Билјана Костова Билјана Костова II дел Билјана Костова III дел Веле Алексоски Лидија Димковска Илинденски раскази Личности од Македонија Блаже Миневски Горан Стефановски Иванка Манасиевиќ Петко Домазетовски Илија Каланоски Паскал Камбуровски Тамара Арсовска Кочо Серафимов Марко Китевски Анте Поповски Марко Цепенков Јанко Томов

Иванка Манасиевиќ

 

„БИСЕРНО ЗРНО“

Неодамна од печат излезе третата по ред збирка поезија за деца “БИСЕРНО ЗРНО“ од Иванка Манасиевиќ. Претходните две збирки се “Градина на детството“ и “Големото срце“.

Најновото остварување е всушност тематско надоврзување на претходните две збирки. Збирката “БИСЕРНО ЗРНО“ е поделена на два дела под име Татковино, во срцето те носиме свое и Земјо, убавино наша. Содржи вкупно 46 прекрасни песни за саканата татковина. Сите песни, всушност, имаат една заедничка нишка, песните како синоним за бисер, едно зрно до друго да создадат бисерен ѓердан, како своевиден подарок од поетесата за татковината.

 

БИСЕРНО ЗРНО

Македонијо
птицо мила,
со отпорни крила
на убаво место
гнездо си свила.
Бисерно зрно
среде Балкан мал,
почесно место
тебе ти дал.
Македонијо,
во бури родена, во пламен
од окови ослободена.
Крв многу пролеа,
раните твои
долго те болеа.
Од љубовта наша
добивај сила,
расни, само расни
и развивај крила.
О, колку е среќен
сега овој час,
кога за тебе
можам да пишувам јас!

 

bisernozrno.jpg (25838 bytes)

 

ЉУБОВ ЗА ТАТКОВИНАТА

Кога мисла
в далечини те прати,
дали в душа топол бран
поитува
назад да те врати?
Ако не можеш
Татковината своја
за туѓа да ја смениш
и да ја наречеш своја,
и ако во тебе цути
љубов јака,
знај Татковината
таков те сака.
И секој треба
да ја љуби така,
за да биде силна,
за да биде јака.
Убавица наша
преполна со љубов,
гонителка вечна
на се што е грубо!