Писмата испратете ги по  email       

 

СЕКОЈ ТЕКСТ Е ИСКЛУЧИВО СТАВ НА НЕГОВИОТ АВТОР И ТОЈ НЕ ГО ОДРАЗУВА СТАВОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО, КОЈА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СМЕТА ЗА ОДГОВОРНА ЗА ИЗНЕСЕНИТЕ СТАВОВИ!

 

Македонија - Италија 2:1

12.10.2016 година

Се почна така случајно, барем за мене. Бев контактиран од редакцијата на Раи 4 по повод фудбалската утакмица за квалификации на светското првенство во Русија 2018 помеѓу Македонија и Италија. Изборот за гостин од нивна страна не беше воопшто случаен, бараа претставителна особа којашто зборува италијански јазик на повисок стил. Знаеа многу работи од моето блиско минато во текот на мојот престој во Италија, за основањето на македонската асоцијација Сонце-Соле во Пјаченца, за реализираните проекти помеѓу македонската заедница што живее и работи во Италија, за реномето и постигнатиот мост на соработка помеѓу македонските и италијанските институции. И покрај тоа што средбата беше со спортска содржина, сепак во студиото имаше повеќе македонски знамиња, збогатено со македонски традиционални глинени сувенири од моја лична колекција и една македонска рачно ткаена бовча со македонски орнаменти. Им приготвив и една цела колекција на фотографии за Македонија, за којашто од технички причини немаше простор да биде прикажана. Пред непосредното започнување на фудбалската утакмица беше пуштено едно кратко видео кадешто им ја пеев македонската бушава азбука, којашто беше прифатена со овации и аплаудирања од нивна страна. Фудбалската утакмица беше прикажана на нивната национална телевизија која имаше можност да ја видат 65 милиони жители во своите домови. За гледањето на утакмицата добив потврден одговор од повеќе пријатели, роднини и соработници коишто во директен пренос ја имаат видено и во Република Македонија.


Имено, разговорот беше започнат со тоашто во Италија многу малку знаат за Македонија и дека на нив Македонија од секогаш им асоцирало на овошната салата (ла мачедониа ди фрута). Но одејќи пополека со разговорот, се дозна дека знаеа за проблемот на Македонија со нејзиното име и знаме, знаеа за постоењето на Филип II и неговиот син Александар Македонски, за постоењето на Мајка Тереза, за уредувањето и чистотата на општина Вевчани и вевчанскиот пасош, за традицијата на струмичкиот карневал и маскирањето. Беа љубопитни за насловот на македонската химна и нејзиното значење. Од спортски агол беа спомнати Дарко Панчев коишто имаше играно во Интер, Горан Пандев кој моментално игра за Џенова и за Несторовски кои игра во Палермо.

Македонската заедница што живее и работи во Италија брои околу 100000 и е добро прифатена во социјалниот и културниот живот. Се сметаат за големи работници, мирни и фамилијарни. Поголемиот дел се вработени во градежниот сектор, транспортот и фабриките, но секоја чест на исклучоците. Беше голема гордост да се прати утакмицата, собрани во своите домови гледајќи и навивајќи групно бодрејќи ја македонската репрезентација. Беше посебно задоволство кога поведовме со 2:1, а тоа се осети и во студиото кадешто италијанските навивачи беа загрижени за финалниот резултат за којшт недостасуваа помалку од 25 минути. Во студиото беше присутен и бившиот италијански фудбалер Фулвио Коловати (Fulvio Collovati) кој македонската јавност го памети како фудбалер на италијанската репрезентација која го имаше освоено златниот медал на светското првенство во Шпанија 1982. Самиот од професионална гледна точка, беше многу загрижен и изјави дека италијанската моментална репрезентација не игра во своето право светло и секоја чест на македонците за покажаната храброст и игра.

Во студиото на Раи 4 бев придружуван од Кристина Илиевска од Македонска Каменица и Орце Илиев од Турново. Бев пријатно изненаден од пречекот на персоналот вработен во Раи 4 кадешто на секој од нас ни беше доделена посебна соба, шминкер, фризер, костимограф и особа којашто требаше да не допратува низ сите етапи додека стигневме во студиото. Саматa информација за гостувањето беше многу позитивно прифатена во социјалната мрежа за комуникација од страна на македонската јавност, а посебно од пријатели и колеги коишто потекнуваат од различни страни на светот и сакаа со нас да ја бодрат македонската национална фудбалска репрезентација (Англија, Франција, Германија, Украина, Молдавија, Романија, Бугарија, Турција, Словенија, Хрватска, Босна, Србија, Мароко, Тунис, Египет, Пакистан, Јапонија, Кина, САД, Канада, Еквадор).

Срдечен поздрав од убавата Италија до волшебната земја Македонија