Билјана Костова Билјана Костова II дел Билјана Костова III дел Веле Алексоски Лидија Димковска Илинденски раскази Личности од Македонија Блаже Миневски Горан Стефановски Иванка Манасиевиќ Петко Домазетовски Илија Каланоски Паскал Камбуровски Тамара Арсовска Кочо Серафимов Марко Китевски Анте Поповски Марко Цепенков Јанко Томов

Веле Алексоски

 

Во последната своја книга “АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ НИЗ ФРАНЦУСКАТА ИСТОРИОГРАФИЈА“, м-р Веле Алексоски ги опфаќа пишувањата и текстовите на голем број француски историчари, новинари и прераскажувачи. Бегајќи од пристрасноста, авторот гради оригинално гледиште за ликот и делото на Александар Македонски. Оваа книга најмногу е интересна поради тоа што на читателот му е оставена можноста самиот да донесува свои заклучоци за вистината. Поради аналитичко - компаративната методологија, нејзината форма е учебникарска а едноставниот пристап кон темата ја прави книгата достапна за сите возрасти и нивоа на образование. Авторот се потрудил читањето да е хоризонтално - нема фусноти (објаснувањата на непознати поими се дадени веднаш по нивното спомнување во текстот). Таа се чита во еден здив создавајќи кај читателот рационална историска свест.

М-р Веле Алексоски е роден на 25. 03. 1942 година во с. Рилево, Прилепско. Има завршено Виша педагошка академија, група француски јазик и Филолошки факултет, група француски јазик и литература. Работел како професор по француски јазик во Градско и Велес. Потоа бил наставник во дополнително македонско училиште во Франција.
На факултетот за историски науки при Универзитетот 2 во Стразбур завршил постдипломски студии: „Историја и цивилизации на Југоисточна Европа“. Во јуни 1988 година ја брани докторската теза: „Француската источна армија и македонското национално прашање 1915/19 година.

Престојувал и во Германија.
Веле Алексоски е еден од основачите на неделникот „Македонско сонце“ а бил и негов главен и одговорен уредник. Во својство на претседател на Светскиот македонски конгрес за Европа бил ангажиран и учствувал на митинзи организирани во поголемите европски градови за признавање на Република Македонија под нејзиното уставно име.
Има издадено повеќе трудови на Француски јазик од филолошка проблематика, написи на Германски јазик со национална историска тематика, а во 1993 година ја издава книгата „Вистината за Македонија низ француската историографија“.