Билјана Костова Билјана Костова II дел Билјана Костова III дел Веле Алексоски Лидија Димковска Илинденски раскази Личности од Македонија Блаже Миневски Горан Стефановски Иванка Манасиевиќ Петко Домазетовски Илија Каланоски Паскал Камбуровски Тамара Арсовска Кочо Серафимов Марко Китевски Анте Поповски Марко Цепенков Јанко Томов

Илија Каланоски

 

ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ

Историската хроника „Вевчански карневал“ настана по иницијатава на авторот, м-р Илија Каланоски. Трудот е резултат на остварувањето на авторовата желба, неговите полувековни истражувања за историјата на Вевчани, а во оваа пригода за историјата на вевчанскиот карневал, да се интегрираат во една студија која ќе биде прилог во науката за празнувањето на народните обичаи, почетоците на маските и маскирањето и нивното трансформирање од традиционални во масовни форми, во рамките на карневалските манифестации во нашата земја.

VEVCANIKARNEVAL.jpg (62275 bytes)

Гледано во целост, трудот „Вевчански карневал“ е историска хроника, причински обликувана уште од нејзините почетоци, со особен осврт на влијателните фактори: човекот вевчанец - печалбар, населбата Вевчани и нејзината економска и политичка моќ за опстанок низ вековите на ропството. Во неа до крај се обработени празнувањата на селските обичаи на празникот Василица - Стара Нова година. Тие не претставуваат карактеристики сами за себе, туку причински се поврзани и традиционално се условени и мотивирани од економската, политичката и од социјалната сила на Вевчани и вевчанци, кои и се и творци и извршители на своите судбини низ вековите на ропството до извојувањето на слободата кон која со векови се стремеа. Заради тоа, трудот „Вевчански карневал“, како историска хроника, вака методолошки обработена и публикувана, со право смета авторот дека претставува единствен обид во нашата земја и пошироко во европски рамки.

Издавачи на овој труд се Институтот за национална историја и Реклам Ен-Ес, а рецензенти проф. д-р Новица Велјановски и проф. д-р Марко Китевски.

подготвила: Д. А.