СОБИР ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА

26.04.2017 година

Во Сиднеј:
СОБИР ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА
Минатат недела во Сиднеј, на 23 април, успешно се одржа мировниот протест за заедничка и унитарна Македонија по иницијатива на Светскиот македонски конгрес од Австралија,а во организација на повеќе македонски организации но главниот носител беше КУД Илинден.

Убаво беше да се видат повеќе од пет илјади Македонци сплотени под убавината на македонските знамиња и звукот на македонските песни како и пораките кои остро ја осудија таканаречената „Тиранска платформа“ и политичарите што ја уништуваат македонската држава и нација, а со тоа подржувајќи го претседателот на Македонија Ѓорге Иванов.
Покрај организаторите, Џим Стефановски како претседател на Светскиот конгрес од Австралија, поздравни говори изнесоа и претставници од двете македонски епархии од Австралија, Литературното друштво „Григор Прличев“, фолклорните друштва, спортските друштва, пензионерските асоцијации како и австралиските политичари Креиг Кели и Дејвид Кларк кои ја подржаа иницијативата и начелата на протестот и остро ги осудија оние што посегаат по македонската нација и држава, а со тоа поттикнаа и признавање на Македонија под уставното име во Австралија.
На протестот се промовира и македонската култура, она што Македонците најповеќе ги сплотува: музиката, песната, орото, поезијата, театарот... јазикот Македонски. Покрај КУД „Илинден„ кои настапија со сплет од сите делови на Македонија, настапија поети од Литературното друштво „Григор Прличев“ како и артисти од Македонскиот театар од Сиднеј. Артистката Валентина Апостоловска, во улогата на Неда, како и Никола Апостоловски го изведоа драмскиот приказ „Неда“ со што не потсетија на злосторствата на Шиптарите во Македонија.
На крајот на собирот на амбасадорот на македонија во Австралија, Веле Трпевски, официјално му се предаде декларацијата од собирот потпишана од сите македонски организации во Нов Јужен Велс, со цел истата да му се предаде на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов.
Душан Ристевски