ИЗВЕСТУВАЊЕ

19.10.2016 година

1.Ве известуваме дека Претседателот на Собранието на Република Македонија распиша предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 11 декември 2016 година.
Во Дипломатско Конзуларните претставништва (ДКП) на Република Македонија во странство, гласањето ќе се одржи на 10 декември (сабота) 2016 година, согласно со сметањето на времето во соодветната земја.


2. Сите државјани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство се запишуваат во посебен Избирачки список. . Овие лица се запишуваат според нивното последно живеалиште во Република Македонија пред заминувањето во странство (член 41 став 5 од Изборниот законик-Сл.весник на РМ бр. 54/2011).

3. Државната изборна комисија преку Министерството за надворешни работи ги доставува до ДКП посебните изводи од Избирачкиот список за лицата на привремена работа или престој во странство врз основа на евиденција од надлежен орган, за ставање на јавен увид (член 49 став 2, во врска со член 15 став 2 од Изборниот законик).
Јавниот увид во посебниот избирачки список во ДКП започнува на 28 октомври и ќе трае до 11 ноември 2016 година до 24.00 часот.

4. Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебните изводи од Избирачкиот список (член 50-а став 6 во врска со член 15 став 2 од Изборниот законик), за време на јавниот увид, државјаните на република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство го поднесуваат по електронска пошта до ДИК, од 28 октомври до 11 ноември 2016 година, до 24,00 часот.
Барањето може да се поднесе во периодот од 28 октомври до 11 ноември 2016 година.

5. Од денот на распишувањето на изборите до завршување на јавниот увид, државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат да достават Пријава за гласање, своерачно потпишана или испратена по електронска пошта со која се пријавуваат за гласање на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија (член 50-а став 8 во врска со член 15 став 2).
Пријавата за гласање може да се поднесе во периодот од 18 октомври до 11 ноември 2016 година, до 24,00 часот.

 

 

 

АКТИВНОСТИ НА МАКЕДОНСКИОТ СОЈУЗ ВО ШВЕДСКА

13.10.2016 година

Во рамките на редовните активности на Македонскиот Сојуз е и фестивалот на македонската поезија „Денови на македонската поезија„.
Минатата година поетскиот фестивал го прослави својот 25- годишен јубилеј. Пред пет години со формирањето на Македонското поетско друштво „Дениција„ овој фестивал му припадна на ова здружение . Од минатата година, пак, по барање и на Македонската Амбасада, во главниот град на Кралството Шведска во октомври од кога се одржува и Месецот на македонската култура, договорено е фестивалот на македонската поезија да се одржува во два дела. Едниот дел организирањето го презема некое македонско друштво кое е член на Маекдонскиот Сојуз, а другиот дел да се одржува во главниот град на Шведска, токму во Македонската Амбасада, и во Месецот на Македонската Култура, поддржан од Министерството за култура на Република Македонија .

 

 

 

Македонија - Италија 2:1

12.10.2016 година

Се почна така случајно, барем за мене. Бев контактиран од редакцијата на Раи 4 по повод фудбалската утакмица за квалификации на светското првенство во Русија 2018 помеѓу Македонија и Италија. Изборот за гостин од нивна страна не беше воопшто случаен, бараа претставителна особа којашто зборува италијански јазик на повисок стил. Знаеа многу работи од моето блиско минато во текот на мојот престој во Италија, за основањето на македонската асоцијација Сонце-Соле во Пјаченца, за реализираните проекти помеѓу македонската заедница што живее и работи во Италија, за реномето и постигнатиот мост на соработка помеѓу македонските и италијанските институции. И покрај тоа што средбата беше со спортска содржина, сепак во студиото имаше повеќе македонски знамиња, збогатено со македонски традиционални глинени сувенири од моја лична колекција и една македонска рачно ткаена бовча со македонски орнаменти. Им приготвив и една цела колекција на фотографии за Македонија, за којашто од технички причини немаше простор да биде прикажана. Пред непосредното започнување на фудбалската утакмица беше пуштено едно кратко видео кадешто им ја пеев македонската бушава азбука, којашто беше прифатена со овации и аплаудирања од нивна страна. Фудбалската утакмица беше прикажана на нивната национална телевизија која имаше можност да ја видат 65 милиони жители во своите домови. За гледањето на утакмицата добив потврден одговор од повеќе пријатели, роднини и соработници коишто во директен пренос ја имаат видено и во Република Македонија.


 

 

 

ДОНАЦИЈА ОД МАКЕДОНЦИТЕ ОД ГОРЊИ МИЛАНОВАЦ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО СКОПЈЕ

12.09.2016 година

На акцијата на Здружението на Македонците во Моравичкиот округ во Република Србија за помош на настраданите во неодамнешните поплави во Скопје се одзваа повеќе фирми и организации од Горњи Милановац.
Беше собрана помош составена од 30 комплети тенџериња од „Металац“, 30 комплети со слатки од „свислајон – Таково“ и 2,5 тони фасадна боја од „Звезда – Хелиос“. Кон хуманитарната помош се приклучи и Рудникот за олово и цинк, кој го обезбеди превозот.
И Црвениот Крст на Горњи Милановац обезбеди помош за Црвен Крст Скопје. Беа донесени хигиенски средства за поплавените подрачја.
Хуманитарната помош беше поделена на лице место на тие на кои им е најнеопходна помош во оваа ситуација.

 

 

 

10 јубилејни Денови на македонската култура во Нови Сад

30.06.2016 година

10 јубилејни Денови на македонската култура во Нови Сад свечано одбележени

Здружението на граѓаните од македонското национално малцинство ,,Кирил и Методиј'' од Нови Сад во соработка со Јавната медиумска установа Радио-телевизија Војводина и емисијата на македонски јазик ,,Македонско сонце’’ ја организираше Свечаната академија за сесловенските просветители Светите браќа .Кирил и Методиј, Патроните на здружението, кое гордо ги носи нивните имиња, кои ги удриле темелите на словенската писменост, допринеле на развојот на македонскиот јазик, а наша обврска е да го сочуваме кирилското писмо, да го сочуваме мајчиниот јазик, зoшто тоа е најголемото богатство на секој народ. Со Свечаната академија, започна десеттата јубилејна манифестација ,,Денови на македонската култура во Нови Сад.

Манифестацијата ја отвори Амбасадорката на Република Македонија во Р.Србија, Нејзината Екселенција Вера Јовановска Типко, која истакна дека мисијата на словенските просветители Кирил и Методиј, треба да ни биде вечна инспирација на сите нас.


 

 

 

10 јубилејни Денови на македонската култура во Нови Сад

30.06.2016 година

10 јубилејни Денови на македонската култура во Нови Сад ,
продолжија со Вечер посветена на фолклорот и изворната песна

Десеттата јубилејна манифестација ,,Денови на македонската култура во Нови Сад, во организација на Здружението на граѓаните од македонското национално малцинство ,,Кирил и Методиј'' продолжија и на 26 мај, со одржување на етно вечер – Вечер посветена на фолклорот и изворната македонска песна.
Посебно радува што оваа вечер програмата ја припремија нашите пријатели од КУД ,,Виногради’’ од Гудурица, на чело со претседателот на Сојузот на асоциациите на Македонците во Србија, господинот Стеван Србиновски од Вршац, што допринесе на квалитетот на програмата.
Дарко Ристески на кавал ја отвори програмата, со мајсторска изведба.

 

 

 

100-ти број на ‘‘Македонски глас‘‘

03.06.2016 година

 

 

 

10 јубилејни Денови на македонската култура во Нови Сад

03.06.2016 година

Здружението на граѓаните од македонското национално малцинство ,,Кирил и Методиј'' од Нови Сад во соработка со Јавната медиумска установа Радио-телевизија Војводина и емисијата на македонски јазик ,,Македонско сонце’’ ја организираше Свечаната академија за сесловенските просветители св.Кирил и Методиј, со што започна десеттата јубилејна манифестација ,,Денови на македонската култура во Нови Сад.