ДВЕ ШТИПЈАНКИ ЈА ПРОМОВИРААТ МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТОТ

17.09.2014 година

Штипјанките Тања Алексова и Љупка Арсова, според изборот на Обединета Македонска Дијаспора, се меѓу 40-те наголеми промотори на Македонија во светот. Двете со својот ангажман, едната во Германија, другата во САД, на најрепрезентативен начин ја промовираат својата татковина.

Ангеловска работи како пост-докторант на Универзитетот во Минхен, во областа на психолингвистиката. Арсова е експерт од областа на обновливи извори на енергија за отпадни технологии и со своето 8 годишно искуство е водечка личност во оваа област во САД.
Заедно со Ангеловска и Арсова, на листата се уште 38 млади Македонци во чија чест во Вашингтон по прв пат се крена македонското знаме .