Светско Првенство во пливање

06.12.2016 година

Вечерва во Виндзор, Канада во импозантната сала “Колосеум” се одржа свеченото отварање на 13то Светско Првенство во пливање во 25 метарски базен, кое се одржува од 6 до 11 Декември, 2016. На ова првенство земаат учество повеќе од 1000 пливачи од 176 држави. Македонија е застапена со досега најмногобројна репрезентација од било кое предходно светско или олимписко натрпреварување. Репрезантацијата ја сочинуваат пливачите Анастасија Богдановски, Горазд Чепишевски, Дамјан Петровски, Марко Блажевски и Љупчо Ангеловски и е предводена од тренерите Методија Ангелески, Горан Стаменов и Боро Блажевски кој е воедно и водач на екипата.
Македонската заедница од Виндзор организирана околу Македонската

Православна црква “Свети Никола” им приреди топло добредојде и го спонзорира престојот во Виндзор на дел од репрезантацијата што допатува од Македонија. Семејството на Др. Елизабета и Менде Талески обезбеди хотелски престој; семејствата на Катерина и Никола Димитровски и Сања и Борче Ливрински ги покрија трошковите за изнајмениот автомобил, Миле Барашлиевски и Ванчо Кировски подарија дресови за отварањето а пак Женската Секција и Фудбалскиот Клуб Македонија при Црковната Општина Свети Никола помогнаа со парични донации.
На апелот на претседателот на црковната општина Мендо Колевски за дочек на нашите спортисти многумина парохјани се одзваа со помали донации.
На сите членови на Македонската репрезентација им посакуваме пријатен престој во нашиот град и успеси во натпреварите.