Македонски селски и околиски социјално-културни братства во Канада од ( 1905 -1935 )

28.12.2015 година

ОД АКТИВНОСТИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ НАДВОР ОД ЦРКОВНИТЕ ОПШТИНИ
Според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, првите организирани спомагателни братства во Канада се братствата од селата од егејскиот дел на Македонија и тоа: Ошчима, Баница, Смрдеш, Д'мбени, Буф и Трсје. Овие брат¬ства биле формирани во годините 1905-1907, а по 1910 година дошло до масовно организирање на македонски селски спомагателни друштва. До Втората свет¬ска војна, основата на македонските селски друштва ја чинеле братствата од Егеј¬ска Македонија, а по шеесеттите години од минатиот век и од Република Македонија.

Дејноста на македонските селски и околиски културно-социјални друш¬т¬ва во из¬ми¬натиот период првобитно била чисто од социјален карактер, а псте¬пено пре¬минале во културно-просветни друштва. Тие организирале само¬стој¬¬на учи¬лишна дејност, со цел децата, особено новата генерација да го изу¬чу¬¬ва својот мајчин јазик. По Втората светска војна де¬ца¬та организирано го из󬬬чувале својот македонски мајчин јазик, историја, географија и религија во ра쬬¬ките на црковните училишта.
Исто така, селските културно-социјални друштва во својата дејност важно место му посветувале на културното издигнување на своите членови, преку организиран културно-забавен живот. Тој се одвивал преку создавањето драмски секции, по¬сто¬ењето на хорови и оркестри во рамките на друштвата. Во д嬬локругот на дејноста на селските културно-социјални друштва спа¬ѓа и спорт¬ското организирање на младите.
Некои од друштвата и во минатото има¬ле свои селски културно-уметнички групи. Повеќе друштва учествувале во деновите на Карванот на нациите во То¬ронто. Тоа е културна акција која ја организираат сите етнички групи што живеат во мултикултурна Канада, пр嬬зен¬ти¬рај-ќи ги своите културни особености. Притоа, во склопот на друшт¬ва¬та влегувале и женските и младинските секции кои го организираат спорт¬ски¬от и културниот живот на членовите.

Селото Ошчима, Леринско
Некои од културно-социјалните друштва се јавувале и како издавачи на монографии за своите села. Меѓу нив се: монографиите за селата Желево, Бапчор, Баница, Ошчима, Буф и други. Овие изданија обично се печатени по повод не¬кои годишнини. Тие содржат разновидни трудови од историјата на селата, со посебен осврт на доселениците од тие села, придружени со слики и соодветни реклами. Во последно време многу популарни се телефонските именици со адресите на сите жители од даденото село, без оглед на местото на живеење. Телефонски именици имаат селата: Буф, Ошчима, Брајчино и други.
Македонските селски и околиски културно-социјални друш¬т¬ва биле доста бројни и започнале со своето организирање во периодот кога Македонците, особено од Егејска Македонија дошле во Канада. Така, меѓу тие селски и околиски друштва ќе ги споменеме следните:
СПОМАГАТЕЛНОТО ДРУШТВО “ОШЧИМА” од селото Ошчима, Лерин¬ско било основано во 1905 година. Тоа е едно од најстарите друштва, организирани од Маке¬дон¬ци¬те од Егејска Македонија во Канада. Како основна причина за организирање на ова друштво во тоа време била взаемната помош на своите членови, посебно прифаќањето на новите доселеници од селото.
Друштвото “Ошчима” во минатото, па и се’ до денешно време, било и е тесно повр¬зано со жителите кои останале да живеат во селото, а посебно на оние кои во меѓувоениот период и по Граѓанската војна во Грција, кога селото ги претрпело најголемите несреќи. Тоа развило и издавачка дејност, во чии рамки била от¬печа¬тена и монографијата за селото, како и телефонскиот именик во кој се пместени телефонските броеви и адресите на сите жители од Ошчима, без оглед на сегашното место на живеење.
СПОМАГАТЕЛНО ДРУШТВО “Д'МБЕНИ”. Првобитното друштво “Д'мбени” од селото Д'мбени, Костурско било формирано во градот Гери, Индијана, САД во 1906. Во своите редови ги собирало жителите од селото Д'мбени коишто живееле во САД и Канада. Тогаш друштвото го добило името на познатиот борец против тур¬ското ропство од ова село, Лазар Поп Трајков. Во 1940 година членовите на друштвото што живееле во Торонто се издвоиле и организирале свое друштво именувајќи го “Д'мбенско селско спомагателно друштво - Лазар Поп Трајков”.
Друштвото “Д'мбени” е регистрирано и работи врз основа на статутот. Меѓу доселениците друштвото е познато по хуманитарните ак¬тивности. Тоа располага со сопствена фарма, која се вика “Д'мбенско Село”.
БЛАГОТВОРНОТО БРАТСТВО “ЖЕЛЕВО” од селото Желево, Леринско било формирано во 1907 година, а сегашното спомагателно братство “Же¬ле¬во” било формирано на 1 октомври 1921 година. Тоа развило голем број аꬬтив¬ности, меѓу кои, во 1928 година била иницирана изградбата на позна¬ти¬от Же¬левски дом. Во 1929 било создадено младинското друштво под име “Родина”. „Же¬левскиот дом“ бил повторно инициран во 1946 година и на 26 август истата година купиле место. Домот официјално е отворен на 10 ју¬ли 1948 година. Домот е сопственик на места за викендички, на голф игралишта и друг имот. Во „Желевскиот дом“ се одржал состанокот за изградба на МПЦ „Свети Климент Охридски“ во Торонто.
СПОМАГАТЕЛНОТО ДРУШТВО “ГАБРЕШ” било формирано на 1 март 1911 гдина во Торонто. Првобитното друштво имало спомагателен карактер, во прв ред да им се помогне на новодојдените доселеници од селото, а исто така да им се излезе во пресрет на оние кои сакале да се вратат во Македонија, од¬носно во родното село.
Друштвото било официјално регистрирано и има свој статут. Во него чле¬ну¬ваат околу 250 души, кои секоја година организираат пикник, заед¬но со друштвото од селото Дреновени.
СПОМАГАТЕЛНОТО ДРУШТВО “БАНИЦА” од селото Баница, Леринско би¬ло основано на 26 јуни 1911 година, во Торонто. Денес постојат две друштва кои ги собираат жителите од селото Баница. Првото друштво “Баница” кое е и нај¬¬бројното е со чиста македонска ориентација. Второто друштво било фор¬мира¬но во 1929 година. Тоа го носи името “Веви” по грчкото име на селото и е со пргрчка ориентација.
СПОМАГАТЕЛНОТО ДРУШТВО “БЕСВИНА” од селото Бесвина, Костур¬ско е едно од најстарите македонски селски друштва основани во Канада. Тоа е организирано во 1916 година. Првобитно се викало спо¬ма¬гателно друштво “Два врвови”, а потоа го сменило името на сегашното. Друштвото било ре¬ги¬с¬трирано и работи според одредбите на својот статут.
КУЛТУРНО-ОБРАЗОВНО ДРУШТВО “БУФ”. Првото спомагателно друштво “Буф” од селото Буф, Леринско, било основано во 1919 година во Детроит, САД. Во 1959 гдина и во Торонто било организирано друштво со тоа име. Прво¬бит¬но бувчани од Торонто членувале во друштвото во Виндзор, кое било познато по своите активности. Членовите на дру¬штвото “Буф” активно учествувале во изградбата на македонските пра¬во¬славни цркви.
Друштвата “Буф”одржувале добри односи со своето село Буф, а и с謬те три друштва одржуваат меѓусебни пријателски односи. Тие се канат на свои¬те пикници, на игранките и веселбите.
ТРСЈАНСКОТО СПОМАГАТЕЛНО ДРУШТВО “ОТЕЦ ГЕРАСИМ”, нај¬ве¬ро¬јатно било најстарото друштво на Македонците во Торонто. Неофицијално тоа ра¬ботело од 1890 година, а официјално било регистрирано во 1933, кога знатно се зголемил бројот на доселениците од селото Трсје, Леринско. Тоа било познато по својата културна дејност меѓу своите членови и кај цело¬куп¬ното македонско иселеништво во Торонто. Друштвото располага со свој парк, во кој има изградено мало манастирче, кое го носи името “Отец Герасим”.