Забелешка: Бидејќи најголем број од поставените прашања се однесуваат за добивање државјанство ве упатуваме да го погледнете УПАТСТВОТО КАКО ДО ДРЖАВЈАНСТВО
Исто така голем број од поставените прашања се однесуваат на вадење визи и барање работа во странство ве известуваме дека Агенцијата за иселеништво на Република Македонија не посредува при добивање било какви визи, ниту при вработување во странство.
Македонија, како и многуте други земји со долга иселеничка традиција нема прецизни податоци за бројот на своите иселеници, додека пак Македонците во соседните земји не потпаѓаат под ингеренциите на Агенцијата за иселеништво, бидејќи тие во земјите каде живеат се национални малцинства. За нив грижа води Министерството за надворешни работи на Република Македонија.