<< Предходни 1 2 3 4 5 Следни >>

МДЧП го повтори барањето Македонија да ги прекине преговорите за името

26.11.2013 година

Членовите на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП), на македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски му го повторија барањето Македонија веднаш да стави крај на преговорите за името.

Претседателот на ММДЧП Бил Николов и членот на ММДЧП Марк Опашинов во Торонто се сретнаа со министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, македонскиот амбасадор во Канада Љубен Тевдовски и Генералниот конзул на Република Македонија во Канада, Драган Ѓурчевски.

ММДЧП побара од македонската влада да настапат поофанзивно со т.н. спор за името" и да се потенцира бесрамниот расизам во Грција и вистинските намери во иницирањето на бесмислениот "спор за името", што е всушност искоренување на постоењето на Македонија и Македонците. Грција анектираше половина од територијата на Република Македонија по нејзината поделба во 1913 година и го негираше нејзиното постоење сe до 1988 година. Македонија отсекогаш била позната како таква. Македонија мора да потенцира дека Грција е таа која што всушност се обидува да го узурпира името на Македонија.

Понатаму, ММДЧП побара Македонија да престане со дипломатска игра за нашето име и идентитет и да престане да му се додворува на Западот со продолжување на бесмислените преговори за името. ММДЧП истакна дека основната причина што Запад бара од Македонија да го промени своето име е бидејќи таа продолжува со преговорите. Како капак на с, Македонија веќе капитулираше" со согласноста за бесмислената привремената референца БЈРМ", односно Бивша Југословенска Република Македонија" и се согласи да го смени своето знаме за да ја смири државата која се обидува да го искорени постоењето на Македонија. Таквите отстапки само укажуваат на слабост на Македонија и подготвеност да попуштат која што, како што истакна и првиот посредник на ОН за спорот околу името, Робин О'Нил "...само ќе им даде повеќе сила и аргументи на Грција додека не ја оствари својата крајна цел - Македонија да исчезне од мапата."

Во прилог на неколку други клучни точки во кампањата Нашето име е Македонија", со која се бара Македонија да престане да преговара за своето име, ММДЧП ја истакна клучната точка дека било каква промена во билатералниот спор за името на Македонија со Грција ќе го смени името за меѓународна употреба.

Македонското меѓународно движење за човекови права, исто така, побара од македонската влада да биде многу поангажирана во заштитата на човековите права на Македонците во Грција, Бугарија и Албанија, исто како што државите Грција и Албанија го прават тоа за нивните малцинства на Балканот.

И за крај, ММДЧП ги повикува Македонците од Македонија и од целиот свет да се вклучат во кампањата Нашето име е Македонија" (www.mhrmi.org/our_name_is_macedonia) и да побараат Македонија веднаш да стави крај на преговорите за името.

 

 

 

Свети Наум Охридски Хамилтон-Онтарио

29.10.2013 година

На големиот Христијански празник посветен на Светите Праведни Јоаким и Ана (30.09.2013), во Хамилтон, во храмот посветен на Преподобен Наум Охридски - Чудотворец беше отслужена Света Божествена Литургија. На Литургијата децата се причестија со Светите дарови, по што следеше молебен призив на Светиот Дух, со што го означивме почетокот на новата црковно - училишна година 2013/14 година. Веднаш по првиот час следеше детскиот пикник во дворот на храмот. Овој пикник се организира за втор пат и е дел од овогодишните планови во Црковното училиште, каде освен за Православната вера, Македонскиот јазик акцент ставаме и на запазувањето на Македонските обичаи и фолклор. Во Црковното училиште госпоѓата Ѕуна Нацева се грижи за негувањето на Македонскиот јазик, а госпоѓата Елејн Ницополус за веронауката заедно со парохискиот свештеник Ангел Станчев. Пикникот беше приреден по повод уписот на новите ученици.
Оставете ги децата и не пречете им да доаѓаат при Мене, зашто на таквите е Царството небесно (Матеј 19, 13-15).

 

 

 

ПРОМОЦИЈА НА МАКЕДОНСКИ ЛЕКСИКОН ОД 16 ВЕК

29.10.2013 година

Во организација на Канадско Македонското Историско Друштво, на 27 октомври, беше организирана промоција на Македонски лексикон од 16 век, пронајден во тајните архиви на Ватикан. Промотори на ова дело беа проф. д-р Џозеф Шалерт од катедрата за славистика на Универзитетот во Торонто и проф. д-р Коста Пеев од Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје.

 

 

 

<< Предходни 1 2 3 4 5 Следни >>