Билјана Костова Билјана Костова II дел Билјана Костова III дел Веле Алексоски Лидија Димковска Илинденски раскази Личности од Македонија Блаже Миневски Горан Стефановски Иванка Манасиевиќ Петко Домазетовски Илија Каланоски Паскал Камбуровски Тамара Арсовска Кочо Серафимов Марко Китевски Анте Поповски Марко Цепенков Јанко Томов

Анте Поповски

 

„СВЕТА ПЕСНА“


По повод седум-десеттиот роденден на академик Анте Поповски, Македонската академија на науките и уметностите ја издаде неговата најнова поетска книга „СВЕТА ПЕСНА“ како мошне луксузно издание

Она што е особено важно за ова грандиозно поетско дело е што во 22 пеења содржи 9 085 првпат објавени стихови. Секое од нив е поема самото по себе, а сите заедно - вистинска пресметка на поетот со сопствениот јазик.


Структурата на секое пеење, а оттука и на целата книга е особено впечатлива: имено, секое пеење почнува со извесна „содржина“, т.е. со одбрани парчиња/стихови од односното пеење кои не запознаваат со она што ќе се пее, потоа доаѓа пеењето, за на крајот во деловите означени како ТОЈ во пеењето (графички предадени со печат на кој може да се прочита: Анте Поповски Сантица сацра) да се преповтори, резимира, потенцира, надополни кажаното, да се отвори нова порта за во добро познатиот предел.

Анте Поповски со сето свое досегашно творештво, но и со „Света песна“ особено, докажува дека македонскиот јазик е моќен да се справи со светски книжевни формати.

О.Ќ.

Зошто ми префрлаш дека сум стар,

нели сме деца на јазикот и

нели јазикот никогаш не старее?

Ако не е така

барем да се вежам,

да си донесам нарамник дрва

за кладата на која да догорам...

Зошто ми префрлаш дека сум стар,

о, смрти,

о, санцта симплицитас,

о, едноставности света...