Македонците во Торонто го прославиjа Денот на независноста

15.09.2014 година

Со традиционалното кревање на македонското знаме пред зградата на парламентот на Онтарио во Торонто, Македонците од Канада го прославија Денот на независноста на нивната татковина 8 Септември.

 

 

 

Петта годишна конференција на иселеничките организации во Република Македонија

25.07.2014 година

Во Скопје се одржа Петтата годишна конференција на Иселеничките организации

ДОСЕГА НАЈМАСОВНО И НАЈАВТОРИТЕТНО
Во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, во Амфитеатарот на Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа петтата по ред годишна конференција на иселеничките организации од Европа, Америка, Канада и Австралија.



Претставниците на иселеничките организации. ги поздрави и им се обрати директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија Васил Наумов, кој се заблагодари за масовното присуство.

- Чувањето и негувањето на македонскиот јазик и културата, како и јазикот и културата на заедниците, државјанството и избирачкото право, организираност и поврзаност на иселениците од Македонија и нивната соработка со Агенцијата за иселеништво, како и остварување на пензиско право на иселениците, се темите кој ги најави директорот Васил Наумов, на конференцијата на која присуствуваа 115 претставници од 143 иселенички организации од четири континенти и 20 гости меѓу кои и претставници на македонското малцинство во соседните земји.

Тие претставуваат околу 250.000 иселеници од Македонија во странство, информираше Васил Наумов, директор на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија

Конференцијата за отворена ја прогласи претседателот на Собранието на Република Македонија господинот Трајко Велјановски. Тој ја поздрави оваа конференција, како значајна за натамошниот развој на с она што е македонско во дијаспората и потребата континуитетот не само да продолжи, туку и да се проширува со нови содржини.


-Нашите иселеници биле и ке бидат значајни компоненти во развојот на нашата земја во целина и грижата за тоа треба да биде постојана, нагласи меѓу другото Велјановски.


Конференцијата траеше два дена и имаше безброј излагања и дискусии, кои привлекоа внимание кај сите присустни, како Лилјана Лазареска професор по македонски јазик во Јабука, Р.Србија, потоа, Лилјана Стоилковска Андоновска од Малме, Шведска, Марта Елефтеридаис, наставник по македонски јазик во Мелбурн, Австралија, Васил Тоциновски од Заедницата на Македонците во Р.Хрватска, книгата на Гордана Димовска од Мелбурн, Австралија- Вечна светлина над Македонија која ја презентираше Вангелко Лозаноски, Александар Спасов и Гоце Дуртаноски имаа успешно излагање и презентација на тема Граѓанската дипломатија и афирмација на Македонија во светот, Трајче Бошковски од АХАМ зборуваше за поврзаноста на хуманитарните македонски организации со Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, Васко Ангеловски од Охридското социјално друштво Св.Наум Охрдиски од Мелбурн, како и многу други.



На вториот ден од Конференцијата се обрати министерот за надворешни работи г-дин Никола Попоски кој најави стипендии за младите студенти, како и нивно вклучување во стажирањето во Република Македонија, а воедно одговараше и на прашањата поставени од претставниците на иселеничките организации.

Претставници од повеќето министерства на Владата на Република Македонија одговараа и на прашањата на нашите иселеници на темите: пензиското и инвалидско осигурување во Македонија и правата на нашите иселеници, како и за државјанството и избирачкото право.

На конференцијата се обратија и пратениците од дијаспората во Собранието на Република Македонија - Ристо Манчев (Европа и Африка), Павле Саздов (Северна и Јужна Америка) и Васко Наумовски (Австралија и Нов Зеланд), на кои претставниците на иселеничките организации им поставуваа прашања за своите потреби и барања на кои пратениците им даваа одговори насоки и објаснувања.

На крајот од Конференцијата претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, додели одликувања и признанија, под мотото Македонија памти, за особени заслуги и достигнувања на физички и правни лица од Иселеништвото, за афирмација на Република Македонија во светот.

-Македонија е земја на хумани луѓе, Македонците отсекогаш давале и помагале, а вие иселениците ја негувате ова длабока македонска традиција и секој ваш успех е и успех за Македонија, истакна меѓу другото претседателот Иванов.






ДОБИТНИЦИ НА ОДЛИКУВАЊАТА И ПРИЗНАНИЈАТА ЗА 2014 ГОДИНА


Македонски организации од дијаспората:
Хуманитарна организација Надеж - Мелбурн, Австралија
Добротворна организација Св. Архангел Гаврил - Нов Јужен Велс, Австралија.
Македонска добротворна организација МЦЊА Викторија,Австралија
Македонска општина од Западна Австралија
Македонско друштво Илинден , Хановер, Германија
Заедница на Македонците во Република Хрватска
Весникот Македонија од Торонто, Канада
Радио Вардарски Бранови- Канада
Радио Програма Обединета Македонија, Торонто, Канада
Македонски комитет за човекови права од Њу Џерси, САД.

Поединци, иселеници- медал за заслуги на Македонија:
Андон Дончевски, иселеник во Австралија
Владимир Стрезов , иселеник во Австралија
Зоран Костадинов, иселеник во Швајцарија
Ердован Етоски , иселеник во Швајцарија
Спасо Божинов, иселеник во Германија
Омер Калеши иселеник во Франција
Ристо Стефов, иселеник во Канада
Борис Папучкоски, иселеник во САД.

 

 

 

Македонска Православна Црква Св.Наум Охридски

09.04.2014 година


1150 Stone Church Rd.E
Hamilton, Ontario
L8W 2C7

Тел. 905 387 0111 Парохиски свештеник Прота Ангел Станчев
E-mail адреса Тел. 289 700 63 87
St.naum.of.ohrid@gmail.com alach_ve@yahoo.com

РАСПОРЕД НА СВЕТИТЕ БОГОСЛУЖБИ ЗА ВЕЛИГДЕН

1. Недела Влегување на Господ ИсусХристос Божествена Литургија 10:00 am
13 Април во Ерусалим-Цветници

2. Четврток Велики Четврток Божествена Литургија 10:00 am
17 Април Читање на 12-те Евангелија Вечерна служба 07:00 pm

3. Петок Велики Петок Царски часови 10:00 am
18 Април Кружење околу храмот Погребение Христово 07:00 pm

4. Сабота Велика Сабота Божествена Литургија 10:00 am
19 Април Кружење околу храмот Воскресна Утрена 11:30 pm

5. Недела ВОСКРЕСЕНИЕ - Божествена Литургија 10:00 am
20 Април ХРИСТОВО

6. Понеделник Втор ден Велигден Утренa богослужба 10:00 am
21 Април

7. Вторник Трет ден Велигден Утрена богослужба 10:00 am
22 Април

Драги браќа и сестри, Велигден е нашиот најголем празник. Во овој ден Христос воскресна и триумфираше над смртта. Со Неговото воскресение Тој докажа дека смртта нема моќ над животот. Он пострада за нас за ние да можеме да живееме. Нас, Неговите созданија кои пропаѓавме во длабочините на гревот, никој друг не можеше да не спаси освен Самиот Семоќен Бог. Преку Неговото Воскресение и ние сме воскреснати за нов живот во Него!
Сите сте добредојдени на овој Радосен Ден, та заедно да се рaдуваме и да пееме: Христос воскресна од мртвите, со смртта, смртта ја победи, и на оние што беа во гробовите, живот им подари!
Парохискиот свештеник и Црковната управа ви посакуваат добро здравје, мир и од Бога благослов.

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА
Парохиски свештеник Прота Ангел Станчев

 

 

 

Велигденските Свети Богослужби во St. Clement of Ohrid Macedonian Orthodox Cathedral, Toronto Ontario

07.04.2014 година

St. Clement of Ohrid Macedonian Orthodox Cathedral, Toronto Ontario

За претстојните Велигденски празници во македонската православна црква Св.Климент Охридски објавен е следниов распоред на велигденските Свети Богослужби:
Април 12 (Сабота) во 10:00: Лазарева Сабота, Божествена Литургија
Април 13 (Недела) во 10:00: Цветници, Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Света Литургија
Април 16 (Среда) во 19:00: Големо Повечерие и Маслосвет
Април 17 (Четврток) во 10:00: Велики Четврток, Света Литургија
во 19:00 Читање на 12 страдални Евангелија
Април 18 (Петок) во 10:00: Велики Петок,Света Богослужба,Царски часови
во 19:00: погребение Христово (пеење на статиите)
Април 19 (Сабота) во 10:00: Велика Сабота, Света Литургија
во 23:30: Утрена со опход околу црквата
На полноќната служба нема да се дава света Причест
Април 20 (Недела) во 10:00: Воскресение Христово - ВЕЛИГДЕН, Св.Литургија
во 13:00: Второ Воскресение
Април 21 (Понеделник) во 10:00: Втор ден Велигден, Света Литургија
Април 22 (Вторник) во 10:00: Трет ден Велигден, Света Литургија
Традиционалната Велигденска Игранка ќе биде одржана на 20 Април со почеток во 12 часот (веднаш по Богослужбата) и ќе трае до 4 часот попладне. Влезот е бесплатен.
Истиот ден ќе има и вечерна Велигденска Игранка со почеток од 7 часот навечер и ќе трае до полноќ. Влезот за оваа игранка ќе биде само $10. Посетителите ќе можат да си купат македонска скара и разни алкохолни и безалкохолни пијалоци.

 

 

 

Богослужение во храмот посветен на Свети Наум - Охридски во Хамилтон

03.04.2014 година

Ве повикуваме возљубени чеда божји , во Петок 04 Април,од 9:30 am на Света Божествена Архиерејска Литургија , на Претходно Осветените Дарови, на која ке чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско-Канадски Г. Методиј ,во богослужение со Свештенството од Канадското Намесништво, во храмот посветен на Свети Наум - Охридски во Хамилтон.
Истата вечер со почеток од 7:00pm ке биде последниот Акатист со петолебие.
Во Неделата 06 Април од 10:00 am Архиерејска Василиева Литургија на која повторно ке чиноначалствува нашиот духовен татко Митрополитот Г.Методиј.Повелете со вашите семејства на Светата Литургија. Информации на телефон 289-700-63-87 протоереј Ангел Станчев.

 

 

 

МАКЕДОНКА - ПРОЛЕТЕН КОНЦЕРТ, 05 Април

02.04.2014 година

Ансамблот Македонка ќе го приреди својот традиционален пролетен концерт на 05 Април (сабота) во големата сала на црквата Св.Климент Охридски. Покрај настапот на домаќините Македонка и Млади Македонци оваа вечер ќе ја збогатат и гостите:
- Desna Ukrainian Group
- Polish White Eagles
- Academy Serbian Dance Group
Концертот ќе почне во 7:30 навечер, а за повеќе информации јавете се црковниот телефон 416-421-7451.

 

 

 

МАКЕДОНСКА ВЕЧЕР НА КУЛТУРАТА И УМЕТНОСТА

01.04.2014 година

 

 

 

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА- СОБОРЕН ХРАМ СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ИЗВЕСТУВА

19.03.2014 година

РАСПОРЕД НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ СВЕТИ БОГОСЛУЖБИ 2014

Апр. 12, Лазарева сабота, Божествена Литургија во 10:00ам
Апр. 13, ЦВЕТНИЦИ, Влегување на Господ Исус Христос
во Ерусалим св. Литургија ...................................... 10:00 аm
Apr. 16, Големо повечерие и Маслосвет 7:00 рm
Apr. 17, Велики Четврток, св. Литургија 10:00 аm
- Читање на 12 страдални Евангелија 7:00 рm
Apr. 18, Велики Петок, Света богослужба, Царски часови 10:00 аm
- Погребение Христово (пеење на статиите) 7:00 рm
Apr. 19, Велика Сабота, света Литургија 10:00 аm
- Утрена со опход околу црквата 11:30 рm
***На полноќната служба нема да се дава св. Причест***

Apr. 20, Воскресение Христово ВЕЛИГДЕН, св. Литургија 10:00 аm
- Второ Воскресение 1:00 рm
Apr. 21, Втор ден Велигден, св. Литургија 10:00 аm
Apr. 22, Трет ден Велигден, св. Литургија 10:00 аm

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ
НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ

Тропар: Христос воскресна од мртвите, со смртта, смртта
ја победи и на тие во гробовите, живот дарува.

Rev. Ilija Donev (905) 502 0495;
E-mail: fr.donev@stclementofohrid.com