Соопштенија

П О Н У Д А

16.06.2017 година


До
Агенција за иселеништво на Република Македонија

Предмет: П О Н У Д А


Почитувани,
Би сакале накратко да Ве информираме за новиот начин на студирање кој е имплементиран во нашиот образовен систем.
Сметаме дека ова е поволност да ги запознаеме сите наши граѓани кои живеат и работат надвор од Македонија, а воедно имаат или делумно стекнале додипломски или магистерски студии во нашата земја за можност истите да ги верификуваат во земјата каде што моментално живеат и исттите да им се признаени.

Европскиот Универзитет во соработка со е-Кампус Универзитетот од Италија (Новедрате), воведува нова програма на студирање која овозможува имплементација на онлајн платформа за учење од далечина, онлајн студии. ЕУРМ претставува овластен и ексклузивен центар за реализација на активностите на е-Кампус, што подразбира он-лине туторство и спроведување на испитите за студентите на е-Кампус од Р. Македонија и Р.Турција.
е-Кампус Универзитетот е акредитиран онлајн Универзитет, кој како целосен функционален универзитетски кампус нуди опции за онлајн учење. Предавањата на Универзитетот се прикачени во PDF формат или како видео снимен материјал од страна на професорот на англиски, македонски јазик и турски јазик.
На онлајн Универзитетот е-Кампус се достапни 22 додипломски и мастер програми по моделот 3+2, на 5 факултети од областа на правото, економија, инженерство, арт, психологија и литература. Уписите на е-Кампус се отворени во текот на целата година, без разлика кога студентот ќе одлучи да започне со студирање.
На е-Кампус можат да аплицираат студенти кои делумно, или целосно имаат завршено три и пет годишно високо образование, при што ќе им биде извршена еквиваленција на добиените кредити и со полагање на диференцијални испити, студентите можат да се стекнат со Италијанска (европска) диплома.
Студирањето е прилагодено спрема расположливото време на студентот со посебно дизајнирана програма и асистенција од персонален тутор со 24 часовна подршка.

Сите заинтересирани за подетални информации можат да се обратат на Европски Универзитет Р.Македонија како партнерска установа на е - Кампус на телефонскиот број 3202-082 или да ја посетат нашата официјална web страна: www.ecampus.mk, или нашата fun page страница на facebook: ECampus University Italy


Контакт лица:
samoil.krstevski@eurm.edu.mk 077/442-030
daniela.atanasovska@eurm.edu.mk 078/482-071
marija.cizaloska@eurm.edu.mk 078/223-436