Билјана Костова Билјана Костова II дел Билјана Костова III дел Веле Алексоски Лидија Димковска Илинденски раскази Личности од Македонија Блаже Миневски Горан Стефановски Иванка Манасиевиќ Петко Домазетовски Илија Каланоски Паскал Камбуровски Тамара Арсовска Кочо Серафимов Марко Китевски Анте Поповски Марко Цепенков Јанко Томов

Горан Стефановски

 

 

ЕКСЛУЗИВНО ИЗДАНИЕ НА „ТАБЕРНАКУЛ“ - „СОБРАНИТЕ ДРАМИ“ ОД ГОРАН СТЕФАНОВСКИ
 
Деновиве во МНТ беа промовирани „Собраните драми“ од Горан Стефановски кои ги ибјави „Табернакул“ во својата едиција „Темелници“. Покрај „Собраните драми“ беше промовирана и „Мала книга на стапици – помагало за пишување драми“ од истиот автор, кој лани, но на англиски јазик му ја објави Универзитетот од Стокхолм каде што Стефановски држеше предавања по драматургија.
Промотори на овие екслузивни изданија беа: познатиот режисер Слободан Унковски и актерот Никола Ристановски, а на самата промоција присуствуваше и авторот кој специјално за оваа пригода дојде од Англија (каде што живее).
Собраните драми од Стефановски се објавени во две книги во кои е опфатен целиот драмски опус. Започнува со првата драма „Јане Задрогаз“, а потоа следуваат антологиските: „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Лонг плеј“, „Кула Вавилонска“, „Чернодримски се враќа дома“, „Сараево“, „Сега му е мајката“, „Баханалии“, се до последната „Казабланка“ напишана во 1996 година.
Унковски, кој ги режираше речиси сите драми на авторот, во вдахновениот предговор, меѓу другото ќе предупреди: „Внимавајте како ја држите во раце оваа колекција на драмски текстови на Горан Стефановски. Можат да ви испаднат различни личности, луѓе, ликови, карактери, дилетанти и врвни професионалци, деца, животни, сценографи… поддржувачи кои во прав момент знаеле да ни дадат еден грам сила што толку ни фалела тогаш. Тоа се фуснотите на оваа книга, тоа е селективната библиографија на драмскиот автор, тоа се конците што не врзуваат засекогаш. Шекспир во „Бура“ вели: „Ние сме граѓа од која се создаваат соништата. Животот на една цела генерација беше  особен, возбудлив и пред постојани предизвици бидејќи го имаше својот драмски писател Стефановски. Новите генерации одново го откриваат и го преведуваат на новомакедонските состојби својот современик Стефановски. Човекот што ги задаваше нашите сонови…“