Билјана Костова Билјана Костова II дел Билјана Костова III дел Веле Алексоски Лидија Димковска Илинденски раскази Личности од Македонија Блаже Миневски Горан Стефановски Иванка Манасиевиќ Петко Домазетовски Илија Каланоски Паскал Камбуровски Тамара Арсовска Кочо Серафимов Марко Китевски Анте Поповски Марко Цепенков Јанко Томов

Паскал Камбуровски

 

ГРОБОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

За Александар Македонски се напишани повеќе стотици книжевни дела и научни студии. И нема друга личност на светот која и до ден-денес предизвикува непресушни желби за нови осознавања, како што била брилијантната личност на Александар Македонски.

foto.jpg (22985 bytes)

Што е тоа што личноста на Александар Македонски континуирано фасцинира повеќе од два милениума?

На прво место треба да се истакнат грандиозните дела што тој ги постигнал во времето на неговото владеење, кои се израз на неговите генијални способности како ненадминлив стратег и визионер, а и како цар и владетел на Македонија, чија историја е неисцрпна и фасцинантна за денешниот свет.

Со чудење можеме да констатираме дека, и покрај многубројните дела за неговиот блескав и бурен живот, сепак, науката е немоќна кога се работи за откривање на тајната за неговиот гроб.

Научниците како да дигнаа раце од овој проблем и секоја замисла за расветлување на оваа мистерија ги води во безизлез, затоа што сите упорно се држат за сосема неаргументираната констатација дека ковчегот на Александар Македонски е во Александрија, односно дека тој е погребан надвор од Македонија. Таа погрешна теза е главна сопирачка што ги спречува научниците да преземаат поконкретни мерки за пронаоѓање на златниот ковчег со зачуваното балсамирано тело на македонскиот цар Александар III Македонски.

И, како што смета авторот, целта на ова пишување е со овој скромен труд да се побудат нови рефлекси и размислувања во врска со погребот на македонскиот цар и да се даде придонес, балсамираното тело на Александар III Македонски да ја види светлината на денешниот свет.

Дали со истиот ентузијазам ќе се ангажира и сегашниот научен свет, па знаењето ќе го насочи кон откривање на двемилениумската мистерија поврзана со откривањето на ковчегот на најголемиот цар на светската историја?

Да се надеваме, како што вели Камбуровски, дека со овој труд ќе придонесеме за исполнување на овие надежи...

подготвила: Дора Ангелова