МАНИФЕСТАЦИИ

03.09.2015 година

 

 

 

Црковен народен собир

03.09.2015 година

 

 

 

ТУРНЕЈА на КУД МАКЕДОНКА од Торонто

07.08.2015 година

Во рамки на својте летни активности а согласно надлежностите на Агенцијата за иселеништво за помагање на културниот развој на иселениците од Македонија и промовирање на нивните активности за зачувување на македонската култура и идентитет во иселеништвото, Агенцијата за иселеништво во текот на јули месец организира ТУРНЕЈА на КУД МАКЕДОНКА од Торонто Канада, со настапи на фолклорни фестивали и културни манифестации низ неколку градови во Македонија.

 

 

 

ОД АКТИВНОСТИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО РАДИО “ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА”

05.05.2015 година

Македонското патриотско радио “Обединета Македонија” од Торонто е едно од неколкуте радио часови во Торонто. Тоа е радио час кај кој доаѓаат до израз, пред с# и над с#, националните белези на македонскиот народ од сите делови на Македонија.
Ова значајно радио ја започна својата информативна дејност уште во 1998 година, со своја аматерка програма и скромни финансиски можности. Водитети и уредници се брачниот пар Драгица и Мицко Димовски, кои водат потекло од битолскиот крај. Радиото се емитува секоја сабота од 9-10 часот наутро на 1430 АМ на Радио станицата СНКТ, а повторно емисиите се емитуваат на интернет на Етничкото радио за слушателите во Ванкувер и Калгари, во западниот дел на Канада.

 

 

 

Нов претседател на ,,Обединети Македонци“ ТОРОНТО

05.05.2015 година

На последните избори што се одржаа во просториите на соборниот храм на Македонската Православна Црква Св. Климент Охридски во Торонто, за нов претседател на организацијата „Обединети Македонци“ од Торонто е избран Мендо Бакаловски, кој на чела на органзицијата ќе биде во следните две години, а за секретар е избрана Елизабета Медичкова.

 

 

 

Традиционална игранка

10.03.2015 година

Почитувани Пријатели, Македонското Патриотско Радио “Обединета Македонија” ја одржува својата традиционална игранка, Во Сабота на 18ти Април, 2015 год. во средната сала на М.П.Ц. Св. Климент Охридски во Торонто. Ќе ве забавува познатиот македонски оркестар на Соња и Оливер Банд. Ќе има убава програма и убава лотарија. Цената е само $15.00 по човек, а за деца помали од 12 години влезот е слободен. Со почит од редакцијата на М.П. Радио Обединета Македонија и од нас водителите и уредниците Драгица и Мицко Димовски, Сите сте ДОБРЕДОЈДЕНИ!

 

 

 

Македонците од Торонто донираа средства за домот за доенчиња во Битола

30.09.2014 година


Македонците кои живеат во Торонто на 27-ми септември одржаа хуманитарна акција за собирање средства за домот за доенчиња во Битола.
Аукцијата беше организирана од Play Dance&Laugh и Macedonian Childrens Relief Fund, а со единствена цел да се помогне на домот за доенчиња во Битола, единствениот во Македонија за згрижување на деца до тригодишна возраст.

 

 

 

МАКЕДОНСКИОТ БАЛ ОДРЖАН ВО ТОРОНТО

24.09.2014 година

На 20 септември 2014 година Обединетата македонска дијаспора и Канадско македонската фондација беа домаќини на Македонскиот бал во чест на двајца значајни Канаѓани од македонско потекло: Крис Палиари и Вона Битов. Балот се одржа во престижниот хотел Торонто Мериот. На балот присуствуваа над 450 претставници на елитата на Торонто, меѓу кои имаше и високи претставници на Канада и Македонија, дипломати, бизнис елите и претставници на медиуми.