ИЗВЕСТУВАЊЕ

19.10.2016 година

1.Ве известуваме дека Претседателот на Собранието на Република Македонија распиша предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 11 декември 2016 година.
Во Дипломатско Конзуларните претставништва (ДКП) на Република Македонија во странство, гласањето ќе се одржи на 10 декември (сабота) 2016 година, согласно со сметањето на времето во соодветната земја.


2. Сите државјани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство се запишуваат во посебен Избирачки список. . Овие лица се запишуваат според нивното последно живеалиште во Република Македонија пред заминувањето во странство (член 41 став 5 од Изборниот законик-Сл.весник на РМ бр. 54/2011).

3. Државната изборна комисија преку Министерството за надворешни работи ги доставува до ДКП посебните изводи од Избирачкиот список за лицата на привремена работа или престој во странство врз основа на евиденција од надлежен орган, за ставање на јавен увид (член 49 став 2, во врска со член 15 став 2 од Изборниот законик).
Јавниот увид во посебниот избирачки список во ДКП започнува на 28 октомври и ќе трае до 11 ноември 2016 година до 24.00 часот.

4. Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебните изводи од Избирачкиот список (член 50-а став 6 во врска со член 15 став 2 од Изборниот законик), за време на јавниот увид, државјаните на република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство го поднесуваат по електронска пошта до ДИК, од 28 октомври до 11 ноември 2016 година, до 24,00 часот.
Барањето може да се поднесе во периодот од 28 октомври до 11 ноември 2016 година.

5. Од денот на распишувањето на изборите до завршување на јавниот увид, државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат да достават Пријава за гласање, своерачно потпишана или испратена по електронска пошта со која се пријавуваат за гласање на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија (член 50-а став 8 во врска со член 15 став 2).
Пријавата за гласање може да се поднесе во периодот од 18 октомври до 11 ноември 2016 година, до 24,00 часот.

.