ПОДАРОК ОД 3.000 КАНАДСКИ ДОЛАРИ ОД ФОНДАЦИЈАТА „БРАЌА ЏИДРОВИ“ ЗА НАЈБРОЈНИТЕ МАКЕДОНСКИ СЕМЕЈСТВА

20.02.2017 година

На 17февруари оваа година, Фондацијата „БраќаЏидрови“ која е посветена на трите браќа Димитар, Стево и Харила од село Загоричани, Костурско, кои своите животи ги дадоја за Егејска Македонија и беа жртви во Граѓанската војна во Грција, ја одбележа својата втора година од постоењето. Основач на Фондацијата е нивниот брат, д-р Лефтер Џидров-Манче од Отава, Канада, кој е светски естетски хирург и еден од најистакнатите донатори во македонската дијаспора и вљубеник во Македонија, чиј добротворни дела се познати меѓу Македонците во сите делови на Македонија и во дијаспората.

Фондацијата јапродолжи својата дејност на денот на одржувањето на „Гоцефест“ во Домот на АРМ во Скопје. На тој свечен ден на народниот мелос на Република Македонија беа доделени три илјади канадски долари на семејствата:Трпе и Ѓурѓа Апостолоска од НовоСело, Тетовско, кое има 12 деца, Велче Цветаноски од село Чрешево, Македонски Брод, 9 деца и Тодорче и Лиле Блажовски од Сопиште, Скопско (по потекло од с. Говрлево) 9 деца.Наградите ги предаде членот на Фондацијата „БраќаЏидрови“, Славе Катин, а во присуство и на другите членови на Одборот на Фондација.
Фондацијата „БраќаЏидрови“, е формирана на 4.јануари 2015 година, датум што е запишан со златни букви во kаналите на оваа добротворна организација. На тој ден е регистрирана и се поставени темелите на оваа семакедонска организација.
Таа e прва од ваков вид во Република Македонија која предизвика голем интерес кај Македонците од етничка Македонија, јавноста воРепублика Македонија и македонските иселеници во светот.
Основач на Фондацијата „БраќаЏидрови“ е д-р Лефтер Џидров-Манче од Отава, Канада. Неговото име и дело се добро познати меѓу Македонците во сите делови на Македонија и во дијаспората. Тој припаѓа на генерацијата на напредните интелектуалци од македонско потекло на северно-американскиот континент, каде го поминал најдолго време од својот живот и работа, а денес како пензионер е на распетие меѓу Канада и Македонија.