Прослава на Велигден во Њу Џерси

23.04.2014 година

На вчерашната вечерна богослужба во големата црква Свети Кирил и Методиј во градот Сидар Гроув, во предградијата на Њјорк, се собраа неколку стотици верници.
- Одбележувањето на Велигден го почнуваме на Величетврток и Велипеток, со утрински и вечерни богослужби во 10 наутро и 7 часот навечер, додека богослужбата во сабота почнува во 11 часот. Доаѓаат по неколку стотици луѓе. Во саботата вечерта имаме на]малку по 500-600 луѓе. Тоа е централната свеченост во Њу Џерси, изјави Никола Ристевски, заменик претседател на одборот на црквата Свети Кирил и Методи] во Сидар Гроув.

Во кругот на црквата е и свечената сала во која, в недела, се организира собир на кој се очекуваат над 1.000 посетители, Македонци од околината. Во овој дел на Њу Џерси, активна е и црквата Свети Никола, во градот Тотова.
Ристевски вели дека во црквата имаат околу 400 активни семејства, додека 800-ина се на листата на адреси на кои го испраќаат црковниот информатор. Во црквата Свети Кирил и Методиј функционира и неделното училиште на македонски јазик, кое го посетуваат 30-ина деца, како и играорна група.

 

 

 

Раѓање на Пресвета Богородица

19.03.2014 година

Sterling Heights, Michigan. 16 MART 2014
Во Македонската православна црква "Раѓање на Пресвета Богородица", парохиските свештеници, протоереј Синиша Ристовски и презвитер Антоние Попоски отслужија Божествена, Василиева, литургија, каде заедно со верниот народ си спомнаа за втората победа на Православието, но овој пат од внатрешните непријатели - еретиците.
За време на Светата Божествена Литургија, мноштво народ се причести со Телото и Крвта на нашиот Спасител Господ Исус Христос.

 

 

 

8 МАРТ - ДЕНОТ НА ЖЕНАТА

05.03.2014 година

По повод празникот на жената 8 март, женската секција во сабота на 8 март со почеток во 17:30 организира прослава во 154 Норт Хамилтон Род, Гаана,Охајо. Повеќе информации ќе добитете на следниве контакт телефони: Мари-614 861 2908, Зоре-614 774 8718, Каролина-614 218 2313 и Роза 614-575 0524.

 

 

 

МАКЕДОНСКИ ПИКНИК ВО ФЛОРИДА

05.03.2014 година

На 2-ри март оваа година Македонската православна црква Св. Димитрија од Јужна Флорида организираше годишен пикник на кој присуствуваа околу 250 посетители. Пикникот беше дел од активностите на членовите на црквата Св. Димитрија и други добронамерници и пријатели на Македонците и Македонија.

На присутните на пикникот им се обратија претседателот на црковната управа Васил Џајковски, почесниот конзул на РМ во Јужна Флоридам САД Дина Клаин, координаторот на пикникот бизнисменот Стеве Плиакес, донаторот на оваа црква бизнисменот Георге Атанасовски, Лена Гогова и Славе Катин. Тие во своите поздравни говори ја истакнаа улогата на МПЦ Св. Димитрија што ја има мегу Македонците во Флорида, потребите за доизградба на храмот и за иднината на овој значаен духовен,национален и семакедонски центар во Јужна Флорида. На пикникот настапија македонски играорки, а гостите ги забавуваше естрадниот уметник Перо Христов

 

 

 

20 ГОДИНИ ЈУБИЛЕЈ

24.02.2014 година

 

 

 

Мпц Св Никола Totowa, NJ САД

20.02.2014 година

ТРИБИНА:
Почитувани,
Во Сабота, на 02/22/2014 во 7pm, Пратеникот во Собранието на Република Македонија избран од диаспората во САД и Канада, Павле Саздов, како и пратеникот во Собранието на Република Македонија, Влатко Ѓорчев ке одржат трибина за сите Македонци кои живеат во New Jersey. Трибината ќе се одржи во Св. Никола, Totowa,, NJ.

Во Недела, 02/23/2014 веднаш по завршувањето на Богослужбата, пратеникот во Собранието на Република Македонија, Влатко Ѓорчев и Генералниот Конзул на Република Македонија во New York, Гоце Карајанов ке одржат трибина во Св. Никола, Totowa, NJ на која ке се дискутира за сите актуелни прашања кои ја засегаат Македонската Диаспора.

Ве замолувам да ги споделете информациите со вашите пријатели за да се собереме во поголем број.

Црковна Управа
СВ.Никола Totowa NJ

 

 

 

Македонка меѓу најубавите десет модели во Њујорк

29.11.2013 година

Македонката Мартина Шурбеска, која живее во Њу Џерси, е меѓу најдобрите топ-10 модели и таленти за 2013 година во Америка. Со оваа титула таа се здобила по учеството на престижниот натпревар организиран од Интернационалната асоцијација за модели и таленти (ИМТА) во Њујорк, САД. Шеснаесетгодишната иселеничка го освоила и второто место во категоријата . Mоментно е и на топ-страницата на ИМТА во Париз и во Финска, од каде што добила понуди за работа. Мартина веќе ја започнала соработката со модната агенција од Њујорк.

ИМТА е една од најпрестижните и најдобри асоцијации за модели и таленти и лидер за откривање нови ѕвезди и супермодели во светот. Натпреварот го следат стотици светски модни агенти, кастинг-директори, менаџери и музички продуценти, кои се појавуваат и како судии, додека сe во потрага по нови модели, актери, пејачи и танчари за модната и забавна индустрија.

Мартина Шурбеска е родена во Битола, а на тригодишна возраст се преселила во Њу Џерси. Нејзина најголема желба уште од малечка била да стане модел. Една година се подготвувала за натпреварот на ИМТА, кој траел една недела и се одржал во хотелот Хилтон во Њујорк. (Ж.Ц)

 

 

 

Македонија 2025: Одлични оценки за Глобалниот инвестициски самит за Македонија

29.11.2013 година

Истражувањето кое организаторот Македонија 2025 го спроведе по завршувањето на Глобалниот инвестициски самит за Македонија, што се одржа во октомври оваа година во Охрид, покажа дека повеќе од 90% од учесниците се задоволни од настанот, панелите, говорниците, како и од можностите за бизнис поврзување.

Учесниците се заинтересирани за континуирана деловна соработка со македонската дијаспора. Тие очекуваат учество на повеќе странски инвеститори на идните настани, како и повеќе учесници од дијаспората и претставници на средните претпријатија.

Самитот беше одличен настан за развивање на платформа за зголемување на видливоста на Македонија како дестинација за странски директни вложувања, и за зајакнување на извозните потенцијали на земјата.

Самитот ги истакна главните предности кои Македонија им ги нуди на странските инвеститори, како и предизвиците кои треба да се надминат. Македонија се смета за бизнис дестинација со ниски трошоци, но која нуди развиена инфраструктура, обучена работна сила и стратешка гео-локација.
Земјата може да ја унапреди својата конкурентност преку зајакнување на владеењето на правото, подобрување на јавната администрација, како и овозможување на континуиран трансфер на знаења и технологии.

Македонија и Европа се уште се справуваат со економската криза, која имаше негативно влијание на кредитниот раст, извозот и домашната побарувачка.
Сепак, Македонија може да очекува стапка на пораст од 2% во 2013, особено како резултат на зголемувањето на странските директни инвестиции. Учесниците на самитот заклучија дека доколку има раст во Западна Европа, раст ќе бележи и регионот, а исто така и Централна и Источна Европа. Сепак, македонските компании треба да бидат подготвени со квалитетни производи и услуги со цел да ја искористат приликата и да се наметнат како силни регионални и глобални играчи".

Информацискиот и телекомуникацискиот сектор, како и индустријата за преработка на храна, беа идентификувани како најнадежни области кои можат да ја зголемат конкурентноста на економијата на земјата. Севкупното позитивно искуство на постојните странски инвеститори во земјата ја засили пораката дека Македонија има континуирано подобрување на бизнис климата.

Македонија 2025, во тој контекст, може да биде извонредно дополнување и да обезбеди експертиза, знаење и менторство на македонските претприемачи и бизнис лидери, и да понуди пристап до странските пазари за иновативни македонски производи и услуги. Покрај овие придобивки, СЕАФ и Македонија 2025 објавија лансирање на СЕАФ Македонија И, капитален фонд за инвестиции кој ги таргетира развојно ориентираните претпријатија во Македонија.

Позитивните резултати од истражувањето за самитот се силно охрабрување за креирање на солидна мрежа на соработка за македонските и странските компании низ текот на целата година и за поставување на Инвестицискиот самит како традиционален годишен бизнис настан.