<< Предходни 1 2 3 4 Следни >>

ИЗВЕСТУВАЊЕ

21.10.2016 година

Од денот на распишувањето на изборите до завршување на јавниот увид, државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат да достават Пријава за гласање, своерачно потпишана или испратена по електронска пошта со која се пријавуваат за гласање на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија до ДИК (член 50-а став 8 во врска со член 15 став 2).

Образецот –пријава за гласање, како и сите други информации во врска со гласањето може да ги најдете на интернет страната на ДИК односно на линкот

http://www.sec.mk/predvremeni-izbori-za-pratenici-2016/

 

 

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

19.10.2016 година

1.Ве известуваме дека Претседателот на Собранието на Република Македонија распиша предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 11 декември 2016 година.
Во Дипломатско Конзуларните претставништва (ДКП) на Република Македонија во странство, гласањето ќе се одржи на 10 декември (сабота) 2016 година, согласно со сметањето на времето во соодветната земја.


2. Сите државјани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство се запишуваат во посебен Избирачки список. . Овие лица се запишуваат според нивното последно живеалиште во Република Македонија пред заминувањето во странство (член 41 став 5 од Изборниот законик-Сл.весник на РМ бр. 54/2011).

3. Државната изборна комисија преку Министерството за надворешни работи ги доставува до ДКП посебните изводи од Избирачкиот список за лицата на привремена работа или престој во странство врз основа на евиденција од надлежен орган, за ставање на јавен увид (член 49 став 2, во врска со член 15 став 2 од Изборниот законик).
Јавниот увид во посебниот избирачки список во ДКП започнува на 28 октомври и ќе трае до 11 ноември 2016 година до 24.00 часот.

4. Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебните изводи од Избирачкиот список (член 50-а став 6 во врска со член 15 став 2 од Изборниот законик), за време на јавниот увид, државјаните на република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство го поднесуваат по електронска пошта до ДИК, од 28 октомври до 11 ноември 2016 година, до 24,00 часот.
Барањето може да се поднесе во периодот од 28 октомври до 11 ноември 2016 година.

5. Од денот на распишувањето на изборите до завршување на јавниот увид, државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат да достават Пријава за гласање, своерачно потпишана или испратена по електронска пошта со која се пријавуваат за гласање на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија (член 50-а став 8 во врска со член 15 став 2).
Пријавата за гласање може да се поднесе во периодот од 18 октомври до 11 ноември 2016 година, до 24,00 часот.

 

 

 

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) заедно со Македонците низ светот денеска ја прославува 24-годишнината од независноста на Република Македонија

10.09.2015 година

На овој ден, како што наведува ОМД во дописот до медиумите, Македонците низ целиот свет им се поклонуваат на оние кои се изборија за формирање слободна и независна македонска држава.
– Во миговите кога го одбележуваме овој исклучително важен настан треба да се потсетиме на нашите храбри предци, од кои многу го имаат дадено својот живот за да го остварат вековниот стремеж за слободна и независна македонска држава. Прославата на независноста на Република Македонија не треба да се сведе само на одбележување на датумот кога сонот и идеалот на плеада патриоти и борци се има конечно остварено, туку овој ден претставува одлична прилика за потсетување и зачувување на основните вредности и принципи кои ги имаат инспирирано нашите предци да се изборат за слободна и независна Република Македонија, наведува ОМД.
Според ОМД, на овој ден треба да бидеме благодарни на нашите предци, но и да се обврземе дека безрезервно ќе го чуваме нивното наследство и никогаш нема да се откажеме од градењето на праведна, стаблилна, демократска и евроатлантска Македонија.
– Овој ден е прославување за продолжување и отелотворување на вредностите врз кои е изградена нашата татковина, и славење на самите идеали за демократија и слобода, што ги имаат инспирирано нашите предци да се изборат за својата независна иднина. На овој ден на независноста, да се потсетиме дека демократијата не е статичен предмет, туку континуиран чин на стремеж, стои во дописот од ОМД.
Иако, Македонија се соочува со сериозни предизвици, ОМД е сигурна дека постои енергија за нивно надминување. ОМД ќе продолжи да ја поддржува Македонија во своите потфати за гарантирање мир, стабилност и безбедност. – Искрено се надеваме дека Македонија конечно ќе добие покана за членство во НАТО на претстојниот самит во Варшава во 2016 година, пишува ОМД.

 

 

 

МАНИФЕСТАЦИИ

03.09.2015 година

 

 

 

Црковен народен собир

03.09.2015 година

 

 

 

ПРЕСПАНСКИ СРЕДБИ

16.04.2015 година

Албанско американско друштво “Преспа”, со седиште во Чикаго, на 19 април 2015 год. ќе ја одржи традиционалната средба “ПРЕСПАНСКИ СРЕДБИ”.
Манифестацијата ќе се одржи во Diplomat West Banquets.681 W. NOTTH Ave Elmherst II, 60126 тел. 630-279-9700.
Советот на организацијата повикува на помасовна посетеност од заедницата за успешна реализација на иселенички средби .

 

 

 

МАКЕДОНЦИТЕ ОД TAMPA BAY РЕГИОНОТ НА ФЛОРИДА

14.04.2015 година

Македонците од Тampa Bay регионот на Флорида во Август 1999 година го одржале првиот состанок на кој решително ја искажале својата желба и потреба за свој Македонски Православен Божји Храм. Светиот Архиерејски Синод на МПЦ ја прифатил и ја благословил нивната одлука за формирање на Македонска Православна Црква под патронот на „Св. Јован Крстител“.
Горди на себе, горди на својата македонска нација и поттикнати од делата на своите татковци, дедовци и прадедовци, кои граделе Божји Македонски храмови како во Македонија така и низ светот, во Април 2006 година, македонците од регионот Tampa Bay, Florida го купиле скромниот објект на МПЦ Св. Јован Крстител во New Port Richey, Florida и истиот го прилагодиле да функционира според правилата и традицијата на Македонска Православна Црква.

 

 

 

ДВЕ ШТИПЈАНКИ ЈА ПРОМОВИРААТ МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТОТ

17.09.2014 година

Штипјанките Тања Алексова и Љупка Арсова, според изборот на Обединета Македонска Дијаспора, се меѓу 40-те наголеми промотори на Македонија во светот. Двете со својот ангажман, едната во Германија, другата во САД, на најрепрезентативен начин ја промовираат својата татковина.

 

 

 

<< Предходни 1 2 3 4 Следни >>