Гоцеви денови 2017

06.02.2017 година

На 04.02. 2017.год. во просториите на Регионалната канцелариа кое име го носи ,,Гоце Делчев,, нашето здружение свечано беше отворена традиционалната манифестација,,Гоцеви денови 2017,, со одбележување на роденденот на нашиот великан Гоце Делчев.

Оваа манифестација почна од 4.02 и ќе трае до 4.05 и ќе ја следат повеќе активности.Една од главните активности е конкурсот кој има меѓу народен карактер,на кој деца од Србија и од дијаспората ке пишуваат ,цртаат и творат за животот и делото на Гоце Делчев.Победниците на овој конкурс се дел од свечената завршна вечер која ќе се одржи на 4.05.2017 година.Конкурсот беше свечано отворен вечерва.
Нашата најмлада членка Ива Тодоровиќ ни изрецитира прекрасни стихови за Гоце Делчев,а Богдан Стефановиќ -победник на многу рецитаторски такмичења, ни ја прочита биографијата на Гоце Делчев и со својот извонреден глас и дикција не врати во минатото.
Една пркерасна вечер со која го означивме почетокот на оваа манифестација.