Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЛЕТНАТА ШКОЛА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

19.04.2017 година

Почитувани!

Ве известуваме дека Летната Школа по Македонски јазик наменета за деца потомци на иселениците од Македонија, со цел изучување на македонскиот јазик која Агенцијата за иселеништво ја организира секоја година, ќе се одржи од 24 јули до 30 јули 2017 година.
Сместувањето на учениците и одржувањето на наставата ќе биде во хотел во Охрид. Со цел на Летната Школа да се овозможи учество на ученици од повеќе држави, Агенцијата за иселеништво ќе го сноси целокупниот трошок за првите 5 ученика што ќе се пријават од секоја држава поединечно.
Превозот до Охрид ќе биде во организација на родителите.
На „Летната Школа“ учество можат да земат сите заинтересирани, без претходна селекција.
За дополнителни информации околу сместувањето и цената ќе ве известиме во поблиска иднина.
Ве молиме присуството да го пријавите на интернет адресата на Агенцијата за иселеништво: e-mail:info@minisel.gov.mk
Благодариме за соработката

Изготвил, Костова Билјана

.