ИЗВЕСТУВАЊЕ

21.10.2016 година

Од денот на распишувањето на изборите до завршување на јавниот увид, државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат да достават Пријава за гласање, своерачно потпишана или испратена по електронска пошта со која се пријавуваат за гласање на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија до ДИК (член 50-а став 8 во врска со член 15 став 2).

Образецот –пријава за гласање, како и сите други информации во врска со гласањето може да ги најдете на интернет страната на ДИК односно на линкот

http://www.sec.mk/predvremeni-izbori-za-pratenici-2016/

 

 

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

19.10.2016 година

1.Ве известуваме дека Претседателот на Собранието на Република Македонија распиша предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 11 декември 2016 година.
Во Дипломатско Конзуларните претставништва (ДКП) на Република Македонија во странство, гласањето ќе се одржи на 10 декември (сабота) 2016 година, согласно со сметањето на времето во соодветната земја.


2. Сите државјани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство се запишуваат во посебен Избирачки список. . Овие лица се запишуваат според нивното последно живеалиште во Република Македонија пред заминувањето во странство (член 41 став 5 од Изборниот законик-Сл.весник на РМ бр. 54/2011).

3. Државната изборна комисија преку Министерството за надворешни работи ги доставува до ДКП посебните изводи од Избирачкиот список за лицата на привремена работа или престој во странство врз основа на евиденција од надлежен орган, за ставање на јавен увид (член 49 став 2, во врска со член 15 став 2 од Изборниот законик).
Јавниот увид во посебниот избирачки список во ДКП започнува на 28 октомври и ќе трае до 11 ноември 2016 година до 24.00 часот.

4. Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебните изводи од Избирачкиот список (член 50-а став 6 во врска со член 15 став 2 од Изборниот законик), за време на јавниот увид, државјаните на република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство го поднесуваат по електронска пошта до ДИК, од 28 октомври до 11 ноември 2016 година, до 24,00 часот.
Барањето може да се поднесе во периодот од 28 октомври до 11 ноември 2016 година.

5. Од денот на распишувањето на изборите до завршување на јавниот увид, државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат да достават Пријава за гласање, своерачно потпишана или испратена по електронска пошта со која се пријавуваат за гласање на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија (член 50-а став 8 во врска со член 15 став 2).
Пријавата за гласање може да се поднесе во периодот од 18 октомври до 11 ноември 2016 година, до 24,00 часот.

 

 

 

МЕДАЛ ЗА ЗАСЛУГИ ЗА МАКЕДОНИЈА

26.09.2016 година

Повод за разговор со Иван Трпоски е добивањето на Медал за заслуги за Македонија, неодамна доделена од претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и објавувањето на неговата најнова книга „Македонија – не те забораваме“.
Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов ви го додели највисокото државно признание што Македонец од дијаспората може да го добие. Што значи тоа за Вас, како општественик и долгогодишен борец за македонскиот јазик и култура?

 

 

 

ПАТНИК ПО ЅВЕЗДЕНОТО МАКЕДОНСКО НЕБО – НАЈНОВАТА КНИГА НА ГОРДАНА ДИМОВСКА

14.09.2016 година

Во издание на Агенцијата за Иселеништво на Р. Македонија, деновиве излезе од печат најновата книга на Гордана Димовска, “Патник по ѕвезденото македонско небо“. Книгата е збир на раскази, песни за возрасни, песни за деца, научно-историски записи и легенди. Дел расказите се и на англиски јазик по барање на читателската публика од Австралија.

Авторката во воведот на книгата истакнува: “Пишуваните дела не можеа да видат бел ден заради окупациите и наметнувањето на туѓи јазици. Денес, каде и да сме во светот, го носиме тој белег на себе МАКЕДОНЕЦ, и самото име зрачи како силно сонце и не задолжува да го браниме својот идентитет, својата бурна историја, јазикот, традицијата, верата, културата – како составен дел од се она што не прави МАКЕДОНЦИ. Секој напишан збор на свој мајчин јазик има посебна моќ, битно влијае врз општествената свест и го соединува националното битие во најубавото значење на тој збор. Колку повеќе трагам по минатото на Македонија, толку повеќе ја разбирам неговата величина, посебност но и потреба да се истражува и запишува. Преку расказите и песните, во оваа книга, патувам по македонското ѕвездено небо, оживувам сцени од историското минато во 1900 година, но и сцени од животот на иселениците во 21- виот век.“

 

 

 

Австралиско македонскиот театар од Сиднеј ќе земе учество на фестивалот за уметност Discovery Festival

13.09.2016 година



Австралиско македонскиот театар од Сиднеј со најновата театарска престава „Баба се мажи“ ќе земе учество на Фестивалот за уметност Discovery во оптштината Georges River (Сиднеј) што традиционално се организира повеќе години. Закажани се две престави за 11 и 12 ноември во Civic Theatre на оваа комедија од Душан Ристевски, во режија на Васко Србиновски, во изведба на Јаворка Котевска, Владо Сазданов, Гордана Милошевска, Антонио Нешковски, Татјана Нешковска, Самоил Митревски, а во продукција на повеќе наградуваниот театар АМТС. Исто се планираат други престави за во Рогдаел, Бенкстеон и Волонгонг.

 

 

 

ВО СИДНЕЈ ПРЛИЧЕВЦИ ГО ОДБЕЛЕЖАА ЈУБИЛЕЈОТ НА РЕПУБЛИКАТА

13.09.2016 година


По повод 25 годишницата од независноста на Република Македонија, Литературното друштво „Григор Прличев“ на 9 септември организира средба со членовите при што со поезија посветена на независноста на Република Македонија се преставија поетите: Иван Трпоски, Перо Дамчевски-Коцин, Лилјана Тошеска, Душан Ристевски и Жаклина Михајлова..
Исто така се организира и коктел по повод доделувањето на истакнатиот општественик и писател Иван Трпоски на Медал за заслуга за Македонија од претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов. Иста така Иван за време неговата посета во македонија доби признанија и благодарници за неговата макотрпна работа во промовирање на македонската култура од Агенцијата за иселеништво, Општината Охрид и Месната заедница на Волино.


Душан Ристевски

 

 

 

Поетско Илинденско чествување во Сиднеј

11.08.2016 година

По повод Илинден, во Сиднеј, се одржа чествување и поетско читање во Литературното друштво „ Григор Прличев“. Поетите Перо Дамчевски- Коцин, Лилјана Тошевска, Бранко Наумовски и Жаклина Михајлова, читаа свои стихови и беседеа за значењето на сите македонски Илиндени низ историјата. Присутните гости, уживаа во пријатната македонска вечер.

 

 

 

Натпревар по рецитирање во НЈВ

11.08.2016 година

Успешна традиција

По девети пат одржан
Натпреварот по рецитирање во НЈВ
Во организација на Македонскиот Просветно Училишен Одбор на НЈВ, во Сиднеј по девети пат се одржа Натпреварот по рецитирање на македонски јазик за учениците од основните училишта. И оваа година, традиционално, домаќин беше Основното училиште во Карлтон.
Голем број ученици од македонско потекло рецитираа на чист македонски јазик. Одлично подготвени учениците се трудеа што поубаво да ја изрецитираат својата стихотворба.
Рецитирањето е древна македонска вештина , која се негува во училиштата на македонски јазик во НЈВ. Оваа вештина им овозможува на учениците да ја зголемат својата самодоверба, својата меморија или памтењето, а истовремено и да го надминат стравот од зборување пред други луѓе.
Сите ученици заслужуваат пофалба за вложениот труд, честитки и до вредните учители кои ги подготвија учениците, а особена пофалба заслужуваат грижливите родители кои најдоа време и во сабота ги донесоа децата на Натпреварот.
Жири комисијата во состав проф. Бранко Наумовски, проф. Славица Ристеска и проф. Елизабета Хаџијевска, потврдија дека сите деца заслужуваат пофалба за својот труд , но одлучија оваа година наградите да ги добијат:

Од забавиште
Јован Ташковски од „Filip II “ Peakhurst West

Stage 1( 6-8 god)

1. Антони Мандаровски од MEU „Nikola Karev “Bonnyrigg
2. Јустинијан Велковски од МЕОU „11-ti Оktomvri” Yagoona
3. Никола Кочанковски од „Filip II “ Peakhurst West
3. Лора Стојановска од „Filip II “ Peakhurst West

Stage 2: ( од 8-10год)

1. Мартина Ѓергис од „Kliment Ohridski” Rockdale
2. Дин Јовчевски од Carlton PS
2. Матеа Цифкаровска од МЕОU „11-ti Оktomvri” Yagoona
3. Милан Славески од Kliment Ohridski” Rockdale

Stage 3 (од 11-13 год)

1. Мајкл Касовски од Carlton PS
2. Ванеса Новак од Carlton PS
3. Оливија Дак од MEU „Nikola Karev “Bonnyrigg



Текст: Жаклина Михајлова -Учителката
Слика: Радица Бојковска Димитровска