

ПИСАНИЕ

 

Во Театар „Центар“ премиерно беше изведена претставата „ПИСАНИЕ“ според прозни текстови на Живко Чинго, а во драматизација и режија на Бранко Ставрев. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите на Благој Мицевски, а автор на музиката Драган Даутовски. Улогите ги толкуваат Мето Јовановски и Салаетин Билал - како гости и актерите при Драмата на МНТ: Владимир Светиев, Димитар Костов, Трајче Георгиев, Александар Шехтански, Кирил Псалтиров, Снежана Коневска-Руси, Славица Ковачевиќ-Јовановска, Ѕвезда Ангеловска, Кирил Андоновски, Стојна Костовска, Борис Чоревски, Магдалена Ризова-Черних, Васил Шишков, Борис Шуминовски и Перо Стратов.

Како што истакна режисерот Бранко Ставрев, тој се занимава по шести или седми пат со делото на Чинго, кој не смее да биде заборавен не заради него самиот, туку заради сите нас. Се работи за претстава што е создадена од подолгата проза „Лазаревото писмо и писание“ и фрагменти од „Пасквелија“ на Чинго и не се разликува од она што овој автор го прави автентичен и свој, а тоа е претставување на реалноста како фантастика која најблиску жанровски може да се определи како гротеска. Во претставата не постојат позитивни и негативни ликови, нагласи режисерот Ставрев, туку само мали човечиња кои се убедени дека тоа што го прават го прават најдобро или едно човече кое во својата параноја сериозно зборува за некоја глупост.

Базирана на прозата „Лазаревото писмо и послание“, претставата говори за човек кој воопшто не игра во неа, што укажува на нејзиниот трагикомичен карактер.

Актерот Мето Јовановски нагласи дека во подготовките на претставата „Писание“, поточно во текот на нејзината драматизација се тргнало од некои универзални точки во делата на Чинго и желбата да се излезе од битовиот карактер и фолклорот, со цел да се направи една оригинална претстава. Од прозно дело во кое нема драматизација, рече Јовановски, се потрудивме да направиме сценско дело со оние веќе споменати основни места, кои ги земавме и ставивме во претставата. Се работи за претстава, која ги прикажува дегенеративните процеси на власта и моќта што на едноставен начин манипулираат со малите човечиња.

Н.И.

За секој писател живата врска со својот народ е неизмерно богатство. Засекогаш ќе остане сиромашен авторот што ќе замиже пред реалноста (сегашноста). Но, најголема казна ќе падне врз лицето на најталентираните автори ако рамнодушно се однесуваат кон своето време. Се рзбира, многубројни се дилемите, работата претешка, неблагодарна, но искрениот творец никогаш не калкулира, тој мора да биде на првата линија.

Вистинскиот човек со целата своја природа мора да се противи, мора да чувствува дека животот е нешто повеќе, многу потрајно, повредно, нешто за кое непрестано мора да се трага, нешто што непрестано мора да се изградува. Всушност, тоа за мене претставува пишувањето, творештвото, тоа непрестано барање на човечкото, на трајното, на убавото во животот. Ете зошто во моите ликови наоѓате зрак во моментот кога нивната душа е во најголема темнина.

Невозможно е да не постои излез.

Живко Чинго

подготвила: Д. Ангелова