Честит ,,ИЛИНДЕН,,

03.08.2017 година

По повод одбележувањето на 114 години од Илинденското востание и 73 години од првото заседание на АСНОМ односно нашиот најголем национален празник на македонскиот народ ИЛИНДЕН, во предвечерјето на Илинден во нашава Регионална канцеларија приредивме етно поставка на стари предмети,рачни ракотворби , на носии,специјалитети од македонската кујне и го и емитувавме филмот ,,Крушевска република,,.Со нас беа и нашите најмлади Милица,Анастасија,Андреа ,Илина и Марко кои учествуваа на летната школа за македонски јазик во Охрид.
Прекрасно потсетување, сите генерациии сплотени во едно,со договор на испарчање на делегации во Пелинце и во Јабука.
Известува Пеце Ристески

'