Билјана Костова Билјана Костова II дел Билјана Костова III дел Веле Алексоски Лидија Димковска Илинденски раскази Личности од Македонија Блаже Миневски Горан Стефановски Иванка Манасиевиќ Петко Домазетовски Илија Каланоски Паскал Камбуровски Тамара Арсовска Кочо Серафимов Марко Китевски Анте Поповски Марко Цепенков Јанко Томов

Билјана Костова II дел

 

ВИДОВИ НА МАКЕДОНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО АВСТРАЛИЈА

 
Денес во Австралија македонците се здружени во околу триста македонски организации и црковни општини, кои имаат големо значење и придонес за изнесување на македонската историја и вистина на повисоко ниво. Од самата поделба на Македонија по првата светска војна, па создавањето на Р.Македонија без нејзините вистински делови(граници), па до денес кога соседите не го признаваат нашето име и идентитет (Грција), нашата Православна црква(Србија), нашиот јазик и идентитет(Бугарија), правата на Македонските малцинства (Албанија и Бугарија), во македонците е врежана желбата и борбата за докажување на вистината пред светот, дека тоа е држава на македонци кои опстанале по толку векови асимилирање, тортура, прогонство и го зачувале својот македонски јазик, македонски идентитет и ден денес нема никој право да го одземе она за што со векови се гинело.
Македонските организации во Австралија со самото свое создавање имаат свој статут, претседател, седиште, цели, начин на дејствување објаснети во својот стратешки план и годишна програма и како такви се регистрирани во надлежните институции на владино ниво во Државата.
 
Од културно уметничките друштва ќе ги спомнеме: КУД Танец, КУД Илинден од Мелбурн и Сиднеј, КУД Лерински села, КУД Преспа, КУД Бисер, КУД Вардар, КУД Македонка, КУД Александар Македонски 3, КУД Гоце Делчев, КУД Јане Сандански, КУД Никола Карев, КУД Стив Наумов, КУД Македонија, КУД 11 ти Октомври, КУД Даме Груев, КУД Разиграна Македонка, КУД Светлост и многу други. Овие културно уметнички друштва ја промовираат македонската култура во Австралија и помагат повозрасните генерации да не ги заборават своите традиционални песни и ора, а помладите да ги научат. Организираат разни манифестации, собири, па и гостувања не само во матичната земја, туку и во други прекуокеански земји каде живеат и работат иселениците од Македонија. Исто се однесува и на литературното творештво, се формираат библиотеки со дела од македонски автори значајни за Македонија и истите се на располагање на помладата генерација. Самите иселеници поттикнати од тагата за својата татковина, тешкиот живот во туѓина далеку од своите блиски, се мотивирани да пишуваат поезија и други видови литературни дела со патриотски содржини и на тој начин се допринесува одржување на јазикот како и македонското писмо.
Постојат Македонски Асоцијации и здруженија кои дејствуваат политички, организирајќи демонстации, протести, обично поврзани со непризнавањето на името или на македонското малцинство, како и за кочниците за евроатланско интегрирање. Обично овие таканаречени интелектуални политички организации имаат членство на млади едуцирани, македонци кои потекнуваат од втора или трета генерација на македонски иселеници, па така изградени од националниот македонски дух и современата нивна интеграција во Австралиското општество имаат интелектуална и правна сила со која можат да дејствуват не само во Австралија, туку на поглобално ниво и да придонесат за судбината на Современата Македонска Држава.
Има и такви здруженија кои имаат хуманитарен карактер, како на пример АХАМ или Македонска Австралиска хуманитарна асоцијација, Македонската добротворна асоцијација од Мелбурн, (MCWA), Македонска добротворна асоцијација ,,Капари,, повеќе пензионерски фондации и други кои се грижат за обезбедување донации во матичната држава. Оваа хуманитарна помош претежно е наменета за хендикепирани лица, институциите за нивно згрижување или за осовремување на медицинските центри, болниците, училиштата, домовите во Македонија и др. Од ова можеме да заклучиме дека иселениците и покрај тоа што се далеку од својата држава, сепак со дел од срцето се тука, со својот народ, со својата земја и хуманитарните акции се дел од начините како би ја ублажиле тагата за нивната отсутност тогаш, кога на државата и се најпотребни.
                Иселениците од Македонија во Австралија тежнеејќи да го сочуват својот мајчин јазијк и писмо, со текот на своето живеење во Австралија издејствувале македонскиот јазик да се изучува низ редовна и дополнителна настава во состав на Етничките училишта насекаде каде има македонско население. Денес позначајни институции за учењето на македонскиот јазик во Австалија се ,,Македонскиот училишен совет од Нов Јужен Велс, Carlton Public School, Kogarah High School, ЕтничкоучилиштеНикола Карев, Етничко училиште Гоце Делцев, Етничко училиште 11 ти Октомври, Етничко училиште Св. Климент Охридски. Покрај основни училишта настава се врши и во средните училишта и на повисоко ниво и тоа на катедрата по Македонски јазик на Меквори универзитетот во Мелбурн каде покрај студенти со македонско потекло македонскиот јазик го изучуваат и студенти од друга национална припадност. Наставниците кои ја водат наставата на мајчин јазик се финансирани од Министерството за образование на Австралиската Влада, како и од страна на самите родители посебно кај дополнителната настава. Јазикот и писмото претставуваат најзначајно бележје на еден народ, нација или држава. Борбата за нивно зачувување постои откако постои и македонскиот народ. Затоа изучувањето на македонскиот јазик од страна на иселениците и нивната помлада генерација е од непроценливо значење за одржувањето на македонскиот идентитет не само во местата каде се иселени, туку и за Македонскиот народ воопшто.
                Во подалечното минато македонците во Австралија издавале свој печат, а денес македонците не само што имаат радиостаници туку и телевизиски програми и емисии на македонски јазик. Овие емисии покрај информативно-пропаганден карактер, имаат и национално-патриотски карактер бидејќи темата е поврзана со македонските корени, тешкиот живот во печалба, македонските убавини, повикот на татковината итн. Познати медиуми се: Радио Илинден од Мелбурн и Сиднеј, Радио Македонски неделник, “МАК ФМ Перт” “World Radio" 6EBA-FM 95.3 Mhz. (Multicultural Radio and Television Association of WA Inc.),
Глас од Македонија, Македонско Радио 3 ЗЗЗ-Мелбоурн, МПЦО “Св.Никола” - Црковен час “Духовна Светлина”, Radio 4 EB Macedonian Radio Program, Радио Илинден, Мелбурн, Радио Македонска лоза, Радио Преспа и Брик, СБС Радио Мелбоурне, СБС Радио Сиднеј и многу други кои секојдневно ги информираат македонските иселеници за нивната татковина и обратно. Денес со развојот на информирањето по електронски пат со помош на интернет адреси и интернет страни активностите на македонските медиуми во странство се одликуваат со голем квалитет, брзина и имаат голема политичка улога во смисла на македонската афирмација. Навремено цела светска јавност известуваат за политичката активност на иселеничките организации при организирање на протести и демонстрации, апели за масовна присутност на истите, како и објавување на значајни резолуции во врска со зачувување на македонското име и идентитет и нанесувањето на неправдини од нејзините соседи.
               
 
 СОЗДАВАЊЕ И УЛОГА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРАВОСЛАВНИ ЦРКОВНИ ОПШТИНИ И ХРАМОВИ ВО АВСТРАЛИЈА
 
                Во предвоениот период, македонските иселеници се иселувале со српски, турски, грчки или бугарски документи и патни исправи, бидејќи како што претходно споменавме ниту во својата татковина не поседуваа призната државна ниту црковна институција. Нивните имиња и места на раѓање беа со изменети, а поради немање на своја Македонска Православна Црква беа принудени своите верски потреби како: крштевка, венчање или погреб да ги објавуват во веќе постоечките Руски, Српски, Бугарски или Грчки Православни Цркви. Оваа ситуација била доста ризична за македонските иселеници кои со време би можеле да го изгубат својот верски и национален идентитет.
 Со возобновувањето на афтокефалноста на Македонската Православна Црква, во Мелбурн, Викторија, беше изградена првата македонска црква во Австралија, Св. Великомаченик Ѓорѓи. Камен темелникот беше поставен на свечен начин во 1958 година на 2 август, од страна на македонската црковна општина, (МПЦО). Од тогаш па до ден денес на тлото на Австалискиот континент се иградија голем број на убави Македонски Православни Храмови, каде се одржуват редовни богослужби и каде се собираат македонските иселеници за време на христијанските празници. Црквите се поврзани со Македонската Православна Црква, како и со владините институции на Република Македонија. Многу од нив се градени со донации на самите иселеници, а во почетокот во нивен состав биле и првите училишта со настава по мајчин јазик. Денес просториите на црквите често се користат и за одржување на состаноци и прослави на македонските организации и здруженија.
                Во Македонските православни црковни општини се организирани 70% од иселениците од Македонија. Здружувањето на македонците од сите делови на Македонија, а најмногу од Егејска, во организирани македонски православни општини, резултирало од потребата тие да ги пренесуваат и да ги негуваат обичаите и традициите на својот народ и во дијаспората, како би можеле духовно да општата и да бидат најблиску до својата родна земја. На ваков начин негувајќи ги во далечниот свет обичаите, церемониите и православните традиции, македонците ги зајакнуваат своите патриотски чувства и ја облагородуваат својата македонска национална припадност.
               
                Причините, мотивите и критериумите поради кои македонците се иселувале и се иселуваат во Америка и Канада се приближни со оние за иселувањето во Австралија. Во прво време македонците во Канада и Австралија живееле во колонии, посебни населби, дружејќи се и на тој начин чувствувајќи се поблиску до својата Татковина. Со време и тие започнале да се здружуваат како во културни, спомагателни, спортски и други братства или здруженија, така и во политички организации кои се спомнати дополнително во следниов текст.
                Со создавањето на независна Република Македонија во рамките на СФРЈ и со прогласувањето на афтокефалноста и независноста на Македонската Православна Црква, во Северно-американскиот континент на иселениците од Македонија им се исполни долгогодишната желба за создавање на своја Православна Црква. Така првата Македонска Православна Црква за Канада и Америка, Св. Климент Охридски е изградена 1965 година во Торонто. Во нејзин состав е создадена и првата Македонска Црковна Општина. Подоцна 1969 година била основана првата Македонска Епархија надвор од Македонија, Американско-канадска, Австралиска православна црква со цел да го собере македонското иселеништво и да му организира црковен живот заснован врз македонски национални основни традиции.
Македонските православни цркви подигнати во дијаспората претставуваат национални институции кои имаат улога на чувари и бранители од одродувањето, посегнувањето, асимилацијата и од штетната дејност на соседните балкански православни пропаганди.