50 години од осветувањето на МПЦ Св. Климент Охридски во Торонто

09.10.2015 година

Во саботата на 3 октомври во велелепниот храм посветен на Патронот на македонската православна црква – Охридска Архиепископија Светиот Климент Охридски, се одржа гала свеченост посветена на 50 годишнината од осветувањето.
За “Значењето и улогата на Македонската Православна Црква ‘Св. Климент Охридски’ меѓу иселениците во Торонто и Канада зборуваше парохискиот свештеник протоереј-ставрофор Илија Донев.

Пред преполната сала на Св. Климент Охридски , се обрати и актуелниот претседател на Црковниот одбор Вера Белчевска.
Поздравен говор одржа и Џим Сандерс, првиот претседател на организацијата “Обединети Македонци“, чиј татко Спиро Сандерс беше првиот претседател на црквата Св. Климент Охридски во Торонто.
Неговото Високопреосвештенство Митрополит Американско-канадски Господин Методиј исто така од говорницата го пренесе поздравното слово, по што следуваа пригодни рецитации во изведба на: Емилија Димитриевска , Габриела Трпкоска , Самоил Миленковски и Кристијан Роштанковски.
Покрај црковниот хор под дирегенство на Проф. Васко Петровски, настапија и членовите на Ансамблот ,,Македонка’’ во водство на директорот Алек и кореографот Крис Петличкови.
Свеченоста продолжи со семакедонска веселба и прекрасните звуци на оркестарот ,,Бисер’’. Покровители на вечерта беа семејството на Крсте и Гордана Ивановски, а во секој дом отиде и по една икона со Св. Климент донација од семејството на Виолета и Митко Роштанковски.
Гостите имаа можност да го вкусат и Св. Климентовото вино, подготвено во чест на 50 годишнината од осветувањето на црквата.

Соња Лозановска
Фото Оливер Петковски