СООПШТЕНИЕ НАГРАДЕН КОНКУРС ЗА ПРЛИЧЕВА НАГРАДА

03.08.2017 година

Македонското писателско друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј го организира својот традиционален награден конкурс за поезија и проза за возрасни и деца:

* РАСКАЗ НА ГОДИНАТА ЗА ВОЗРАСНИ
* ПОЕТСКА ТВОРБА НА ГОДИНАТА ЗА ВОЗРАСНИ
* РАСКАЗ НА ГОДИНАТА ЗА ДЕЦА
* ПОЕТСКА ТВОРБА НА ГОДИНАТА ЗА ДЕЦА

Услови:
* Темата е слободна. Пожелно е расказите да не содржат повеќе од 800 зборови.
* Претходно објавени или издадени дела нема да се разгледуваат.
* Делата да се испраќаат под шифра и во три примероци, а авторството да се докаже со четвртиот примерок.
* За секој жанр да не се испраќаат повеќе од десет дела.

Ќе се доделат по три награди за секој жанр, во зависност од квалитетот на доставените дела.
Конкурсот трае до 31 October 2017 година.
Делата да се испраќаат до адресата на Друштвото: P.O. Box 227 Rockdale NSW 2216, со ознака „За Прличева награда“.

Од Извршниот совет на
Литературното друштво „Григор Прличев“