Во Чешка Република одржана прослава по повод празникот - Богојавление -Водици

30.01.2017 година

На 19.01.2017г. во Тешов, ЧР, се одржа прослава по повод големиот верски христијански празник - Богојавление - Водици, за македонската заедница во ЧР. На настанот, на кој присуствуваше амбасадорот Стојчески, учествуваа околу 50 лица.

Настанот, кој го водеше Владиката Криштоф {поранешниот Поглавар на Православната црква во Чешките земји и во Словачка - Православна црква), се организираше во Манастирот Преображение на Православната црква, кој се наоѓа во Тешов во западна Чешка, блиску до границата со Германија. Владиката Криштоф одржа литургија по повод водици, по што следуваше церемонија на фрлање на крстот во реката Јордан во Тешов, а целиот настан потоа заврши со свечен ручек.

Прославата за македонската заедница во ЧР по повод големиот верски христијански празник - Богојавление - Водици по четврти пат се одржува во ЧР. Главен организатор на настанот и кум оваа година беше г-динот Горан Ристов. Владиката Криштоф има голема наклонетост кон Македонија и дава поддршка на нашата заедница во ЧР.