Резби што пленат со уникатност МНТ - Драма: Живко Чинго Борјан Цанев Синтезис ја воодушеви публиката Женски камерен хор Снежана Стамеска Кераца Висулчева 1903 – 2003 Милош Коџоман Владо Муковски Битолски театар - Австралиски ветар Сократ Лафазановски Етнологија на Македонија Антони Мазневски Владимир Георгиевски Лазар Личеноски ЕСНАФОТ ВО ФУНКЦИЈА НА ТУРИЗМОТ

Резби што пленат со уникатност

 

Резби што пленат со уникатност

Сите членови на охридското семејство Крстевски веке долги години се занимаваат со резба и копаничарство, занает кој е надалеку познат и признат. Нивните резбарски фасцинантни дела ги красат домовите на кралот на Малезија, на Роман Херцог, Романо Проди, Хавиер Солана, на многу претседатели, премиери и министри од нашата земја и светот.

Нивните дела ги красат и црквите и манастирите во Македонија преку имресивните иконостаси. Нивното ателје е единствено професионално регистрирано ателје за резба кај нас и оваа година ќе прерасне во академија. За најмладиот член на семејството Крстевски, Филип – резбарството е неговиот живот иако тој активно се занимава и со музика подолго време. Нивните дела досега се изложувани на голем број изложби, светски саеми и колонии...Неколку први места за извонредна изработка се исто така, значаен сегмент во креативната работа на семејството.

Подготвил: З.С.