Билјана Костова Билјана Костова II дел Билјана Костова III дел Веле Алексоски Лидија Димковска Илинденски раскази Личности од Македонија Блаже Миневски Горан Стефановски Иванка Манасиевиќ Петко Домазетовски Илија Каланоски Паскал Камбуровски Тамара Арсовска Кочо Серафимов Марко Китевски Анте Поповски Марко Цепенков Јанко Томов

Личности од Македонија

 

МИ - АН

„ЛИЧНОСТИ ОД МАКЕДОНИЈА“

 

Енциклопедискиот именик „ЛИЧНОСТИ ОД МАКЕДОНИЈА“ во издание на „МИ-АН“ излезе од печат неодамна, а беше промовиран на годинешниот саем на книгата, каде влезе во редот на печатени дела кои предизвикаа поголемо внимание. Автори се Петар Карајанов, Христо Андоновски и Јован Павловски. Тие тргнале од фактот дека треба да се забележат на едно место генерациите кои се вградувале во темелите на оваа земја и народ, претставувајќи драгоцени камчиња во големиот мозаик што се вика Македонија. Со ова дело е направен обид од патините на времето и опасноста од заборавот да се извлечат голем број од знајните и незнајни личности од Македонија, кои со својот живот, работа и дело оставиле белег во нејзината историја. Проект навистина голем по својата задача и бројот на личности собрани на едно место.

Временскиот период кој го опфаќа овој „Именик“ зафаќа од пејонските кнезови (илјадитата година пред нашата ера), времето кога е создавана хомеровата Илијада, па заклучно до современите културни и политички дејци. Значи, три века на македонскиот простор во кои не се опфатени само Македонци, туку и значајни луѓе кои се родени на македонскиот простор.

 

На 550 страници, се наоѓаат повеќе од 1.700 биографии на исто толку познати и значајни Македонци, или личности од Македонија кои своето дело го врзале за Македонија. Тоа е ретка прилика на едно место да се најдат биографиите на древните македонски кралеви, светци, преродбеници, револуционери....

 

М.Ш.