БУКВАР-МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

20.05.2013 година Печатење Препорачај ја на пријател


„МАКЕДОНСКИ ПРИКАЗНИ ЗА ФИЛИП И АЛЕКСАНДАР “

09.05.2013 година Печатење Препорачај ја на пријател

од авторот Академик Д-р Жан Митрев

„Македонски приказни за Филип и Александар“ е првото авторско дело на Академик д-р Жан Митрев. Станува збор за збирка од 8 раскази за деца и возрасни,  исполнета со историски слики, но видени низ сопствената креативна имагинација на авторот. Во секој од расказите се опишува по една случка од животот на двата најголеми војсководци од македонската историја, каде јунаците низ едноставни и очигледни решенија наоѓаат излез од секоја ситуација. Расказите се наменети за деца, но според мудроста и книжевниот пристап подеднакво соодветствуваат и за возрасната читачка публика.
Преку овие ликови се пренесуваат универзалните вредности што го прават еден човек да остане забележан во историјата. Односот на татко-син како основна цивилизациска нишка на пренесувањето на животната традиција, вредноста и филозофијата на еден етнос. Во сите приказни преовладува основната порака, мудроста и љубовта како најсилно оружје.
 
Големината на љубовта, која се манифестира кон татковината, претставува највисок дострел на човековиот дух, кој секогаш останува забележан и неизбришлив од колективното паметење на еден народ.Само во тоа, Филип и Александар до ден денешен се ненадминати, љубовта кон татковината.
Парите од продажбата на книгата ќе бидат искористени за хуманитарни цели, така што целосната сума од сите продадени книги ќе биде распределена за децата без родители и децата со посебни потреби.
Целосни информации може да се најдат на www.makedonskiprikazni.com
Воедно книгата е издадена и на англиски јазик од страна на американската издавачка куќа Authorhouse  и е достапка за продажба преку најголемите светски он-лајн книжари Amazon, Authorhouse  и Barnes & Noble. Повеќе информации на www.philipandalexander.com



Македонска ризница, десетти број

08.05.2013 година Печатење Препорачај ја на пријател

 http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_10

Почитувани,

Во уводниот дел на првиот број на весникот Македонија објавен на 21 октомври 1888 година, меѓу другото, е запишано:
 
„Ние Македонците ... не треба да си ја забораваме татковината и должни сме да работиме за подобрувањето на нејзината положба, зашто како народ ќе бидеме одговорни пред нашето потомство.“

Иако од пред дури 124 години, овие зборови отпечатени во весникот на македонскиот национален деец и публицист Коста Шахов, поради склоп на историски случувања се сè уште актуелни и ден денес.

Во услови кога на Македонија од едни ѝ се негира името и историјата, од други народот и јазикот, а од трети територијалната целовитост, Македонецот мора повторно да се бори за своето место под сонцето и мора одново да го докажува своето природно право на постоење и самоидентификација.

 

  „Задача на весникот Македонија“, пишува понатаму во уводниот дел на истиот број „е да се бори за духовно и културно издигање на Македонците.“

 

 
Е-списанието Македонска ризница, и со овој јубилеен десетти број, ја продолжува таа тешка, но благородна мисија на нашите преродбеници за афирмација на македонската историска и културна посебност и, конечно, на правото на Македонецот да остане свој на своето.



ПРОМОЦИЈА НА ПОЕТСКА ЗБИРКА ОД ЕЛИЗАБЕТА ПЕТРОВСКА

20.02.2012 година Печатење Препорачај ја на пријател

На 1-ви март во 16,30ч во киното “Фросина“ во Младинскиот културен центар  ќе се одржи промоција на стихозбирката “Сјајот на скршениот кристал“ на Елизабета Петровска.

Елизабета Петровска е родена на 28. мај 1969 година во Скопје. За Загреб заминува 1987 година каде се запишува на Факултетот за сообраќај – смер за пошта и телекомуникации. По дипломирањето останува да живее и работи во главниот град на Република Хрватска.



Спомен куќата на Тоше победи на натпреварот за најдобро архитектонско решение за 2011

07.11.2011 година Печатење Препорачај ја на пријател

Скопје,  (МИА) - Проектот за спомен куќата на Тоше Проески на „Синдикат студио“ ја доби наградата за најдобро архитектонско дело за 2011. на Меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона.

По над 15. илјади гласови што Меморијалниот споменик за Тоше  ги доби на интернет порталот Open Buldings  од целиот свет, се закити со најмногу гласови и од жири комисијата.

На второ место на натпреварот  е Музејот на сеќавањата и толеранцијата во Мексико Сити и Атмосфера во Калкута.

Годинава прв пат е воспоставена наградата People's choice Award, со што за своите фаворити гласаа не само архитекти, туку и луѓето од целиот свет. Од пријавените над 1.000 проекти, право на учество добија 704. Објектите можеа да бидат од разни категории, а главен критериум за учество во гласањето беше да се завршени оваа година. Спомен куќата на Тоше беше меѓу фаворитите oд почетокот на гласањето во август годинава.

 



„Панкот не е мртов“ освои награда на филмскиот фестивал во Котбус

07.11.2011 година Печатење Препорачај ја на пријател

Скопје,  (МИА) - Филмот „Панкот не е мртов“ ја освои наградата „Дијалог за меѓукултурни комуникации“ на 21. Интернационален филмски фестивал во Котбус, Германија, што се одржа од 1 до 6 ноември годинава.

Наградата за „Панкот не мртов“, кој  е годинашен македонски кандидат за Оскар, ја обезбеди германското Министерството за надворешни работи на Германија.

„Панкот не е мртов“ по сценарио и режија на Владимир Блажевски, претходно, беше награден и на Фестивалот на медитерански филм што се одржа од 12-ти до 16-ти октомври годинава во Копер, Словенија.

Филмот доби награда на 46. Филмски фестивал во Карлови Вари во Чешка за најдобар филм во програмата „Исток на Западот“, во која се натпреваруваа уште 11 филмови.

 



Свечена академија по повод 30-годишнината од основањето на Институтот за македонска литература

07.11.2011 година Печатење Препорачај ја на пријател

Скопје,  (МИА) - Институтот за македонска литература денеска одбележува 30 години од основањето.

По тој повод во Ректоратот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј ќе се одржи свечена Академија, на која, меѓудругите, ќе присуствуваат и министерот за образование Панче Кралев и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Во рамки на Свечената академија на професорот Горан Калоѓера од Универзитетот во Ријека, свечено ќе му биде доделено звањето почесен доктор во областа на филолошките науки.

 



Филмот „Мајки“ на фестивалот на европски филм во Севиља

04.11.2011 година Печатење Препорачај ја на пријател

Скопје,  (МИА) - Филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски во недела и на 10 ноември ќе биде прикажан на престижниот фестивал на европски филм во Севиља каде ќе се прикажуваат финалистите на трката за награда на Европската филмска академија. 

„Мајки“ ќе биде прикажан во селекција од 40 избрани европски филмови на годината. 

Пред две недели филмот доби награда за режија на фестивалот LIFFE 2011, што претставува четврта меѓународна награда за „Мајки“. Претходно победи и на белградски ФЕСТ, а ја освои и наградата на Федерацијата на европски и медитерански филмски критичари, ФЕДЕОРА на Синема Сити фестивалот. 



Во Чиле се одржа изложбата „Патот на надежта во боја“

03.11.2011 година Печатење Препорачај ја на пријател

Скопје,  (МИА) - Во Куќата на Владата на Чиле се одржа изложбата „Патот на надежта во боја“. Дел од изложбата е на уметниците од Неготино, Томе Мишев и Чендо.

Изложбата беше отворена во присуство на чилеански дипломати, сенатори, функционери од министерствата и чилеански бизнисмени.

Целта на изложбата е да се покажат различните етапи на борбата против ракот со кој се соочуваат пациентите. Затворањето ќе биде во Македонија во септември 2012 година.



Францускиот Либерасион со репортажа за Големиот град - островот во Преспанското езеро

03.11.2011 година Печатење Препорачај ја на пријател

Париз, (МИА) - Островот Голем Град во Македонија, населен со влекачи и желки - Земја на влекачите, под овој наслов парискиот весник Либерасион, објавува репортажа на цели две страници посветени на островот во Преспанското езеро.

Весникот посебно се интересира за научните испитувања на француската екипа од Националниот центар за научни испитувања од областа на биологијата, предводена од Ксавие Бонет.

Во опширниот текст во кој се опишува работата на француската екипа во Македонија, Либерасион нагласува дека Македонија сака да ја развие атрактивноста на островот, кад царуваат змиите и птиците.

 



ПРЕТХОДНИ ЗАПИСИ

Екипа од ФЕИТ освои златен медал на Меѓународен натпревар во Србија


Поезија од Весна Ацевска објавена во индиско списание


Блаже Миневски троен лауреат на конкурост за краток расказ на „Нова Македонија“


Мини-фестивал на современа македонска музика во Лондон


Одгласи за романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски во Италија


Документарецот „Име си е име“ ќе биде прикажан во рамки на фестивалот „Глобално будење“ во Чикаго


Изложба на книги „Македонски автори во превод на странски јазици“ во Софија


Македонија и Израел ја интензивираат соработката во образованието и науката


Гитаристот Дамјан Пејчиноски ексклузивец на познатата куќа „Пол Рид Смит“


Охридското Езеро во спот на американскиот пејач „Qpid“


Македонски филмови на фестивалот „Источни соседи“ во Холандија


Училиште на македонски јазик во црквата Св. Кирил и Методиј во Париз


Промоција на книги од Петрески и Кацаров во Белград


Сергеј Андреевски гостува на манифестацијата „ГОХО“ во Нирнберг


Спомен-куќата на Тоше меѓу трите најдобри објекти според светската јавност, гласањето за прво место трае до 4


Во Виена отворена изложба на Антони Мазневски


Книжевен портрет на шведските поети Егдал, Клеметс и Хансен


Канадски весник ја претставува Македонија како „непознат скапоцен камен“


Археолошкиот локалитет Стоби на листата World Monuments Fund за 2012 година


Македонски тим доктори ја доби првата награда на Седмиот југоисточен европски конгрес по урологија


Награда за „Панкот не е мртов“ на Фестивалот на медитерански филм во Копер


Ретроспектива на Манчевски во Болоња


Проектот „Волшебна Македонија“ освои награда на Фестивалот на туристички филмови во Хрватска


Деновите на македонската култура продолжуваат во Санкт Петербург


„Панкот не е мртов“ во конкуренција со уште 62 филма за наградата Оскар за најдобар странски филм


Македонски ден на Саемот на книгата во Франкфурт


Четири години „Macedonia loves you“ - четири години пријателство