МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА- СОБОРЕН ХРАМ СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ИЗВЕСТУВА

19.03.2014 година

РАСПОРЕД НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ СВЕТИ БОГОСЛУЖБИ 2014

Апр. 12, Лазарева сабота, Божествена Литургија во 10:00ам
Апр. 13, ЦВЕТНИЦИ, Влегување на Господ Исус Христос
во Ерусалим св. Литургија ...................................... 10:00 аm
Apr. 16, Големо повечерие и Маслосвет 7:00 рm
Apr. 17, Велики Четврток, св. Литургија 10:00 аm
- Читање на 12 страдални Евангелија 7:00 рm
Apr. 18, Велики Петок, Света богослужба, Царски часови 10:00 аm
- Погребение Христово (пеење на статиите) 7:00 рm
Apr. 19, Велика Сабота, света Литургија 10:00 аm
- Утрена со опход околу црквата 11:30 рm
***На полноќната служба нема да се дава св. Причест***

Apr. 20, Воскресение Христово ВЕЛИГДЕН, св. Литургија 10:00 аm
- Второ Воскресение 1:00 рm
Apr. 21, Втор ден Велигден, св. Литургија 10:00 аm
Apr. 22, Трет ден Велигден, св. Литургија 10:00 аm

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ
НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ

Тропар: Христос воскресна од мртвите, со смртта, смртта
ја победи и на тие во гробовите, живот дарува.

Rev. Ilija Donev (905) 502 0495;
E-mail: fr.donev@stclementofohrid.com

 

 

 

KОМИТСКА ВЕЧЕР

05.03.2014 година

на 1 Март во 19 часот во македонската православна црква "Св.Илија" во Мисисага се одржа КОМИТСКА ВЕЧЕР во организација на Македонско Канадскиот Културен Центар
За убавото расположение се погрижи групата "Соња и Оливер Бенд".

 

 

 

ВО МИСИСАГА МАКЕДОНСКА ВЕЧЕР НА КУЛТУРАТА И УМЕТНОСТА

05.03.2014 година

Македонската православна црква Свети Илија од Мисисага, Канада, на 29 март 2014 година организира културен настан исполнет со ликовни творби, класична музика и македонски филм.
На овој настан свои излжби ќе имаат Глигор Стефанов и Ирена Десовска Белчовски, во музичкиот дел со свој концерт ќе настапат Александра и Оливер Балабурски, а по концертот ќе биде прикажан филмот Големата вода од Иво Трајков. По проекцијата на филмот ќе има дискусија со Митрполитот Методиј. За сите гости на овој настан ќе се одржи и дегустација на македонски вина.

 

 

 

МАКЕДОНСКА ВЕЧЕР НА КУЛТУРАТА И УМЕТНОСТA / A CELEBRATION OF ART, MUSIC AND FILM

28.02.2014 година

МПЦ СВ. ИЛИЈА,
1775 BRISTOL RD W, MISSISSAUGA
САБОТА, 29 МАРТ, 18:00
Со големо задоволство ве покануваме да бидете дел од овој несекојдневен културен настан исполнет со ликовни творби, класична музика и македонски филм.
Не пропуштајте!!!

Единствено доживување - вечер на уметност, музика и филм!

6:30ПМ - ОТВАРАЊЕ НА ИЗЛОЖБИ
Глигор Стефанов
Ирена Десовска Белчовски

7:00ПМ - КОНЦЕРТ
Ема Николовска
Александра & Оливер Балабурски
Давор Јордановски

8:30ПМ - ФИЛМ
Големата вода од Иво Трајков
Дискусија со Митрополит Методиј

Презентација и дегустација на македонско вино - Dalvina i Makwine


Влез слободен. Донации се добродојдени.
За повеке информации, контакт 905-821-8050

 

 

 

8 МАРТ - ДЕНОТ НА ЖЕНАТА во Торонто

18.02.2014 година

Женската секција при Македонската Православна Црква Св.Климент Охридски од Торонто, по повод 8-ми Март (Денот на Жената) на 9-ти Март организира банкет со богат ручок и музика во големата сала на црквата со почеток во 1 часот попладне - веднаш по црковната служба.

Специјален гостин оваа година кје биде дизајнерот на накит и облека Лидија која кје ја претстави најновата колекција модели Пролет 2014.

Цената на влезниците е само 25 долари, а на банкетот ќе свири популарниот оркестар Бисер.

Сите сте добредојдени.

Со почит од управата на Женската секција, ве поздравува претседателката Рада Видиновска.

 

 

 

МАКЕДОНКА - ПРОЛЕТЕН КОНЦЕРТ

18.02.2014 година

Ансамблот Македонка при МПЦО Св. Климент Охридски од Торонто, Канада, ќе го приреди својот традиционален пролетен концерт на 05 Април (сабота) во големата сала на црквата Св.Климент Охридски во Торонто. На овогодишниот концерт ќе настапат и повеќе други фолклорни групи како специјални гости на вечерта.

Концертот ќе почне во 7:30 навечер, а за повеќе информации јавете се црковниот телефон 416-421-7451.

 

 

 

Свечено прославен храмовиот празник Свети Наум Охридски во Hamilton

24.01.2014 година

Hamilton, Ontario - По повод празникот посветен на Преподобниот Наум Охридски - Чудотворец во истоимениот храм во Хамилтон, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Г.Методиј служеше Света Божествена Архиерејска Литургија во сослужение со протоерејот-ставрофор Јован Босеовски, протоерејот Гоце Деспотовски од братската соседна црква Рождество на Пресвета Богородица - Кембриџ, парохискиот свештеник протоерејот Ангел Станчев и чтецот Горан Ристески од Маркам заедно со верниот народ од Хамилтон. Посебна духовна радост со нивното присуство, ни приредија верниците од братскиот Кембриџ и Ватерлоо кои дојдоа во голем број заедно со својот пастир, отец Гоце Деспотовски, да присуствуваат на светата литургија и да се причестат со Божјите дарови.
На Светата Литургија после призивот - Со страв Божји вера и љубов пристапете - река од дечиња и возрасни кој со послушание постеа духовно и телесно се причестија со Телото и Крвта Христови. Славскиот колач беше прекршен од Нашиот Духовен Татко, Митрополитот Методиј, кој на овогодинешните кумови Крсте и Билјана Сариевски, им посака молитвите да им бидат услишени од Севишниот Бог.

 

 

 

Свечено прославен храмовиот празник Свети Наум Охридски во Hamilton

22.01.2014 година

Hamilton, Ontario - По повод празникот посветен на Преподобниот Наум Охридски - Чудотворец во истоимениот храм во Хамилтон, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Г.Методиј служеше Света Божествена Архиерејска Литургија во сослужение со протоерејот-ставрофор Јован Босеовски, протоерејот Гоце Деспотовски од братската соседна црква Рождество на Пресвета Богородица - Кембриџ, парохискиот свештеник протоерејот Ангел Станчев и чтецот Горан Ристески од Маркам заедно со верниот народ од Хамилтон. Посебна духовна радост со нивното присуство, ни приредија верниците од братскиот Кембриџ и Ватерлоо кои дојдоа во голем број заедно со својот пастир, отец Гоце Деспотовски, да присуствуваат на светата литургија и да се причестат со Божјите дарови.