СООПШТЕНИЕ

19.12.2016 година


Австралиско македонскиот театар од Сиднеј во сабота 17 декември со почеток во 19 часот во просториите на Hurstville Civic Theatre, MacMahon Street, Hurstville ја организира традиционалната Гала вечер при што ќе се доделат награди за глума и театарска уметност под име Александар Македонски.
Наградите се поделени во следните категории, и тоа: Награда за најдобар дебитант; Награда за најдобра женска придружна улога; Награда за најдобра машка придружна улога; Награда за најдобра женска улога; Награда за најдобра машка улога; Награда по избор на публиката како и Награда за животно дело. Наградата Александар Македонски исто ќе им се додели и на индивидуалци и организации кои ја негуваат и промовираат македонската култура во Австралија.

Исто така на оваа Гала вечер премиерно ќе се изведе поетската драматизација НЕДА од Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу, а во изведба на Валентина Апостоловска, членови на Македонскиот театар и КУД Илинден. Исто така ќе има и кратки сценски изведби од членови на Македонскиот театар и ќе се направи промоција на ДВД од драмските продукции Куферот и Баба се мажи.

На македонски традиционални инструменти ќе настапат артистите Горан Вељаноски, Крис Карафиловски и Ѓорѓи Стојчевски .

На крајот на вечерта ќе следи богата македонска традиционална закуска и освежителни пијалоци.

Влезот е бесплатен и сите сте добредојдени.

********
The Theatre has been awarded with:
* 2015 Australian Multicultural Marketing Award for Arts and Culture
* 2015 Prestigious Award for promoting Macedonian culture by the President of Macedonia
Театарот е добитник на:
* Повелба на Република Македонија од претседателот на Македонија
* Национална австралиска награда за уметност и култура

*******