Подршка на иницијативата “За заедничка Македонија”

27.03.2017 година

од Виндзор, Канада
Македонците од Македонската православна црква “Свети Никола” од Виндзор, Канада како нераскинлив дел од Македонскиот народ иако одалечени од својата татковина ја изразуваат својата загриженост за настанатата политичка и институционална криза во Македонија и во потполност ја подржуваат иницијативата за зачувување на унитарниот и суверен карактер на нашата држава. Тие остро ја осудуваат таканаречената “Тиранска платформа”.

Благочестивите македонски христијани од овој град се спротиставуваат на секоја промена на националните симболи и на било каква промената на името на државата. За нив
воведувањето на двојазичност во целата држава и прогласувањето на Македонија за дво-национална држава значи потполно загрозување на Македонскиот национален интегритет.
Македонците од овој дел на Канада го отфрлаат во целост секое редефинирање, кантонизација или федерелизација на државата. Тие ги почитуваат Албанците и сакаат соживот со нив во мир и слога, но воедно ги потсетуваат дека Македонија е пред се држава на државотворниот Македонскиот народ и на сите народности што живеат во неа.
Членовите на оваа црковна заедница повикуваат на мир и стабилност во земјата, национално единство, меѓусебна доверба и толеранција.
Од присутните членови на годишното членско собрание.