МАКЕДОНЦИТЕ ОД TAMPA BAY РЕГИОНОТ НА ФЛОРИДА

14.04.2015 година

Македонците од Тampa Bay регионот на Флорида во Август 1999 година го одржале првиот состанок на кој решително ја искажале својата желба и потреба за свој Македонски Православен Божји Храм. Светиот Архиерејски Синод на МПЦ ја прифатил и ја благословил нивната одлука за формирање на Македонска Православна Црква под патронот на „Св. Јован Крстител“.
Горди на себе, горди на својата македонска нација и поттикнати од делата на своите татковци, дедовци и прадедовци, кои граделе Божји Македонски храмови како во Македонија така и низ светот, во Април 2006 година, македонците од регионот Tampa Bay, Florida го купиле скромниот објект на МПЦ Св. Јован Крстител во New Port Richey, Florida и истиот го прилагодиле да функционира според правилата и традицијата на Македонска Православна Црква.

Веднаш потоа Митрополитот на АКМПЕ, Неговото Високопреосвештенство Г. Методиј го осветил овај наш Македонски Православен Божји Храм. Од тогаш па се до денес овај македонски православен црковен и национален храм МПЦ Св. Јован Крстител, преставува главно собиралиште на сите македонци од регионот на Tampa Bay во Флорида. Тука се одбележуваат и прославуваат верските празници и се споделуваат радосните и тешките моменти.
Во периодот од 2006 до Март 2015 година, црковните служби ги воделе повеке свештеници на Американско- Канадската Македонска Православна Епархија (АКМПЕ). Ја користиме оваа прилика да им се заблагодариме за нивното залагање и придонесот кон нашиот Македонски Православен Божји Храм.
На почетокот на Април 2015 година Митрополитот на АКМПЕ, Неговото Високопреосвештенство
Г. Методиј ни го испрати за постојан парохиски цвештеник Прота Драги Трпески кој со неговото скорешно преселување во New Port Richey, во Florida, постана дел од нашето македонско семејство.
Прота Драги Трпески долги години служел во МПЦ Света Богородица во Detroit, Michigan, како и во Македонија, во Тетово и Скопје.
Ја користиме оваа прилика да ги повикаме сите македонци од етничка Македонија што почесто да го посетуваат овај наш црковен и национален македонски центар МПЦ Св. Јован Крстител во New Port Richey, Florida. Очекуваме нашиот почитуван парохиски свештеник Драги Трпески да биде матица на сите македонци од овај регион на Флорида, кој со својата позната искреност и професионална посветеност ќе ги собери сите верници на МПЦ од регионт Tampa Bay да се дружат и црквуваат во МПЦ Св. Јован Крстител, New Port Richey, Florida. Воедно, ние црковната управа, заедно со нашиот парохиски свештеник Прота Драги Трпески, на сите православни христијани, им ги честитаме Велигденските празници со посакувања за христијанска љубов, здравје и среќа.
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!!!!....… НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА.
МПЦ Св. Јован Крстител
3509 Blayton St, New Port Richey, FL. 34652
Парохиски Свештеник, Прота Драги Трпески, Телефон: 586-747-2792
Црковна Управа на МПЦ Св. Јован Крстител,
E-mail: Svjovankrstitel.fl@gmail.com
Телефони: (727) 667-1559; (727) 251-4432; (727)