МАКЕДОНИЈА НЕ ТЕ ЗАБОРАВАМЕ ОД ИВАН ТРПОСКИ

28.02.2017 година

Во Сиднеј промовирана книгата
МАКЕДОНИЈА НЕ ТЕ ЗАБОРАВАМЕ ОД ИВАН ТРПОСКИ
Минатиот петок, 24 февруари во просториите на Центарот за емигранти во регионот Рогдаел (предградие на Сиднеј) во преполнетата просторија се промовира најновото дело на поетот и писател Иван Трпоски. Книгата „Македонија-не те забораваме“ во издание на Литературното друштво „Григор Прличев“ се состои од збирка на журналистички написи издавани од овој плодоносен автор кој за последните 35 години истити ги објавувал во македонскиот печат во Австралија и Македонија. Книгата минатата година беше промовирана во Скопје од Фиданка Танаскова и Марјан Велевски, а во Охрид од Милчо Јованоски.

Книгата ја промовира м-р Душан Ристевски кој даде опсижна анализа на ова дело кое како трезор е од огромно значење за македонската заедница во Сиднеј во кое се објавени 200 написи за посебни историски збиднувања во заедницата, настани, акции, интервјуа, културни средби како и за поединци кои оставиле траен белег во заедницата. Иван со ова дело покажа дека покрај со поезијата, за која повеќе пати бил наградуван, писателот треба да биде и хроничар – историчар на времето во кое твори и живее, а воедно да ја промовира македонската култура и нашиот свет-македонски јазик.
За авторот и неговото дело зборуваше Валентина Апостоловска која исто прочита и две песни поезија, заестапени во истата книга. Таа забележа дека Иван е најобјавуваниот автор во дијаспората со досега издадени 18 наслови. Покрај поезија има објавено патописни, автобиографвски и општествено-историски дела. Како општественик и хуманист Иван повеќе пати добивал награди од австралиските институции, а минатата година доби и медал за заслуга за Македонија од претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.
Исто така и авторот Трпоски изнесе благодарност за сите оние кои помогнаа во издавањето на книгата, посебно на Нада Трпоска, Биљана Трпоска-Јошеска, Душан Ристевски, Александар Донски, Фиданка Танаскова, Марјан Велевски, Милчо Јованоски и Биљана Костова.
После промоцијата, покрај фотографските сесии со авторот Трпоски, се служеше богата македонска традиционална закуска припремена од вредните раце на Нада Трпоска.
Книгата може да се порача преку Литературното друштво „Григор Прличев“ на 0425231335. Истата е вредно четиво за секое македонско семејство.