Билјана Костова Билјана Костова II дел Билјана Костова III дел Веле Алексоски Лидија Димковска Илинденски раскази Личности од Македонија Блаже Миневски Горан Стефановски Иванка Манасиевиќ Петко Домазетовски Илија Каланоски Паскал Камбуровски Тамара Арсовска Кочо Серафимов Марко Китевски Анте Поповски Марко Цепенков Јанко Томов

Петко Домазетовски

 

ВОСПЕВИ ЗА СУЛТАНА МИЛАДИНОВА

автори: Петко Домазетовски

Ката Мисиркова - Руменова

Во издание на Друштвото за наука, култура и уметност “Браќа Миладиновци“ од Струга од печат излезе книгата “ВОСПЕВИ ЗА СУЛТАНА МИЛАДИНОВА“ (мајката на браќата Миладиновци), а претставува мотиви од современи македонски поети.

Веќе подолго време постоела потреба од изготвување на една ваква книга, што сигурно ќе претставува пополнување на историската празнина од мозаикот на познатите браќа Димитрија и Константин Миладинови.

Во поговорот Мисиркова ќе нагласи дека се што е речено досега за неа, не го има добиено местото за кое знаеме сите дека и припаѓа. Дом без мајка е како бунар без вода. Децата без достојна мајка, колку и да ги надарила природата, тие ќе бидат потсопнати во чекорот.

...“Мајката Султана Миладинова била родена во село Магарево. Татко и бил бегалец од Москополе, Влав. Се викал Димитрија Поп Јоан. Се оженил за охриѓанка. Првото дете им се родило во 1793 година и било девојче. Го крстиле Султана. Откако се замомила, се омажила за стружанецот Ристе Миладин, грнчар, 10 години постар од неа...“

На околу 120-тина страници, презентирани се седумдесетина творби од македонски поети, илустрирани со архивски фотографии од богатото струшко минато.

Тамо зората греит душата,
И с’нце светло зајдвит в гората;
Тамо дарбите природна сила
Со с’та раскош ги растурила:
Бистро езеро гледаш белеит,
Или од ветар синотемнеит;
Поле погледниш, или планина,
Сегде божева је хубавина.
Тамо по срце в кавал да свирам,
С’нце да зајдвит, ја да умирам.
(Т’га за југ - Константин Миладинов)

vospevi.jpg (24059 bytes)

МАЈКА СУЛТАНА И ДВАТА ГУЛАБА

1.

Со какво млеко ли ги доеше, мајко, ле чесна,та сегде в несони ноќи будеа мугри бели?
Со каква љубов ли ги крепеше и каква песна,та сегде в ранети души палеа искри врели?
Од топлото седало како два гулаба личникон небото вишно ле вивнаа без да се штедат, и грстови сјајни ѕвезди на златно семе слични,во родните ниви посеаја твоите чеда.
Султано, мајко среќна.
 

2.

Гулабите неуморно крилеа ширум светот,имињата нивни во почит и слава се вткаа.
Скапоцени дарови сегде носеа со летот, длабоки светли траги што вечно зрачат и траат.
Сал в твојте гради болно гризеа сомнежи диви, зашто куќата без нив ти беше студена, празна.
Чекаше дење, ноќе и не ги дочека одново да ги видиш родниот праг да го згазнат.
Султано, мајко клета.

 

 

Генади Болиновски